татјана лаѕаревска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 12 Apr 2020 20:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png татјана лаѕаревска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана Лазаревска се огласи од Австралија и откри како ги минуваат деновите за време на корона (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-se-oglasi-od-avstralija-i-otkri-gi-minuvaat-denovite-za-vreme-na-korona-video/ Mon, 13 Apr 2020 07:23:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144541

Македонската фолкерка Татјана Лазаревска повеќе од пет години живее во Австралија заедно со семејството, сопругот Новица и синовите Стефан и Петар. Тие неодамна купија куќа таму, а како што вели пејачката деновите во време на коронавирусот ги минуваат порелаксирано. Татјана од својот дом се вклучи во утринската програма „Ја сакам Македонија“ и истакна дека периодов го поминува во домашна атмосфера со добра музика, филмови, играње на карти... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzirnete-vo-noviot-dom-na-tatjana-lazarevska-i-novica-vo-avstralija-foto/ „Дома сме супер, фала му на Господ. Дечките моментално се на школски распуст, овде во Австралија моментално е оној велигденски распуст. Поради вонредната ситуација училиштата се затворени, па од наредната недела ќе започнат со онлајн настава. Дечките се забавуваат, имаме кош во двор, па кошарката е на прво место. Јас и Новица сме активни, работиме. Јас работам како учителка во градинка, а овде градинките се уште работат. Тоа ни дава сила, енергија, волја да мислиме на убави работи. Новица работи во јавниот транспорт, па така и тој не може да застане“ вели фолкерката и додава: „Генерално, овде во Мелбурн не е толку бурно како во Македонија. Постојано комуницирам со мојата мајка, со нашите блиски и навистина многу сме загрижени. Овде не е така, овде е порелаксирано“. Таа објасни дека градинката каде работи се наоѓа во близина на болница каде што болничарите и докторите ги носат своите деца на чување во градинка, па објаснува дека ситуацијата не е толку страшна и загрижувачка. Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу: ]]>