татјана алексиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png татјана алексиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nova-lubovna-prikazna-ke-vi-gi-nasolzi-ochite-i-raznezhni-dushata-so-svojata-molitva-video/ Fri, 03 Nov 2023 10:03:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325260

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна... И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае себеси или некој свој близок, можеби познат  во неа, кој не ја доживеал истата или барем слична судбина. Најголемата љубов од разни причини да не му биде остварена, но никогаш да не ја  загуби вербата во неа. Зашто вистинската љубов, порано или подоцна, го наоѓа патот до срцето. Впрочем Дарио открива дека песната ја напишал според вистинска љубовна приказна. „И самиот текст  е приказна за една искрена, безусловна и безвременска љубов, што, патем речено, е неверојатна вистинска приказна од овие простори, каде што човек минува половина живот чекајќи ја својата дамнешна љубов во ера без мобилни телефони, компјутери, камери и интернет и ја дочекува. Со еден збор, фасцинантно“, изјави кантавторот. Дарио како и досега е самиот е автор на музиката и стиховите, а аранжманот е на неговиот речиси постојан соработник, Кристијан Габровски во чие студио и песната е снимена. „Според првичните реакции на публиката, тоа се покажа како оправдана и вистинска одлука. Идејата беше да го донесам повторно овој звук во македонската музика, кој, патем речено, не сум го слушнал на нашата сцена во изминатиов период, но уште повеќе поради тоа што латино музиката е музика на љубовта, романтиката и сензуалноста. Токму ова ни е потребно сега повеќе од кога било, во ова ‘студено‘ време на материјализам, бескрупулозност и вештачка интелегенција“, ќе изјави поп пејачот за еден од македонските медиуми. Комплетен автор на видеото е познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој  успеал во своите кадри верно да ја долови оваа животна приказна во само три и пол минути. Сликата апсолутно кореспондира со стиховите правејќи своевиден микс од аудиовизуелна љубовна сторија, која никого не остава рамнодушен. Напротив, во неа лежи таква бура од емоции, што ќе ве наежи! Главните ликови во видеото ги играат професорката Тања Алексиќ и Марјан Бранко, а ликовите од детството се Матеа Јовановска и Никола Кузманоски. Спотот е во продукција на  „Генерал филм студио“, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во видеото за „Молитва“. ]]>

Македонска турбо-фолк класика во џез варијанта: Игор Џамбазов сними спот за „култ(ивира)ната“ „Жаклина“, а познатата скопска професорка е во главна улога (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-turbo-folk-klasika-vo-dzez-varijanta-igor-dzambazov-snimi-spot-za-kultiviranata-zaklina-a-poznatata-skopska-profesorka-e-vo-glavna-uloga-video/ Tue, 27 Sep 2022 08:29:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251934

Игор Џамбазов на социјалните мрежи уште кон крајот на мај 2022 сподели видео од снимањето на обработката на еден стар македонски, некогаш новокомпониран фолк хит. Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеана од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“. Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави… Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани.
Во почетокот на месец ноември ланската, 2021-ва година, Игор Џамбазов  влезе во студиото „Алшар“ одново да ја снима споменатата „Жаклина“,  македонска турбо-фолк класика. Тогаш на рокерите, блузерите, џезерите… на сите што го знаат и познаваат Џамбаз  им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер – турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо!  Така,  македонска турбофолк класика доби и своја џез варијанта. Досега само музичка, а отсега и визуелна! „Конечно!!! Го завршивме спотот за 'Жаклина'. Некогашниот огромен фолк-хит, доби и своја џез верзија во аранжман на Симеон Ангеловски. Спотот е во режија на , во продукција на Гоце Трајковски. Улогата на Жаклина ја толкува професорката Татјана Алексиќ. Камера - Тони Величковски, светло - Меанџи - Сашко Стојановски. Благодарност до Кинотека на Македонија (каде што е сниман спотот)“ - напиша тогаш Џамбазов на својот Инстаграм обзнанувајќи дека наскоро ќе следува и промоцијата на новата „Жаклина“. Освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик...! „Жаклина ривајвал“…! Во меѓувреме, едно видео на веќе готовата џез верзија на „Жаклина“  на која во неговата џез ривајвл варијанта Џамбазов и додаде и цела една, нова строфа со свои стихови, веќе беше емитувано во рамките на новогодишната програма на МТВ. На сето ова, по пременото емитување на спотот се надоврза и споменатиот главен  лик во видеото, познатата македонска професорка, ТВ автор и водител, Татјана Алексиќ со свој коментар на Фејсбук: „Ах мори Жаклино чупе битолско, ја помниш ли игранката во Домот на културата... Премиерно спотот, џез преработка на песната 'Жаклина'! Благодарам на довербата, учителката е цепки, ама со Џамбазов сѐ изгледа светски“ - сподели професорката најавувајќи го видеото“. Проследете како звучи и изгледа официјалната верзија на култ(ивира)ната верзија на „Жаклина“ (КЛИКНИ ТУКА): Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>