таско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Nov 2023 10:52:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png таско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Таско и Малена ви го подаруваат видеото за нивниот макфестовски – „Сафир“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-malena-vi-go-podaruvaat-videoto-za-nivniot-makfestovski-safir-video/ Wed, 01 Nov 2023 10:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324879

“Сто пати рани, рани, рани ме, но не ми брани јас да љубам не, тонеш во лаги барем еднаш признај се, солза на образ како плав сафир е”... Се заразните љубовни стихови од рефренот на новиот макфестовски хит на Таско и Малена, напишани токму од Таско кој во многу песни па и во оваа се појавува во улога на текстописец. Автор е и на музиката заедно со популарниот Пајак, додека пак аранжманот, миксот имастерингот се на хитмејкерот и продуцент Иван Јованов- Ивајо, а во заедничка интерпретација со младата пејачка Малена. Навикнати сме Таско да го слушаме во дуети и соработки со доста познати музички имиња како Раста и слично, но овој пат Таско даде поддршка на една млада, харизматична и доста талентирана девојка. Магдалена Јаковска- Малена е осумнаесетгодишна пејачка која пред само неколку месеци учествуваше во македонското музичко тален шоу “Пат до ѕвездите”, каде успева да се пласира во големото финале. Веднаш после тој настап кој се емитуваше во живо на една од нашите телевизии, добива повик за соработка од Урбан Рекордс и така станува новиот ексклузивец на продукцијата. Таско беше дел од музичкото жири во тоа шоу, така што веќе беше добро запознаен со нејзиниот голем талент. Таско оваа година се оствари како родител и стана татко на Лукијан. По кратката пауза се враќа на голема врата на музичката сцена со летниот хит “ Намерно “ во соработка со Пајак, а сега и со макфестовскиот хит “Сафир”. Спотот за “Сафир” е во режија и продукција на Никола Наумовски и Гордан Божиновски од Урбан Рекордс , а се снимаше на Галичник и во Prolight студио. Го имаме хитот од Макфест 2022 “ Bella” - Пајак & Лара , кој зеде награда за најслушана композиција помеѓу два фестивала, а се чини дека ќе го имаме и хитот од Макфест 2023  - “Сафир” кој сериозно претендира да биде најслушана песна меѓу два фестивала ( и двете под палката на продуктивната Урбан Рекордс,). Хит кој веќе високо котира на врвот на трендинг листата на Јутуб, но за тоа сепак ќе покаже годината пред нас. Во продолжение уживајте во видеозаписот на “Сафир”. ]]>

Таско стана татко: Неговата сопруга Таша Реј на свет донесе синче кое доби многу необично име (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-stana-tatko-negovata-sopruga-tasha-rej-na-svet-donese-sinche-koe-dobi-mnogu-neobichno-ime-foto/ Thu, 22 Jun 2023 09:29:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307252

Познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски – Таско стана татко. Неговата сопруга Наташа Неделковска, која јавноста ја познава како најтетовираната Македонка под уметничкото име Таша Реј роди син, на кого среќните родители му дадоа необично име за македонски прилики. „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша (т)раперот на 22.06 и на Инстаграм Стори го откри името на бебето кое ќе се вика Лукијан. Инаку, името Лукијан потекнува од латинскиот збор Lux, а означува светлина, осносно, „оној што свети, осветлува“.   Таско и Наташа се во брак од 2022 година, а во мај годинава се венчаа во црква и направија свадба со многу гости,  меѓу кои имаше и познати фаци од естрадата и јавниот живот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Тие претходно имаа и забава за откривање на полот на бебето, кога за прв пат јавно споделија дека чекаат син. Нека им е со среќа приновата! Фото: Инстаграм принтскрин/tasko.ur]]>

Популарниот рапер и најтетовираната Македонка правеа свадба: Таско и „до заби трудната“ Таша Реј на црковна венчавка, па на семејна веселба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/popularniot-raper-i-najtetoviranata-makedonka-pravea-svadba-tasko-i-do-zabi-trudnata-tasha-rej-na-tsrkovna-venchavka-pa-na-semejna-veselba-foto/ Mon, 15 May 2023 11:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301971

Откако раперот Таско минатата 2022 година се ожени со Наташа Неделковска, позната како најтетовираната Македонка која јавноста ја знае под нејзиното уметничко име Таша Реј, викендов ( недела - 14.05.2023) , направија и црковна венчавка и свадбена веселба. Најпревин тие се венчаа во еден македонски православен храм пред најблиските, семејството и нивните сведоци во вообичаената црковна церемонија на која со круните на главите момчето и невестата  се заколнаа на вечна љубов пред Бога. Оттаму свадбената веселба продолжи во еден познат скопски угостителски локалитет специјализиран за свдби. А таму вистинска традиционално- модерна забава за поканетите гости на која можеше да се слушнат и звуците на зурлите и тапанот и македонски рап. Меѓу присутните гости и многу познати  естрадни и јавни личности... Од газдарицата на најпознатиот македонски секс шоп, преку познати македонски фолк ѕвезди, па се до мегапопуларните колеги рапери: Пајак, Панчо-ДНК или подкаст и ТВ водители како Бомбакис, Лазаров, Сергеј Варошлија... Влегувањето на младите во салата и првиот свадбен танц на младоженецот и невестата исто така необични и специфични. Наместо танго на балада или вообичаениот валцер, рап тема на која може свадбено да се танцува како  тазе зет и „до заби трудна невеста“. За фолк забавата задолжен можеби најдобриот меѓу најдобрите, фолк ѕвездата Миле Кузмановски... Не изостанале ниту тапанот и зурлите, а младоженецот највесел качен на тапанот, зашто... „Свадаба е голема“, нели?! За штимунгот на младите пак, задолжени трап колегите, а меѓу нив во моментов најпопуларниот на Јутјуб со 16 милиони прегледи... Пајак и Таско со нивен перформанс, ги фрлаат помладите гости во транс. Панчо-ДНК е исто така тука како своевидна атракција за да ја доведе свдбената журка до кулминација. Секако тука беше и невестинската торта без која свадба не бидува, а први ја вкусија како што е редот, младоженецот и невестата, која каде и да е наскоро треба да се породи. Инаку, тригодишна врска Таско и Таша ја криеја од пошироката јавност како змија нозете, се чини се' додека  тазе брачната двојка јавно не обзнани дека го чаекаат штркот да им го донесе нивното прво малечко. Конечно ниту бремената невеста не можеше повеќе да го крие трудничкото стомаче. На почетокот на годинава (2023) идната мајка која тогаш беше кон средината на бременоста беше највозбудена, но истото чувство не го заобиколи ниту идниот татко кој сакаше сите да знаат дека ќе добие наследник. Тие го дупнаа балонот во кој се криеа сини конфети, се прегрнаа стопени од убавина дека веќе е јасно дека наскоро на свет им доаѓа машко чедо - нивното синче кое само што не пристигнало. Нека се среќни, вечни и многудетни! Фото: Инстаграм принтскрин/tasko.ur/tasha_ray_]]>

Таско долго ја криеше врската, не објави слики од венчавката, ама јавно призна: „Летово се оженив“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-dolgo-ja-krieshe-vrskata-ne-objavi-sliki-od-venchavkata-ama-javno-prizna-letovo-se-ozeniv-video/ Wed, 28 Dec 2022 13:28:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282064

Музичарот Христијан Тасковски – Таско се ожени летово по три и пол години врска. За бракот знаеја само најблиските, оти тој до сега јавно не кажа дека е женет, ниту, пак, објави слики од венчавката.
„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас”, раскажа Таско за „Репортер” и првпат прозборе за бракот.
Со музика се бави одамна. Иако снима хип-хоп, трап, регетон, вели дека еден ден сака да ја преработи  „Слушни ме мајко стара” од Анета и Молика. Зборувавме и за соработката со српскиот пејач Раста која трае скоро четири години.
„Со Раста сме супер приватно, до толку што секој ден си праќаме пораки на вибер. Тој е многу нормален човек, сум бил кај него дома, ги запознав мајка му, татко му, ќерката. Познанството со него ми отвори многу врати за кои претходно не сум бил свесен дека може да се отворат”, ни кажа Таско.
Со многу страст зборува за музиката, но и за детството во Лисиче. Со другарите од маало се гледа и денес, а еден од нив му е и кум на свадбата. Но вели дека никој не му е поблизок од неговиот помал брат. „Се гордее со мене”, искрен е Таско. Често оди во теретана, а после вежбање објавува фотки на Инстаграм за да ги покаже мускулите. Тогаш добива најмногу пораки од девојки на социјалните мрежи, па вели: „Не одговарам на таквите пораки. Знам зошто ми пишала, ама не сум тој тип”. Со Таско муабетите немаат крај. Ни раскажа за последниот настап во Белград и како реагира на него српската публика, дали игра оро на свадба, сака ли пакетчиња за Нова година. Зборувавме зошто го избркале од карате клубот, ни откри дека пишувал поезија и одел на глума во школо… Во продолжение, погледнете го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

ДНК и Таско со ерупција на еротска поетика во нивната – „Лава“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-i-tasko-so-erupcija-na-erotska-poetika-vo-nivnata-lava-video/ Wed, 16 Mar 2022 09:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243242

„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско. Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата. Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се погрижија Страхиња и Лео, malosamo & L. Firstner, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови. Видеото е снимано во Studio DVD PLUS/Дизајн на сценска техника. Во кадрите освен момците се појавува и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што оди на Нетфликс, чие тело благодарение на вештите раце на Bijan Kovski е претворено во вистинско ремек-дело. Во дел од видеото, кое ако се суди според фотографиите навистина ќе биде празник за очите, особено за машката публика, ја има и поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ, која после подолго време во „жежок“ стил се враќа на малите екрани, како и Зорица Антиќ, Lоw Z една од најдобрите тверкерки на Балканот и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ. Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме наЛаваи веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика“ - велат Панчо и Андреј. Тие велат така, а еве што се пее во рефренот: „Дали ќе имам среќа бејбе... Да завршиме кај мене во кревет... Да ме гориш као лава бејбе (еј) Во јака поза 69... Дали ќе имам среќа вечер... Да завршиме во кревет кај мене...“ ]]>

Таско и Лина само во една песна добија – „Сто позива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-lina-samo-vo-edna-pesna-dobija-sto-poziva-video/ Sat, 24 Jul 2021 07:58:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212437

Младите македонски артисти Таско и талентираната и харизматична Лина Пејовска претходното лето буквално го запалија балканот со хитот “Неваљала”, која беше една од  најслушаните песни со фантастични 13 милиони + прегледи на Јутуб - тврдат од нивната продуцентска куќа „Урбан рекордс“. По точно една година Таско и Лина одново во дует со истиот проверен тим на луѓе ја промовираат  новата заедничка песна, „Сто позива” (Сто повици). Песната е во поп стил со стихови на српски јазик, за која музиката и текстот ги напиша Таско, аранжманот е на Aleх on the Beat од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо. Спотот го изработи нашиот познат режисер Гордан Божиновски во соработка со Били Д, а интересно е да се напомене дека тимот на „Урбан рекордс“ се првите Македонци што снимале во студијата на “IDJ” во Белград. Во спотот се менуваат повеќе интересни стајлинзи за кој се погрижија самиот Таско, за стајлингот на Лина модниот дизајнер Занов, Ива Спасовска-Атеље и Христина Пејовска. Сето тоа во организација на Борис Тасковски и Христина Пејовска. На спотот се работеше доста професионално и ова докажува за веќе големата блискоста на нашата и српската забавно-музичка сцена, каде се снима и соработува заедно и за брзо време публиката може да очекува многу нови заеднички проекти. Таско ексклузивно веќе ја промовираше новата песна при својот настап во еден ноќен клуб во Скопје, а каква беше атмосферата таму , погледнете од исечокот во клипот што самиот го споделил на својот Инстаграм профил:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Во продолжение проследете како изгледаат и звучат „стоте повици“ на Таско и Лина: ]]>

Таско и Лина Пејовска во македонски дует со српски рефрен – „Неваљала“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-lina-pejovska-vo-makedonski-duet-so-srpski-refren-nevaljala-video/ Mon, 20 Jul 2020 11:56:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159537

Нашиот супер- трапер Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна. Но сега за прв пат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јавноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички„ убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска. За оваа соработка Лина ни изјави: „Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што  настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека... „ќе грми“! Песната е со српски наслов и се вика „Неваљала„ за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат- “Beat maker“ од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо. Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со „Artistic Production„. Се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во населбата Аеродром во Скопје. Инаку Урбан Рекордс е првата продукција од Македонија што потпиша партнерски договор со лидерите во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција “IDJ Digital” од Србија. Тоа значи дека ексклузивно и за прв пат наши изведувачи се промовираат на нивниот музички видео канал “IDJ VIDEOS”. https://www.youtube.com/watch?v=iiH0s1vctYE]]>

Она прави Таско да е – „Локо“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/ona-pravi-tasko-da-e-loko-audio/ Tue, 05 May 2020 12:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148049

По соработките со Тракер и Слаткар, по „Амнезија, ГТ“ и „Дукати“, по сортаботката со босанските и српски артисти Инас и Фокс, македонскиот (т)раперТаско има нова тема. Приказната стилски иста, само со ново продолжение, стиховите исто така. Урбана лирика, инспирирана малку од туѓото, понешто од свое искуство и најмногу, што би било кога би било... Како и да е, новата песна звучи како да е стара, само на нов глас. Ништо што веќе не е слушнато, ама сепак... секоја чест на трудот и ентузијазмот во ова „жабокречина“ некој да пушти глас. А, Таско е еден ретките. Песната носи наслов „Локо“ и е комплетно авторско дело потпишано од самиот изведвач, кога се во прашање музиката и текстот. За аранжманот, миксот и мастерингот стандардно стои Иван Јованов - Ивајо. Видео овој пат недостасува,  тешко е да се снима „на трчање“ во време на пандемија, рестрикции на движење и полициски час. За возврат само графичкиот дизајн на Борис Тасковски, кој го покрива аудиозаписот за „Локо“. Ако не го слушнавте за време на првомајскиот викенд кога песната беше промотивно пуштена на Јутјуб, слушнете како звучи во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=VWT72HNdR9c&feature=share&fbclid=IwAR0E9QCFnNmaYohi_RRw11i43cHRRTBqMOL3M6PzrBbgvs4l7qxQJWP263w]]>

Таско и Фокс во урбан шмек меѓу голи стриптизети во – „Ди Каприо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-foks-vo-urban-shmek-megju-goli-striptizeti-vo-di-kaprio-video/ Thu, 09 Apr 2020 12:34:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144209

Македонскиот трапер Таско, по својата прва соработка со босанскиот артист Инас со кого ја промовираа “Балкан Банда“ има уште една, нова соработка со артист надвор од нашите граници. Во прашање е Бранко Кљаиќ, попознат по уметничкото име Фокс, инаку роден во Сремска Митровица 1986 година, кој е српски хип-хоп музичар и е еден од главните претставници на трапот како музички правец во Србија. Својата прва песна ја снимил уште во во 2004 година, а Фокс денес живее во Белград каде покрај музиката има и сопствена линија за облека TGTB, која стана бренд низ целиот регион. Покрај тоа, тој е креатор на специјални типови забави, наречени Pump Up Show. Токму со него, Таско во дует деновиве ја промовираше нивната заедничка трап тема „Ди Каприо“ ( Di Caprio),  која многу не отстапува од зацртаниот правец и не е поразлична од стилот кој обајцата трапери го негуваат и туркаат. Музиката и стиховите во темата им се заеднички, додека битот и аранжманот одново ги потпишува Иван Јованов - Ивајо. Автор на видеото полно со урбан шмек и разголени стриптизети е повторно Гордан Божиновски под етикетата на „God Eye Production“. Како звучи и изгледа „Ди Каприо“ приказната на ова македонско-српско трап дуо, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=svICR2Y6o8g      ]]>

Микрофонот го замени со ножици: Ако Жаре од бербер стана пејач, Таско од рапер стана бербер? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mikrofonot-go-zameni-so-nozici-ako-zare-od-berber-stana-pejach-tasko-od-raper-stana-berber-video/ Thu, 19 Mar 2020 09:14:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140278

Низ јавните кругови се шушка дека после сиот овој успех, Таско ќе ја остави музиката и ќе менува професија. Од рапер, станува бербер! Екипата на Бекстејџ реши да провери на лице место. И додека сите мислат дека периодов Таско е затворен во студио и подготвува нови песни, него еве ти го во еден фризерски салон, но не како муштерија, туку како мајстор.... за фризури! „Комши, сакаш на кец или уште пократко?“ Мајстор Таско знае што е тоа модерна фризура, па не треба многу, многу да му се објаснува, или...?  Дали и како, раперот се снаоѓа во улогата на бербер, ќе го биде детето па ќе добие бакшиш од задоволните муштерии или откако ќе се видат во огледало што им направил, тие него ќе го бркаат со машинка в рака за да му направат „Х“ среде глава или да го потсрижат на „нула“? Едно е сигурно: И официјално, Таско се обиде да ја смени својата професија. Дали раперот дефинитивно стана бербер или музиката му оди многу подобро, ќе видите во видеото подолу. Патем, ако  имате нешто да го прашате или ако ви се допаѓа како потстрижува, а немате бербер... Таско вечерва е тука за сите вас. И тоа во  #Бекстејџседидома во 20.00 часот во живо на онлајн муабет со уредничката Ева Јакимовска, но и подготвен да одговара на вашите прашања! Затоа, седете дома и погледнете „како шиша“ Таско... За да имате вечер што да му кажете: ]]>