тапани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2023 11:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тапани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еден детаљ им го привлече вниманието: светските медиуми пишуваат за Милица Павловиќ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/eden-detal-im-go-privleche-vnimanieto-svetskite-mediumi-pishuvaat-za-militsa-pavlovik-foto/ Thu, 28 Dec 2023 11:49:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332821

Една од најпопуларните пејачки Милица Павловиќ минатиот викенд го одржа својот прв солистички концерт во Штарк Арена. Со овој концерт пред околу 20.000 луѓе, Милица ја започна својата регионална турнеја, која публиката ја прогласи за вистински спектакл. Дека добар глас се слуша далеку, потврди и примерот на Милица, па интерес за нејзиниот концерт во Белград дојде и од светските медиуми. Конкретно, познатиот канадски медиум „BNN Correspondents“, кој ја претстави српската пејачка како ѕвезда од сериозен ранг, во текстот истакна дека Милица одржала концерт кој траел три и пол часа, дека заедно со танчерите изведувала тешки кореографии. , но и дека цело време пеела во живо. Забележителен беше и делот од настапот кога Милица ја заврши песната „Дајем годину“ и ги зеде палките во раце, што предизвика особен ентузијазам и еуфорија кај публиката во „Штарк Арена“. Павловиќ во текот на кампањата во неколку наврати потенцираше дека на публиката ќе и претстави уште еден свој талент, а сега е јасно дека се работи за свирење на тапани. „По првиот час, мислев дека ќе се откажам од идејата да свирам на тапани. Лекцијата траеше четири часа, и се болеше после тоа, рацете, целото тело... ми ѕвонеа ушите. Мислев дека не можам да го направам тоа. Сепак, неколку дена подоцна станав занаетчија и решив да ја совладам оваа вештина. Не беше лесно, еднаш неделно одев на часови и мислам дека го совладав она што ми требаше за концертот. Имав голема нервоза во „Арената“ кога седнав на тапаните, се плашев да не згрешам нешто... но добро помина“, изјавила Милица. Иако поминаа неколку дена од концертот, публиката сè уште ги сумира своите впечатоци, а вревата околу спектаклот не стивнува, бидејќи Милица им понудила навистина неверојатна програма. Фото: Printskrin/Instagram/]]>

Кога Марија Луиса Тодоровска ќе проба да ти зачука: Можеби ритамот од прва не го фаќа, ама затоа штом ги фати палките, не ги испушта од рака! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-marija-luisa-todorovska-ke-proba-da-ti-zachuka-mozhebi-ritamot-od-prva-ne-go-faka-ama-zatoa-shtom-gi-fati-palkite-ne-gi-ispushta-od-raka-foto/ Mon, 23 Oct 2023 06:53:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320960

Битолската пејачка со скопска адреса на престој заради работа, Марија Луиса Тодоровска сме ја виделе во многу различни изданија. И професионално и приватно... И како пее, како меша на сцена, како „жнее“ бакшиш... И до грло закопчана и разголена и само по долна облека или пиштол гола... И уште во стотина други различни ситуации, во кои пејачката зане да ги насмее и расположи своите фанови и следбеници на социјалните мрежи со понекоја симпатична шега, многупати и на своја сметка! Овој пат пејачката сакала да покаже не само дека има вокална дарба, туку дека е и мултиталентирана... Па седнала зад сетот тапани на некој од колегите за да покаже колку ритамот го владее. Хармониката засвире орце, а Марија Луиса тргна полека, кроце, покроце, да го брка ритамот.  Можеби ритамот не го фаќа од прва, ама затоа штом ги фати палките, не ги испушта од рака! Проба да зачука и само после неколку такта надарената за музика естрадна пејачка влезе во ритам. А кога Марија ќе посака да седне и ќе фати ритам, оди симни ја да те видам? Од тапаните секако! „Го фаќам?“ - самоуверено го праша колегата, кој продолжи да свири со хармониката, а таа погледна во камерата па застана. Она што остана, беше виско кренатата палка која стои право во нејзината рака! Случајно или секогаш е така, кога Марија Луиса ќе ги земе работите во своја рака? Фото: Инстаграм/luisa.todorovska
]]>

Бакшишот уште полесно се лепи: Гавазова е вистинска атракција на свадбите каде пее – ова не го прави ниедна нејзина колешка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bakshishot-ushte-polesno-se-lepi-gavazova-e-vistinska-atrakcija-na-svadbite-kade-pee-ova-ne-go-pravi-niedna-nejzina-koleshka-foto/ Mon, 24 Oct 2022 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261393

Фолк пејачката Сузана Гавазова каде и да се појави, со својот изглед, маркантноста, енергијата и вибрациите кои ги шири кон опкружувањето –таа е во фокус на внимание. Дека е една од најбараните пејачки на свадбени и прослави од различен тип, е повеќе од познато, а дека таа е неумерна во било што и да прави, покажуваат нејзините активности кои редовно ги покажува преку социјалните мрежи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Пее, танцува, готви, се покажува како грижлива мајка и сопруга, приврзана кон семејството... Сузе е ултра исполнителна, а се’ тоа го прави со љубов,страст, желба.. Овој пат, на својот Инстаграм таа ја покажа својата втора голема љубов покрај пеењето, а тоа ни повеќе ни помалку се тапаните. Дека научила да удира покажа во неколлу „стори“ објави каде е седната зад удирачкиот инструмент, а подоцна тоа го покажа и на свадбена прослава каде меѓу гостите удира на тапаните и прави вистинска атракција. Дека вака бкшишот уште послесно доаѓа е повеќе од сигурно, а за она што го може Сузе сигурно ќе се зборува меѓу оние што видоа виртуелно, а особено меѓу оние кои непосредно ја гледале и слушале и оваа нејзина вештина. Удри јако Сузе! фото:Инстаграм/Сузана Гавазова]]>

Се ожени шеф Марк од „Брза кујна“: Со зурли и тапани и бакшиш на чело, семејна свадбена веселба на Камник ( ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-shef-mark-od-brza-kujna-so-zurli-i-tapani-i-bakshish-na-chelo-semejna-svadbena-veselba-na-kamnik-foto-video/ Mon, 21 Jun 2021 08:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207574

Готвачкото ТВ шоу „брза кујна“ за кратко време стана едно од најпопуларните телевизиски емисии од ваков формат. Натпреварувачите секојдневно се менуваат, водителките повремено, ама главните ѕвезди останаа исти: Шеф Никола и шеф Марк! Двајцата врвни готвачи и забавувачи се неизоставен дел врз чија кулинарска умешност, вештина и знаење, ама и смисол за хумор и забава се темели шоуто, па затоа без било кој од нив нема ни добра храна, ни добра забава! И додека шеф Никола Мишковски пред две години ова време вплови во брачните води  правејќи едноставна забава за најблиските, за шеф Марк де Јонг сите „знаеја“ дека е во брак“ со неговата македонска избраничка Василка Димовска... Арно ама, работите стоеле малку поинаку! Имено, иако има возрасни деца - син и ќерка кои живеат во Белгија, популарниот готвач и неговата понежна половина всушност само живееле заедно во вонбрачна заедница...Или како што кај нас народски се вели, во „див брак“! Токму затоа,  шеф Марк и неговата Василка, викендов, 20 јуни 20221 година, решија и официјално да стапат во брак... Да ја озаконат својата врска, која всушност беше еден вид брак, кој само не беше официјализиран на хартија! Ковид протоколите за свадби иако попуштија, сепак шеф Марк и Василка се решија за „скромна“ семејна свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети, Камник. А свадба не е свадба без младоженец и невеста, па затоа младоженците се потрудија да не го „пропуштат моментот“: Тој во свечен костум со китка на реверот, таа во бела невестинска венчаница со бидермаерот в рака... Младоженците пред матичарот се заколнаа на вечна љубов, па првите секунди од ветувањето и официјалниот брак, како што е редот,  ги зачинија со сочен свадбен бакнеж! Гостите малубројни, ама сепак весели, а музиката - традиционална, изворна, македонска... Зурли и тапани им свиреа на младите! Шеф Марк можеби не ги научил до крај чекорите на орото, ама затоа добро ги научил македонските адети, па качен на тапанот, ниту тој, ниту сватовите не ги испратија со празни раце свирачите. Илјадарки и евра бакшиш се делеа, а Бога ми и лепеа на чело на музичарите, чии звуци на нивните иснструменти му ја разубавија свадбената веселба на познатиот готвач и неговата невеста! На свадбата покрај останатите гости биле присутни и децата на шеф Марк, ќерката и синот Микел ( Мики) кој сподели и видео од свадбата на татко му! Се' на се', ако во „Брза кујна“ за подготовка на врвен специјалитет на шеф Марк му се потребни едвај 20 минути, одлуката за брак по македонски рецепт, очигледно ја “крчкаше“ подолго време! Како и да е, нека им е со среќа брачниот живот... и официјално! Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Fancy Flower Boutique/Mickael De Jongh    ]]>