Танц Фест2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 12:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Танц Фест2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Забрзување и вознесувања“ вечерва на „Танц Фест“ 2023 https://arhiva.vistina.com.mk/zabrzuvane-i-voznesuvana-vecherva-na-tants-fest-2023/ Wed, 12 Apr 2023 12:29:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298014

Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек ќе настапи вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 19. издание на Танц Фест 2023. Гостувањето е со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Публиката ќе има можност да проследи пет извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и Погубување на чувството“ на Дарел Гранд Мултри во изведба на дванаесет спектакуларни танчери на компанијата. Танцовата компанија Далас Блек е основана во 1976 година од Ен Вилијамс, со цел да создаде и произведе современ танц на највисоко уметничко ниво, преку претстави и едукативни програми кои ги премостуваат културите и допираат до различни заедници. Како најголема и најстара постојано оперативна професионална танцова компанија во Далас, ДБДТ е една од најзначајните афро-американска танцови компании во САД. Под раководство на уметничката директорка Мелиса М. Јанг, современата компанија изведува мешан репертоар на модерни, балетски, џез и етнички дела од национално и меѓународно познати кореографи. Во рамки на вечерта, пред настапот на компанијата, ќе биде изведена кратката кореографија „Предност“ која е производ на работилниците кои се одржаа во соработка на ДБДТ и Скопје танцовиот театар, со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Работилниците под наслов „Dance communication“ ги одржа Сиера Ноел Џонс (ДБДТ) и асистентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Стефанија Милевска Враниќ и Емилија Достинова. Во работилниците учествуваат ученици од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во класа на професорките Елена Антонова Петровиќ и Александра Кочовска Начева: Мила Ангелова, Екатерина Георгиева, Дора Пајдакова, Русанка Иваноска, Моника Ѓеоргиева, Лука Ѓеоргиевски, Јана Ѓоршова, Давор Милев, Теона Голчева; од Анастасија центар: Сања Лазаровска, Екатерина Мицевска, Надалина Талевска, Дејана Магденовска; од Танцовиот клуб Аква: Елена Тезиева, Ивона Маневска, Ивана Стратова, Анѓела Николовска, Вања Секуловска, Теона Димкова, Матеа Николовска, Ања Стојаноска, Џаст Даниелс и од Битркис културно уметнички центар: Надја Илијевски, Ивана Петровска, Теодора Атанасовска, Тамара Атансовска.]]>