тања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 08 Apr 2023 07:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познати деца на уште попознати родители: Можете ли да ги препознаете македонскиот актер и ТВ водител и неговата сестра? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tie-poznatideca-na-ushte-popoznati-roditeli-mozete-li-da-gi-prepoznaete-makedonskiot-akter-i-tv-voditel-i-negovata-sestra-foto/ Sat, 08 Apr 2023 07:39:26 +0000 http://vistina.mk/?p=11041

Тие се брат и сестра... познати! Доаѓаат од уште попознато семејство. Дедо, татко, мајка... врвни македонски уметници... Доајени на својата уметничка дејност! Тој на периоди мега популарен, таа можеби помалку позната, особено заради тоа што последниве 20 години не живее во Македонија!
Сеапак, секогаш кога може доаѓа да го види постариот и многу попопуларен брат... И за арно и за лошо. така беше кога во април 2016 без знаење го изненади, па „му се исправи“ чекајќи уредно во ред со примерок в рака за потпис, на промоцијата на неговата претпоследна книга... Така беше кога тој беше в болница пред сериозно искушение заради здравствените проблеми.  Таа и тогаш беше покрај него, тогаш им кога е најубаво и кога е најтешко. По професија архитект, кој последниве 13 -14 години работи нешто што самата го нарекува „технолошки поткажувач“, во компанија која прави дизајн софтвер. Тој мултиталентиран: актер парекселанс, ТВ водител, музичар, забавувач, шоумен, автор, писател...
Промоцијата на својата седма книга по ред насловена „Улица диши длабоко“, ја правеше неодамна, а како потсетување на продолжувањето на заедничкото актерско остварување со неговата колешка Весна Бејби Петрушевска, наречено „Брачна игра“, таа ја постираше на својот Инстаграм  токму оваа фотографија од неговото рано детство на која тој е токму  со сестра му.
Кој ги препозна, препозна... Кој не, нека види како изгледале Игор Џамбазов и неговата сестра Тања како малечки, а како изгледаат денес.    ]]>

Драгана Мирковиќ и поласка на Тања Савиќ, па следеа критики: „Срамота е ова што го пишуваш!“ https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-mirkovikj-i-polaska-na-tanja-savikj-pa-sledea-kritiki-sramota-e-ova-shto-go-pishuvash/ Mon, 22 Jun 2020 10:41:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154943

Драгана Мирковиќ е воодушевена од изгледот на нејзината помлада колешка Тања Савиќ, па призна дека неодоливо потсетува на неа од деновите кога била млада девојка. Драгана воопшто нема проблем да дава комплименти на други жени. Таа беше воодушевена кога го виде видеото на Тања Савиќ од настап, па ја пофали на Инстаграм, но и се сети на себе уште од нејзините помлади денови. - Пзаи, помислев дека сум од помлади денови, неверојатно - напиша Драгана, а Тања и се заблагодари. - Па, Боже - напиша Савиќ со емотикони срциња. Сепак, Мирковиќ не застана тука, па ја пофали колешката и рече дека изгледа подобро од неа. - Само ти си поубава - рече Драгана. Патем, познато е дека Тања е активна на Инстаграм и комуницира со фановите, а неодамна се оправда и кога ја нападнаа зашто била здебелена. - Кило горе, кило долу. Те молам, не се срами вака, ти си една од најубавите српски пејачи и ова е срамота - инапиша еден од нејзините следбеници, алудирајќи на на телесната тежина, па Тања објасни: - Јас работам на слабеење, и мене ми пречи, верувајте - напиша Тања и доби критика што се правда на било кој.]]>

Македонската фолкерка дома има сериозна конкуренција: Драгана Јовановска е на добар пат „да и го украде шоуто“ на мама Тања (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-folkerka-doma-ima-seriozna-konkurencija-dragana-jovanovska-e-na-dobar-pat-da-i-go-ukrade-shouto-na-mama-tanja-video/ Sat, 09 Nov 2019 09:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117559

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова важи за една од поатрактивните пејачки на домашната фолк естрада. Згодната кумановка покрај естрадната кариера и секојдневните обврски е и посветена мајка. На нејзината ќерка Драгана не само што и пренела дел од гените, туку и дел од своето пејачко знаење, умеење и искуство, па 12 годишното девојче полека почнува да наговестува кој ќе биде поголема ѕвезда во домот на Јовановски?! Или можеби најголема, зашто и татко и Младен - сопругот на Тања е музичар, која на синтисајзер ја придружува мама на настапите. „Крвта не е вода“, па затоа и „крушката под крушка паѓа“ - велат. А, кај малата Драгана паѓаат аплаузи, воодушевувања, пофални зборови уште од нејзиниот прв настап. А настапува веќе неколку години, и тоа од учество во детските хорчиња, па се до појавувањето на разни домашни и меѓународни фестивали каде редовно победува или во најмала рака зема некоја од наградите, како и на регионалните музички талент шоуа како „Пинковите ѕвездички“ на пример. Општо гледано, ако се земат во предвид сите нејзини учества и појавувања, малечката уште сега има повеќе настапи надвор од Македонија од својата мајка. За освоените награди и да не зборуваме! Затоа македонската фолкерка нека му ја мисли... Има сериозна конкуренција дома, од која не ќе може да „избега“, зашто нејзината ќеркичка Драгана Јовановска е на најдобар пат „да и го украде шоуто“! А фолкерката не само што нема ништо против оваа конкуренција, туку е и горда на неа, и тоа најмногу на свет! И колку повеќе Драгана ќе и ги засенува славата и популарноста, мама Тања толку ќе биде посреќна и погорда на својата наследничка! Како што во моментов се радува и гордее со најновата изведба на нејзината ќерка во новто продолжение на музичката серија „Дајте музика“, каде Драгана ја пее песничката „Сакам овој ден да трае“ на авторот Николче Мицевски. Како тргнала, кариерата на новата ѕвездичка што се раѓа допрва почнува, а ќе потрае многу, многу денови... и години. https://www.youtube.com/watch?v=0TDI34F8mbM  ]]>