тања кочовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Aug 2022 09:31:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тања кочовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nevenka-kochovska-vokalniot-solist-na-legendarnata-makedonska-grupa-manjifiko/ Fri, 26 Aug 2022 06:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264128

Македонската актерка и пејачка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук вчера попладне, 26. август 2022 г. објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии - „Мањифико“, починала. Тања во описот ставила само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата. Жената со волшебен  глас во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест, а членовите на семејството ецело време беа покрај неа и во најтшеките мигови.  Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба. „Мањифико“ беа активни на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, групата имала богата интернационална кариера и настапи во 37 земји низ светот, остварувајќи 3700 концерти, со учествуво и на 600 хуманитарни настапи и концерти. Групата беше особено популарна во 1960-те и 1970-те години во некогашна Југославија, каде биле и едни од ретко избраните естрадни уметници кои му пееле на маршалот, доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Последниот настап го имаа 1990-та, на голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Нивниот последен јавен настап се случи пред пет години на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ кога „Мањифико“ доби награда за животно дело. Тогаш сите членови на семејството Кочовски, Невена, со сопругот Панче и ќерките Лидија и Тања Кочовски ја изведоа мексиканската песна „Мама Хуанита. По повлекувањето од музичката сцена таа работеше како наставничка по музичко образование во ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје. Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да сподели во јавноста прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители. Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено и длабоко сочувство за загубата на семејството Кочовски. Фото: Инстаграм и фејсбук принтскрин/ приватна архива]]>

Тања Кочовска се врати со песна за Тоше – „Светулка божја“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-kochovska-se-vrati-so-pesna-za-toshe-svetulka-bozja-audio/ Fri, 18 Oct 2019 11:06:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113407

Покрај тоа што е позната како долгогодишна успешна актерка во „Театарот за деца и млади“ и МНТ, Тања Кочовска претходно со години беше успешна пејачка на забавна музика. Позната и призната, со грст фестивалски настапи и победи, дузина награди и неколку безвременски евергрини како макфестовската „Твоите очи сине“, на пример. Како и не би кога потекнува од едно од најпознатите македонски музички семејства, родителите Невена и Панче Кочовски членови на легендарните „Мањифико“ и сестра и Лидија... Но, откако ја започна актерската кариера, таа полека ја напушташе естрадата, за на крај сосема да се повлече и посвети на актерството и театарот. Иако со години многумина композитори посакуваа и ја убедуваа да се врати, да испее нивна песна, Тања остана верна на својата цврста одлука да остане само во театарските води... Се до неодамна. Имено, токму по повод 12 годишнината од трагичната загуба на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, Тања Кочоска му посвети, или поточно му испеа песна, со која се врати на естрадата. Автори на баладата „Светулка божја“ посветена на Тоше се токму дел од луѓето кои му го трасираа патото во музичките ѕвездени височини на почетокот на кариерата, пишувајќи за него некои од неговите најголеми хитови или поточно безвременски песни како „Тајно моја“ на пример. Кире Костов, овој пат автор на аранжманот и продуцент на песната, Др. Миодраг Врчаковски - кој ги напишал стиховите, додека музиката за „Светулка божја“ ја компонирал Роберто Панчевски. Тања Кочовска како и секогаш маестрална, беспрекорна во својата интерпретација, вдахновено, со многу чувство и сопствена експресија ја донела песната, која иако можеби делува старомодно од времето на фестивалските шансони од 80-ите и 90-ите, нејзиниот вокал звучи моќно и суверено царува. Слушнете како звучи песната посветена на Тоше, на нашата „Светулка божја“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=66&v=ieMGNMahfUQ]]>

Ова се децата на познатата македонска актерска и брачна двојка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-decata-na-poznatata-makedonska-akterska-i-brachna-dvojka-foto/ Sat, 20 Apr 2019 08:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84090

Тие двајцата се една од многуте познати брачни двојки кај нас.  Таа е дете на познати и некогаш многу славни и популарни родители (Невена и Панче Кочовски - „Мањифико“), чија професија тргна да ја наследи, па го смени правецот на професионалната определба, го остави пеењето некаде на половина пат  и заврши меѓу актерите.
Тој нема таков бекграунд, но затоа ја има истата професија - глумата и секако ја има неа... за колешка, жена, сопруга, брачен другар, животен сопатник!
Имено, Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак кој „бил склопен“ од прво видување, а трае веќе 23 години. Шармантната актерска но и брачна двојка и покрај својата духовитост и непосредност, ретко споделуваат приватни моменти од својот живот, на социјалните мрежи.
Оние најблиските и оние што добро ги познаваат знаат дека Тања од првиот брак со исто така актерот Владимир Ендровски -  Љац го има синот Александар, додека од бракот со Предраг ја имаат ќерката Нела. Тања неодамна објави семејна фотографијата на која актерската двојка е заедно со децата, па на фотографијата не се актерска двојка, туку всушност актерска тројка, зашто и Нела е на пат да стане глумица.
Нела има 22  години и тргна по стапките на своите родители, па таа е студент на ФДУ. Александар има 28 години и завршил факултет за туризам.
„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха.
Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“ - ќе изјави Тања за своите деца во едно неодамнешно интервју за македонските портали.]]>