тања ангеловска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Apr 2021 07:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тања ангеловска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се огласи сопругата на селекторот – Тања Ангеловска, која додека тој и македонските фудбалери водеа битка за победа на зелениот терен со Германија, таа водеше битка за живот во борбата со Ковид -19 https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-soprugarta-na-selektorot-tanja-angelovska-koja-dodeka-toj-i-makedonskite-fudbaleri-vodea-bitka-za-pobeda-na-zeleniot-teren-so-germanija-taa-vodeshe-bitka-za-zivot-vo-borbata-so-kovid-19/ Fri, 02 Apr 2021 07:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197215

Фудбалска Македонија ги живее најблескавите моменти во својата репрезентативна историја. Победата во Дуизбург од 1-2  над моќната велесила Германија беше вечер за паметење за сите, но  селекторот  Игор Ангеловски – Мрме  длабоко во себе ја имаше можеби најтешката ноќ. За среќа, обете се завршија добро за нас, за него, но и за неговото семејство. Имено, предводникот на македонската фудбалска репрезентација, кој секако е еден од најзаслужните за блескавите игри на нашите фудбалери, по мечот со Германија откри под каков голем притисок беше низ мартовскиот собир и поради борбата на неговата сопруга со коронавирусот.
Сепак, Ангеловски и покрај се’, допатува во Германија затоа што и момчињата му ветиле дека ќе направат се’ за да победат и за неа… „Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат“ – рече по натпреварот популарниот Мрме и  додаде  дека сите сите мисли му се во Македонија. „Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам“ – истакна нашиот селектор кој на прес-конференцијата победата ја посвети на сопругата, која се бори со Ковид-19. Вчера пак  на социјалните мрежи се огласи и Тања Ангеловска, сопругата на Игор Ангеловски која на својот Фејсбук профил му честиташе на целиот тим, на сите играчи, стручниот штаб, лекарската екипа, а најмногу на својот сопруг, опишувајќи ја „своевидната драма“ која се случувала последните денови и тешките моментите кога таа се борела со коронавирусот , а нејзиниот сопруг, селекторот Ангеловски, требал да донесе тешка одлука: Да остане или да замине на пат за Германија? „Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине РЕСПЕКТ. Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата. Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери. Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, марк антна фигура, далеку пред своето време. Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство. …неканет гостин кој ви го зема здивот. Се' уште ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи. „КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕ' УШТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ”?! Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на се'. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома“ - порача преку Фејсбук порака во тие мигови Тања Ангеловска, која се' уште се опоравува од Ковид -19.  
   ]]>