танго – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Feb 2023 11:59:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png танго – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Тоа ме смени и никогаш не сум го заборавила“ – еве какво еротско искувство доживеала Памела Андерсон (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toa-me-smeni-i-nikogash-ne-sum-go-zaboravila-eve-kakvo-erotsko-iskuvstvo-dozhiveala-pamela-anderson-foto/ Wed, 01 Feb 2023 11:59:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286909

Памела Андерсон напиша бомбастични мемоари „Love, Pamela“, кои беа објавени на 31 јануари, во кои таа дава интимен увид во нејзиниот живот. Меѓу другото, таа призна дека нејзиното најсензуално еротско искуство било танцување со 80-годишен маж. Славната актерка откри дека навистина уживала во сексот со поранешниот сопруг Томи Ли буквално без престан, но дека искуството што ја соборило на нозе е всушност многу поедноставно - тоа било танго со маж многу постар од неа. Памела рече дека нежниот и цврст начин на кој играла танго  со овој маж е „најсензуалното искуство што некогаш го имала“. Таа додала дека средбата се случила во нејзините 20-ти години за време на нејзиниот престој во Буенос Аирес, Аргентина, а исто така истакнала дека никогаш освен тогаш не почувствувала чувство да ја води вистински маж. – Тоа ме смени и никогаш не сум го заборавила – напишала оваа 55-годишна жена. Да потсетиме, Памела се мажеше пет пати, од кои два беа со ист маж - покерашот  Рик Соломон, а во книгата истакнала дека нејзините брзи бракови се должат на верувањето дека мора да биде заљубена во некого ако сака да има секс со него. Имено, актерката во книгата опишала дека страшната сексуална злоупотреба што ја претрпела во детството ги обликувала нејзините подоцнежни перцепции за врските, љубовта и сексот, па оттука и горенаведениот став. Фото: Принтскрин/AP/Shutterstock    ]]>

Огнен Здравковски отворено и се додворуваше, порталот побрза да ги прогласи за љубовници, ама Ноне и на едните и на другите… јавно „им го плесна в лице“! https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-javno-i-se-dodvoruvashe-portalot-pobrza-da-gi-proglasi-za-ljubovnici-ama-none-i-na-ednite-i-na-drugite-im-go-plesna-v-lice/ Fri, 14 Aug 2020 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163275

Естрадата, социјалните мрежи и порталите - свето тројство,  во „чудна симбиоза“, кое последниве години, со појавата на последниве два начини на комуникација и извори на информација, ја доведоа целата ситуација во таков заплет, што понекогаш ни самите не можат да се отплеткаат во конците што ќе ги „замрсат“! Најновиот пример - најдобар доказ како потврда на непишаното правило. Или барем така се обидоа да го прикажат, а при тоа и самите да се излажат... Или барем залажат. Имено, на младиот македонски пејач Огнен Здравковски, откако добро помина на музичкиот натпревар во „Ѕвездите на Гранд“ му порасна популарноста, па му „скокнаа и акциите“... А со тоа и самодовербата! Во моментов Огнен има нова песна и видео „Љуби ме“, ама и за жал, има и корона, односно е позитивен на вирусот Ковид-19, па мора да се лекува во самоизолација. Но, тоа не значи дека е отсечен од јавноста, зашто социјалните мрежи му се при рака за комуникација со „остатокот на светот“. А токму од целиот свет, Оги ја најде некогашната колешка, најшетаната велешанка Нона Неделковска, која заради силата на нештата со корона пандемијата, наместо на прекуокенаските крузери да го крстосува светот, како што тоа го прави послединиве 6-7 години, сега мора да седи дома - во родниот Велес. А кога си дома и без обврски, здодевноста и монотонијата меѓудругото ги разбиваш со „прошетка“ по социјалните мрежи на кои двете сродни, распеани души се среќаваат. И тука почнува нивната комуникација, проследена со обид за присна блискост од страна на помалиот по години, кон помалата по висина. Имено, Огнен почнува „на шега, на смеа“ ( иако во секоја шега и половина вистина има), јавно да и се додворува на Ноне. Комплименти, „срциња“, „јаготки“, „детелинки“, „бакнежи“ и какви ли уште не емотикони се разменуваат од обете страни, особено од „загреаниот распеан клинец“ кој отворено почнува да покажува симпатии кон македонската музичка џепна венера. Тоа еден македонски портал го забележува, па како што самите објавиле, по принципот: „Каде што има дим има и оган“, побрзале Оги и Ноне да ги прогласат за момче и девојка, односно за нова естрадна љубовна двојка!? Арно ама... Како прво, „дим“ има од Табановце нагоре, а кај нас има „чад“... А и не секогаш „каде што има чад, има и оган“! Зашто, како што вели една друга поговорка: „За танго се потребни двајца“! И додека младиот пејач така „подзапален“  се обидува да го разгори љубовниот оган, а порталот веќе прогласи „љубовен пожар“, Ноне набрзина направи и едниот и другиот „да исчурат“. Имено, екс пејачката само со еден, единствен Фејсбук  коментар „ги олади“, со тоа што и на едните и на другите отворено „им го плесна в лице“: Ќе ве молам да не ширите дезинформации!“ - културно ги предупреди велешанката, давајќи им на знаење дека кога е таа во прашање, за својот емотивен живот, самата одлучува!    ]]>