танец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 12:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png танец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Песната, судбина“: Концерт на „Танец“ во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-sudbina-kontsert-na-tanets-vo-chest-na-100-godishninata-od-raganeto-na-vaska-ilieva/ Thu, 26 Oct 2023 12:21:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321713

Васка Илиева (1923 - 2001) е доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Оваа знаменита Скопјанка, својата музичка кариера ја започнува во 1950 година, токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети со кои Илиева се здоби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „кралица на македонската народна песна“. Концертот на Танец кој ќе се одржи во Македонски народен театар МНТ), на 9. ноември 2023 во 20 часот во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ Танец ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на чествуваната уметница.
„Не го пропуштајте овој редок настан, кој што изобилува со антологиски песни што се пеат од прва до последна. Дојдете во Домот на АРМ (9 ноември, 20 часот), заедно да ја чествуваме 100-годишнината од раѓањето на „кралицата на македонската народна музика“, Васка Илиева.
Билетите ќе бидат од утре во продажба на неколку локации - Розе Веро 2 (Тафталиџе), ЈК Травел (ТЦ Бисер - Аеродром) и во книжарниците Literatura.mk, како и на онлајн сервисот: www.kupikarta.com
Ве очекуваме со нетрпение,
Ваш Танец“ - порачуваат од ансамблот.
]]>

Колегите на починатиот пејач Далибор Ѓоишќ – Даки раскажаа за неговите последни денови: „Не ни помислувавме на најлошото“ https://arhiva.vistina.com.mk/kolegite-na-pochinatiot-pejach-dalibor-goishk-daki-raskazhaa-za-negovite-posledni-denovi-ne-ni-pomisluvavme-na-najloshoto/ Thu, 12 Oct 2023 09:24:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322029

Пред два дена од Националниот ансапбл „Танец“ преку социјалните мрежи обзнанија дека по кусо и тешко боледување починал нивниот колега, истакнат пејач од прв ред, солист на НУ Танец, 41- додишниот Далибор Ѓошиќ - Даки. Колегите не се ни сомневале дека минатонеделниот концерт на „Танец“ ќе биде негов последен настап, нивна последна средба, бидејќи веќе од утре дента заминал на боледување. Неговиот последен настап бил минатата недела. -Не ми помислувавме дека тој настап ќе биде наша пследна средба. Излезе на сцена, испеја само како што тој знаеше, најдобро, и замина на боледување. Последните денови здравјето ептен му се влошило и завршил на клиника до последно кога му откажал црниот дроб, велат негови колеги за ММС. Незаборавни ќе останат не само неговите фолк песни, туку и преработките на стари македонски песни во етно стил. -Но, и покрај неговите квалитети не успеа да го постигне тоа што го планираше, а имаше големи цели. И оправдани беа неговите очекувања, бидејќи беше свесен за квалитетот. Апсолутен слухист, добар композитор, а за вокалот да не зборуваме, велат негови колеги. „Без музика не се може“, велеше тој. Далибор или Даки, како што сите го викаа, целиот својот животен и професионален пат со мзиката, која е негова љубов и определба уште од најрана возраст,преку нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје. Како што информира неговата матична куќа, тој во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварува 363 концертни настапи, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапи во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други. Последното збогување ќе биде денес, на 12.10.2023 година (четврток), во 13 часот, во капелата на гробиштата во Волково. фото:Фејсбук Танец/ Маја Аргакијева]]>

„Фолклорно – класична симбиоза“ – ексклузивен настан на МОБ и Танец https://arhiva.vistina.com.mk/folklorno-klasichna-simbioza-ekskluziven-nastan-na-mob-i-tanets/ Tue, 26 Sep 2023 12:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319813

На сцената на Македонската опера и балет, на 27-ми септември 2023 со почеток во 20 часот ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Македонска Опера и Балет и НУ Танец. За прв пат во македонската понова историја, Македонската опера и балет и Танец ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Македонска опера и балет. Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.]]>

Велигденски концерт на „Танец“ https://arhiva.vistina.com.mk/veligdenski-kontsert-na-tanets/ Mon, 10 Apr 2023 11:48:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297546

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер, понеделник 10 април 2023 год.  во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт. Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак – програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“. На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков. Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец”. Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера. Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со “Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата “Македонски мерак”. Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии. Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Македонија остана без уште една музичка легенда: Почина маестро Милан Завков https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ostana-bez-ushte-edna-muzichka-legenda-pochina-maestro-milan-zavkov/ Tue, 07 Feb 2023 07:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287619

Ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објавија од Танец. Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти. Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи. На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, “Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски. Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија. Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот. НУ „Танец“ од името на сите вработени го изразува своето најдлабоко сочуство до почитувачите на Милан Заков и до целото семејство Завкови. ]]>

Величествен концерт на „Танец“ – уживање во изворни бисери и кореографии https://arhiva.vistina.com.mk/velichestven-koncert-na-tanec-uzivanje-vo-izvorni-biseri-i-koreografii/ Fri, 23 Dec 2022 10:39:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281387

Националниот ансамбл за народни игри и песни  „Танец“ и годинава традиционално ја заокружува исклучително успешната концертната сезона, со ексклузивен новогодишен концерт.
Концертот ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.
Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“. Зад „Танец“ се голем број концерти низ земјата, но и во САД, Канада, Словенија, Хрватска и Србија. Се свиреше, пееше и се играа изворни бисери, комплексни кореографски постановки, но се изведуваа и нови фузии, кои донесоа громогласни аплаузи и стоечки овации, секаде каде што „Танец“ се претстави. Затоа за  „Танец“ новогодишниот концерт е своевидна круна на неверојатната година и изобилува со раскошна музичко-сценска програма, во  која ќе учествува целиот ансамбл. На репертоарот се атрактивни кореографски постановки и богат опус од вокално-инструментални композиции од над седумдеценискиот легат на ансамблот. Во него е вклучен и специјален сплет на ора со кои „Танец“ со пиетет ќе се сети на еден од музичките великани кои придонеле кон растежот на ансамблот, виртуозот на кларинет и музички автор, Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Како и секогаш, „Танец“ ќе и подари на публиката и точка-изненадување, овој пат заедно со учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, кои беа учесници на првата „Летна академија ТАНЕЦ“, одржана од 13 до 18 јуни во Охрид. Во пресрет на концертот, НУ Танец заедно со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во фоајето на Националната опера и балет, организира изложба, на која ги претставува студентските архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за НУ Танец, со соодветна концертна сала, што е седумдесетитригодишната желба на ансамблот за дом по мерка на неговите потреби и по заслуга на неговите успеси. Овие проектни задачи, идните архитекти ги работеа под менторство на педагошки тим од факултетот, а во рамките на Архитектонското студио 8/3, кое се одиваше во летниот семестар од оваа учебна година. Овие индустриски објекти се наменети за една поинаква “индустрија” и оттука архитектонското студио го носеше насловот „Институт за производство, истражување и едукација на  материјално и нематеријално културно наследство“. Извор: Макпрес]]>

Влатко Стефановски и „Танец“ направија спектакл во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-i-tanec-napravija-spektakl-vo-belgrad/ Tue, 27 Sep 2022 13:03:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268936

Двата најпознати македонски музички бренда, угледниот гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Македонија „Танец“, синоќа во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл, јави дописникот на МИА од Белград. -Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во Битола, фестивалот ЛЕНТ во Марибор во Словенија. Ваквиот настап значи есенција и е најдоброто што можете да го чуете од Македонија. Јас ги пратам „Танец“ уште како дете и верувам дека членовите на „Танец“ ме пратат и мене и мојот музички пат, така што се сретнавме заедно на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволсто на публиката, изјави Влатко Стефановски пред одржување на концертот во Белград. Како што оцени, покрај спортот од ова подобра презентација во странство за Македонија нема. На концертот пред преполната сала можеа да се слушнат интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика, вокали, инструментални нумери и импровизации, со нивна фузија и свртување кон џез музиката. -Ова е многу добра и исклучителна можност, луѓето од Белград и од поранешните југословенски републики да го доживеат овој проект со Влатко Стефановски, затоа што и „Танец“, самиот по себе и Влатко, самиот по себе, преставуваат еден бисер на македонската култура и задно тие значат многу и за целиот Балкан, со самото тоа што го докажуваат со преполнетите сали, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“. Специјално за овој проект за народниот оркестар на „Танец“, но во малку помодерен дух се направени специјални аранжмани од врвниот македонски инструменталист и автор Дамир Имери. Влатко Стефановски и „Танец“ со фузијата во еден интересен инструментален и вокален спој ги изведоа антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии „Елена, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, кои наидоа на одличен прием кај белградската публика и незаборавен спекктакл и презентација на македонската музика и култура.]]>

“Славејот од Галичник” – Концерт на “Танец” и пријателите во чест на Александар Сариевски https://arhiva.vistina.com.mk/slavejot-od-galichnik-koncert-na-tanec-i-prijatelite-vo-chest-na-aleksandar-sarievski/ Wed, 14 Sep 2022 12:18:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266920

Ансамблот за народни игри и песни “Танец” најавува спектакуларен гала концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на неповторливиот глас на македонската народна песна, Александар Сариевски. На сцената ќе настапи македонската пејачката елита: Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, заедно со хорот и оркестарот на Танец, а ќе се отпеат македонските бисерите „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други. Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика. За време на своето шестдецениско уметничко творење, Александар Сариевски зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легат што вечно ќе потсетуваат на личноста, која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ тој патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство. Концертот “Славејот од Галичник” – Танец и пријателите во чест на Александар Сариевски ќе се одржи на 15-ти септември во Македонската опера и балет (МОБ), со почеток во 20 часот. Билетите може да ги купите на www.kupikarta.com]]>

Андријана Петрушовска во бикини, повеќе од секси: Еве во чие друштво атрактивната македонска „Гранд“ ѕвезда ужива на море (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-petrushovska-vo-bikini-povekje-od-seksi-eve-vo-chie-drushtvo-atraktivnata-makedonska-grand-dzvezda-uziva-na-more-foto/ Thu, 18 Aug 2022 08:44:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263162

Андријана Петрушовска, македонската пејачка која блесна во најпопуларното регионално музичко талент шоу „Ѕведите на Гранд“, по успешната и напорна сезона што ја имаше, замина на годишен одмор. Иако летото е веројатно најплодниот период за „естрадна жетва“ кај пејачите, атрактивната убавица сепак мораша да го спушти темпото и да замине некаде на полнење на батериите, кои зимава максимално ги испразни. Ако на сцената на „Гранд“ покрај пеењето, Андријана  беше запаметена по својот атрактивен изглед, необичните костими, неодоливиот сексапил и магичната привлечност со кои зрачеше, расната убавица на плажа го покажа сиот свој телесен раскош во полн сјај.
Во мастило сини мини бикини, пејачката ги истакна своите бујни облини и останатиот телесен потенцијал која ја краси долгоногата новопечена „Гранд ѕвезда“. И додека позира на зајдисонце седната на песочниот брег,  Андријана зрачи со фатална привлечност, неодолив сексапил и „поглед кој убива“... Едноставно, „маѓепсува на прва“! Како и  единственото чувство на неизмерно задовлство, кога клекната во плиткото покрај брегот, пејачката влезе да си ја регулира телесната температура и олади снагата на неподносливата горештина. Длабоко потонатата танга во извајаната обла задница на која се налепиле песочните зрнца, само уште повеќе го потенцира еротскиот набој кој расната убавица го создава и како мирис на скап парфем зад себе го остава, додека со затворени очи позира на брегот под оловното небо на крајот на денот. Но, она што особено ја скокотка јавноста е приватноста на младата македонска пејачка, која неодамна во едно свое интервју изјави дека расчистила со долгогодишната врска и сега е строго посветена кариерата. Тогаш со кого Андријана ги споделува одморот и летните авантури, со кого тоа пејачката летува, во чие друштво ужива на море? Прашања на кои Андријана понуди сликовит одговор како потврда на кажаното, дека сега нема „маж за сериозна врска“ во нејзиниот живот. Имено, пејачката ужива на на одмор со најдобрата другарка, исто толку атрактивна убавица, која на некој начин е и нејзина колешка. Марија Саздовска, професионална играорка во  Националниот ансамбл за танци и песни  „Танец“. Доказ - заедничките фотографии од одморот... ...Како и оние кои претходно обете ги споделија на своите Инстаграм профили, во моментите кога Андријана ја освојуваше сцената на „Гранд“, а Марија и беше силна потпора.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Sazdovska (@marijaasazdovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/andrijanapetrushovska/]]>

„Танец“ го отвора 61. „Балкански фестивал на народни песни и игри“ во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/tanec-go-otvora-61-balkanski-festival-na-narodni-pesni-i-igri-vo-ohrid/ Wed, 06 Jul 2022 13:03:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257434

Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид во организација на центарот за култура „Григор Прличев”. На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина. Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски. Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче.]]>