танц фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Apr 2023 12:24:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png танц фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва на Танц Фест: „Табу република“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-na-tants-fest-tabu-republika-vo-mkts/ Mon, 10 Apr 2023 09:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297559

Вечерва, 10-ти април 2023 година (понеделник) во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар  (МКЦ) ќе се изведе претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар. Покрај Русески, кој е потписник на кореографијата и режијата, во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Кети Танчева, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. Костимите се на Благој Мицевски, плакатот за претставата го подготви Кристијан Јованоски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска и Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, Ангела Петровска, Јоана Благадуша, како и актерката Наталија Ристеска.
„Табу република“ нема цензура. Таа се бави со тематики на лицата од женскиот род, жената како родилка и носител на живот. Како кореограф во подоготовките правев истражувања колкава е стапката на смртноста на жените при пораѓај. Фокусот е ставен на абортусот, кој најчесто се случува заради недоволното сексуално образование кај младите лица. Претставата ги истражува состојбите во кои се стишува гласот на младите, поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кој се соочуваат со тие проблеми и тоа ме поттикна повеќе да истажувам на оваа тема. По неколку интервјуа со гениколози, психолози и дефектолози, сватив дека проблемите со кои се соочува младината, се многу подлабоки, а со дел од овие проблеми се соочуваат и повозрасни лица. Воедно, делото разработува сензитивна тематика и ги опфаќа лицата од ранливи категории, лица со оштетен вид и слух, лица со инавалидитет, кои се најмногу обесправени од самите институции. Една од многуте табу теми во нашите краишта, кои ме инспирираа да го создадам ова дело, се со цел да се слушне за овие проблеми и да се зборува отворено за нив во нашето општество, вели Русески.
Претставата не се препорачува за лица помали од 16+ години.]]>

„Танц Фест 2020“ со домашни и интернационални уметници и танчери https://arhiva.vistina.com.mk/tanc-fest-2020-so-domashni-i-internacionalni-umetnici-i-tancheri/ Tue, 01 Sep 2020 11:22:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165361

Најновото издание на реномираниот Танц Фест ќе се одржи на почетокот на септември под мотото „Потрага по допир“. Танц Фест 2020 ќе го одбележи јубилејот 30 години современа македонска танцова сцена со учество на македонски и американски уметници, со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, како и долгогодишните партнери на фестивалот. Исклучително сум задоволна, што и покрај целата ситуација, успеваме да го организираме Танц Фест, кој годинава ќе се одвива под мотото „Потрага по допир“ и се надевам дека нашата публика ќе ужива во современите танцови креации на македонски и американски уметници. Со цел да го намалиме ризикот од можни компликации во однос на КОВИД-19, се одлучивме за Танцов маратон, што за нас, во организација е исклучително напорен потфат, но сепак сакаме да ѝ го дадеме најдоброто на нашата публика, тука и надвор од земјава. Целата програма ќе се пренесува онлајн, во живо и сметам дека на овој начин ќе допреме и до нова, поширока домашна но и интернационална публика“, вели Рисима Рисимкин, уметнички директор на фестивалот. Танц фест за првпат ќе има земја во фокус и во оваа програма ќе бидат претставени пет реномирани американски кореографи, од кои во Скопје ќе пристигнат Меган Бриџ и Кристин Бонанси. Дела на познатите кореографи Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат во рамките на фестивалот онлајн. Ударниот дел од програмата на фестивалот ќе се одржи во живо, во форма на Танцов маратон на 4. и 5. септмеври, со почеток во 20 часот, на отворената сцена на Танц Фест 2020 во парк МКЦ, додека другиот дел публиката ќе може да го проследи онлајн, преку Јутјуб каналот на Танц Фест, а воедно и на неколку регионални и национални телевизии. Програмата на Танцовиот маратон онлајн ќе се пренесува на повеќе пунктови, портали и фондации во Европа и САД. Манифестацијата ќе прикаже петнаест кореографии, покрај веќе споменатите американски кореографи, учество ќе земат и домашните уметници: Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска во соработка со студентите дизајнери Катерина Димитровска и Магдалена Димковска, кои костимите ги создаваат под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева, од ТМФ, УКИМ. Танцовиот маратон ќе се отвори со јубилејната претстава на Рисима Рисимкин „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, а за првпат ќе биде прикажан и танцов филм од домашен автор – филмот „Дома“ на кореографката Адријана Данчевска, која таа го оствари во соработка со визуелниот уметник Ивана Мојсовска и со Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски како камермани. На отворањето на 4-ти септември, во рамките на Танцовиот маратон ќе биде доделена наградата „МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцот“ на американската танцова легенда, госпоѓа Џоан Мајерс Браун. Оваа година престижната награда „МЕНАДА за млад уметник“ свечено ќе ѝ биде доделена на Стефанија Гаштарска, првата македонска балерина која доби професионален ангажман и стана дел од ансамблот на рускиот „Болшој“ театар во Москва. Влезот на фестивалот ќе биде слободен, но со ограничен број на места, заради почитување на протоколите и мерките донесени од страна на надлежните. извор:република.мк]]>