тања Савиќ пилот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Nov 2023 11:50:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тања Савиќ пилот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новиот партнер на Тања Савиќ не сака нивната љубов да биде жртва на работата, па се реши на расикален чекор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-partner-na-tana-savik-ne-saka-nivnata-lubov-da-bide-zhrtva-na-rabotata-pa-se-reshi-na-rasikalen-chekor-foto/ Wed, 15 Nov 2023 11:50:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327052

Мухамед Муки Бешиќ, 11 години помладиот партнер на пејачката Тања Савиќ, толку се заљубил што решил да ја напушти компанијата во Америка каде што работел како пилот за да го помине целото време со неа и да стане дел од нејзиниот тим. Според добро информиран извор близок до пејачката, покрај тоа што партнерите уживаат во љубовта, пилотот се повеќе се интересира и за кариерата на Тања. Откако стана јавна нивната врска, познато е дека тој редовно ја придружува на настапите, а планот им е да стане нејзин менаџер. Муки воспоставува контакти за да може да резервира тезги за неа и да се запознае со тајните на менаџирање. – Тања не сака да се раздели од Муки ниту за момент. Полека почнала да го воведува во работата, па многу е можно во блиска иднина и официјално да стане нејзин менаџер. Во последните неколку недели Муки често и се јавува на телефон, а веќе склучил договори со некои сопственици на клубови во кои Савиќ допрва треба да пее во наредниот период. Неговото семејство и пријателите се шокирани што се откажал од својата добро платена работа во Америка поради Тања. Таму управувал со приватни авиони, а сега сето тоа е минато. Тој не работи со месеци, а се започна на почетокот на оваа година кога почна афера со неа. Оттогаш не отишол ни во Америка. На сите им беше јасно дека човекот повеќе не работи како пилот, бидејќи секоја недела е со Тања на нашиот аеродром. Нон-стоп ја следи, ѝ ги носи куферите, отвара врати, прави се што ќе посака, а дури неодамна се дозна дека се подготвува да биде поврзан со неа на деловен однос, изјави извор на српските медиуми. Ова не е првпат Тања да ги меша работата и задоволството, па своевремено за менаџер го ангажирала својот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ, што не се покажало како добар потег затоа што кариерата во тој период ѝ тргнала надолу. фото:инстаграм принтскрин/Тања Савиќ]]>