тамара волческа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Jul 2023 10:15:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тамара волческа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Волческа има место кое ниту едно друго не може да го замени – „Место од спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-volcheska-ima-mesto-koe-nitu-edno-drugo-ne-mozhe-da-go-zameni-mesto-od-spomeni-video/ Thu, 13 Jul 2023 06:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310097

Младата пејачка Тамара Волческа ја промовираше својата прва песна и спот на македонски јазик. Емотивната балада е насловена како „Место од спомени“, за која стиховите ги напишала самата  Тамара, додека музиката е на Весна Малинова, а аранжманот на Дарко Тасев. Миксот и мастерингот ги изработил Дејан Момироски во неговото ХЛ студио. Песната на Тамара не враќа во детство,  во времето на безгрижност, смеа, игра, насмевки, кога најмногу ја чувствуваме топлината на нашите најблиски,  ги остваруваме првите социјални контакти со, ги стекнуваме првите другари... Стихови кои како низ времеплов од спомени не водат во најубавите денови. Емотивното видео само ја надополнува и комплетира звучната слика, на песната која наиде на многу позитивни коментари за пејачката. Него го изработил Петар Тутунџиев, па иако се работи за нискобуџетен спот, кадрите совршено соодветсвуваат со приказната од песната визуелигирајќи ги стиховите на ситата. Како сето ова звучи и изгледа, проследете во продолжение од видеото на Тамара и нејзиното „Место од спомени“ . ]]>

Тамара Волческа дебитира на сцената со – „Do you remember” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-volcheska-debitira-na-scenata-so-do-you-remember-video/ Tue, 22 Feb 2022 12:20:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240161

Во неделата, на 20.02.2022, во 20ч. на Јутјуб каналот на 24-годишната пејачка Тамара Волческа беше премиерно прикажано видеото на нејзината дебитантска песна "Do you remember". На неа како автори се потпишува самата пејачка, додека нејзин ментор и продуцент се јавува  Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов, кој воедно  стои и зад музичката продукција, миксот и мастерингот направени во „Devil's eye studio.

„Текстот беше напишан во убав период од мојот живот, едноставна емоција создадена за други времиња и после краток период го прифатив и како дело и чувства кои ги доживував. Кога ќе направам времеплов, денес ја доживувам многу поразлично и токму во тоа се крие пораката преку спотот што го направивме“ - вели Волческа, која како што веќе споменавме е и автор на стиховите на песната.

Зад видеото одново стои самата пејачка заедно со  Александар Нешкоски, во кој, како танчерка се појавува сестрата на Тамара - Теодора Волческа, заедно со Александра Иванова, Роберта Петроска, Јелена Ѓиноска и Марија Лазарова. „Снимањето на спотот... Тоа е вистински ден за прераскажување. Јануари, без греење, се тресеа вилици и колена, секој со своите улоги трча наваму-натаму, желби за перфекција, смеење, one shot сцена со боја на која мислам дека сите бевме со возбудени милиони сетила и концентрација, за на крај да ги избојам со гушкање. Беше лудо, ќе го паметам цел живот“, раскажува Тамара за која останале запаметени авантурите што ги доживеала за време на снимањето на спотот во Културниот дом во Гостивар. ]]>