тамара грујеска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тамара грујеска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќинот Франција повторно победи на детскиот Евросонг: Тамара Грујеска и покрај моќната изведба и импресивниот настап заврши на 12-тото место (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakinot-frantsija-povtorno-pobedi-na-detskiot-evrosong-tamara-grujeska-i-pokraj-moknata-izvedba-i-impresivniot-nastap-zavrshi-na-12-toto-mesto-video/ Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328671

Веројатно најпрестижното европско детско музичко натпреварувања Детскиот Евросонг, годинава се одржа викендов во Ница, Франција. Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапи шеста по ред и со својот моќен вокал ги воодушеви присутните и во салата и оние кои покрај ТВ екраните го следеа преносот. Со својот импресивен и сигурен настап, Тамара достојно ја претстави Македонија иако на крајот македонската претставничка  се пласираше само на 12-тото место. Првопласирана беше Франција, која втортпат по ред победи на ова детско музичкото натпреварување, а неа овојпат ја претставуваше Зое Клозир и песната „Coeur“(Срце). Зад неа, како второпласирана заврши Шпанија, додека трета е Ерменија. Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и професионалните жирија, во сооднос 50:50 од вкупните поени. Предводничката на македонската делегација Дијана Гогова Атанасова од МРТ, се огласи на својот Фејсбук профил со заедничка фотографија и благодарност до целата екипа и сите останати кои помогнаа во реализиацијата, настапот на Тамара и учеството на Македонија на годинешниов Детески Евросонг 2023. Како изгледаше и звучеше настапот на Тамара, потстете се уште еднаш од видеото во продолжение: ]]>

Стартува гласањето за Јуниорски Евросонг 2023 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/startuva-glasaneto-za-juniorski-evrosong-2023-video/ Fri, 24 Nov 2023 14:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328560

Гласајќи на Интернет и вие можете да учествувате во изборот на победник на Јуниорскиот Евросонг 2023. Без разлика каде и да сте во светот, овој петок, 24-ти ноември, може да гласате на официјалната страна на Јуниорскиот Евросонг jesc.tv каде што можете да ги погледнете кратките прегледи од земјите учеснички. Потоа имате право да гласате за тројца ваши фаворити вклучувајќи ја и својата земја доколку учествува на натпреварот. Пред да почне настапот во живо, во недела, 26-ти ноември, гласањето привремено ќе се затвори. По завршувањето на шоуто гласањето повторно се отвора во времетраење од 15 минути. Вашите гласови потоа се праќаат на гласачки тим, кој ги претвора гласовите во поени, а за другата половина од гласовите одлучува професионално жири. Како и секогаш, песната со најмногу поени ќе победи. Затоа, поддржете ги вашите фаворити и гласајте на jesc.tv! ]]>

„Кажи ми, кажи ми кој“: Ова е песната со која ќе се претставува Македонија на детската Евровизија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kazhi-mi-kazhi-mi-koj-ova-e-pesnata-so-koja-ke-se-pretstavuva-makedonija-na-detskata-evrovizija-video/ Tue, 17 Oct 2023 06:45:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322596

Се ближи датумот кога ќе се одржи годинешното издание на детскиот Евросонг каде Македонија ќе ја претставува Тамара Грујеска која ќе настапи со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ (Tell me who), Видеото сега се најде на официјалната страница на Junior Eurosong, а истото го потпишуваат Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров. Текстот на песната која е отпеана на македонски и англиски јазик е дело на Роберт Билбилов и Коста Петров, а за продукцијата и музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров. Детската Евровизија ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција, а младата Тамара од Гостивар беше избрана за наш претставник на аудиција која се одржа во месец мај. Инаку, Тамара е родена на 2 декември 2010 година во Гостивар. Своите почетоци во светот на музиката ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и во странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и својот вокал, кој освојува и никого не го остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кој ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари. Погледнете ја нашата „Кажи ми, кажи ми кој“: фото:Принтскрин Јутјуб/ Junior Eurovision]]>

Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023 https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-grujeska-ke-ja-pretstavuva-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-2023/ Tue, 16 May 2023 12:28:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302313

Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ја избра Тамара Грујеска за претставник на Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг. Солистката Тамара Грујеска, поддржана од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставува земјава на Јуниорскиот Евросонг 2023 година, кој ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција. Тамара е родена на 02.12.2010 во Гостивар. Своите први почетоци во светот на музиката ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кој ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари. Првиот нејзин настап на интернационален натпревар е во 2021 година на „Езерски Бисери“ во Струга, каде што го освојува Првото место Лауреат I степен. Истата година учествува и на Интернационалниот Фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп каде што освојува највисока Гран при награда со нејзината песна „Музиката во мене има дом“. Истата година учествува и на интернационалниот Фестивал „Шкољкице“ во Нови Сад, Србија каде што повторно освојува Гран при награда. Во 2022 година Тамара учествува и на најпрестижниот фестивал и натпревар во Владимир „Golden Stars Rain“ каде што во конкуренција од 150 натпреварувачи од повеќе земји ја освојува Гран при награда. Гран при награда освои и на меѓународниот фестивал Angel Voice во Белград Србија. Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“-Гостивар во VII одделение и во Основното музичко училиште „Тодор Скаловски“-Тетово отсек „соло пеење“. Љубовта и посветеноста на музиката ја надградува и со онлајн часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Cheryl Porter од САД.]]>

Тамара Грујеска сака да види и да биде нешто што сега го нема, а за тоа вели – „Имам сила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-grujeska-saka-da-vidi-i-da-bide-neshto-shto-sega-go-nema-a-za-toa-veli-imam-sila-video/ Sat, 31 Dec 2022 07:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282344

Тамара Грујеска за повеќето релативно ново име на домашната сцена, но за оние помладите веќе добро познат вокал. 12-годишната Тамара преку детските фестивали, тетовскиот „Јаболчиња“, „Златно славејче“, „Езерски бисери“ во Струга, прилепскиот „Ѕвездички“, „Шкољкице“ во Нови Сад, „Golden Stars Rain” во Русија... сега влезе во работилницата на хитмејкерот Роберт Билбилов, кој ѝ спакува одлична нумера наменета за тинејџерите, но и сите оние кои веруваат во љубовта бидејќи неа и емоциите кон сѐ што е околу нас ги доживува секој без оглед на возраста. Темата носи наслов „Имам сила“ и автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов, додека текстот, што во себе носи една убава порака го потпишува Тања Соколовска. Песната има модерен поп звук, со малку етно елементи и претставува убав спој на младост и квалитет. „Текстот е сериозен и има смисла и поента, а во себе носи една една убава порака. Срцата на децата се чисти и тие заслужуваат да сонуваат за својата иднина, токму таква е и пораката која е насочена до сите деца, но и повозрасните бидејќи токму љубовта и емоциите се она што го доживуваме сите. Тамара покажува дека има сила да види и да биде нешто што сега го нема, но има многу нешто што ќе го даде во иднина, со искрена верба во љубовта на сите околу неа ќе успее во светот на музиката“, вели Дејан Грујески, таткото на Тамара, кој е презадоволен од соработката со Билбилов. Роберт, вели, успеал на да направи посебна песна, која одговара на возраста на Тамара и во себе носи порака дека секое дете треба да се бори за своите соништа. Јавноста освен што може да ја чуе „Имам сила“, веќе може да го види и видеото за кое се погрижи Дарио Јанковиќ и неговата Генерал продукција. Во видеото Јанковиќ ја прикажува Тамара во едно поинакво светло, во еден поширок временски период, како од некој посебен универзум. Тамара со својот посебен стајлинг, дело на дизајнерот Златко Јованоски, е претставена како зрак на надеж и знак за вистинскиот пат на секое дете. Студиото BACKSTAGE од Гостивар и Среќко Ѓорѓиевски, кои секогаш се тука за Тамара, и овој пат се погрижија за нејзината коса и комплетен изглед. Тамара, инаку е шестоодделенка во основното училиште „Гоце Делчев“ од Гостивар, но, исто така, е и ученичка во основното музичко училиште „Енвер Стафаи” и свири пијано. Својот глас го усовршува во музичкото училиште на Андријана Јаневска, отсек соло пеење популарни светски жанрови, а има и online часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Шерил Портер од САД. Уживајте во „Имам сила“ на младата Тамара и верувајте во себе, своите соништа и, секако, љубовта, затоа што само со верба и силна желба може да дојдете до целта. Во продолжение проследете го видеото за темата „Имам сила“ на Тамара Грујеска (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>