тамам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Jun 2023 12:06:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тамам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Груевска на турска купка среде Германија: На распеаната битолчанка турскиот амам и е тамам (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-marija-gruevska-srede-germanija-na-turska-kupka-na-raspeanata-bitolchanka-turskiot-amam-i-e-tamam-foto/ Sat, 24 Jun 2023 07:19:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303932

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега поминале многу македонски кандидати, но ако треба да издвоиме еден повпечатлив,  тогаш тоа е битолчанката Марија Груевска. Таа покрај шокантниот стајлинг на настапите и бројните модно-сценски изненадувања, имаше и одлични вокални интерпретации. По завршувањето на сезоната на „Ѕвездите на Гранд“ во која учествуваше, пејачката  минатото лето  се омажи за своето момче Синиша Стојаноски, а на веселбата присуствуваа околу 600 гости. Недолго потоа, направи уште еден голем чекор во животот кога Марија реши дефинитивно да ја напушти Македонија и се отсели неколку илјади километри од татковината, на запад во Германија, каде сега живее. Иако никогаш официјално не го оставила пеењето, кај Марија нема ништо ново... Ниту на музички план, ниту мна животен, кога е барем проширувањето на семејството во прашање. До душа таа неодамна најави две нови песни чие снимање беше во фаза на реализација. „Снимам две нови песни кои се надевам дека ќе успеам да ги завршам и да ги објавам до почетокот на летото. Нетрпелива сум публиката да ги слушне, но од друга страна сакам се да подготвам темелно како и секогаш“ - изјави неодамна Марија, но до сега ништо ново не слушнавме. Затоа пак Марија и тоа како знае да ужива во животот и неговите убавини, особено ако за тоа има можности, а по се изгледа дека Германија почна да и годи и прија, колку и да изјавуваше дека таму не и се допаѓа: „Се преселив во Германија, но да бидам искрена, не ми се допаѓа таму. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар“. Арно ама, по се изгледа распеаната битолчанка се премислила, па нашла начин како да си го исполни времето и ужива во дадените можности. Дека е тоа така, покажуваат најновите споделени фотографии на пејачката, на кои се гледа дека на Марија топлата купка во турскиот амам и е тамам! Имено, Марија ужива во еден бањски спа ресорт во Германија, каде опуштањето во турската бања ги надмина нејзините очекувања. Најпрвин полевање со топла купка сосе сите ритуали, а потоа опуштено уживање за комплетна релаксација. „Ритуалите во амамот траат околу еден час. Но, ако сакате да останете подолго, само легнете на каменот и уживајте” - напишала пејачката во описот на фотографиите на кои се гледа дека топлата купка во турскиот амам на Марија и е навистина тамам! Фото: Инстаграм принтскрин/marija_gruevskaa    ]]>