талент – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 22:53:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png талент – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никој не обрнуваше внимание на мене: Вики Миљковиќ откри со што се соочила во детството (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nikoj-ne-obrnuvashe-vnimanie-na-mene-viki-milkovik-otkri-so-shto-se-soochila-vo-detstvoto-foto/ Tue, 12 Dec 2023 07:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330692

Вики Миљковиќ уште како девојче покажала талент за пеење, а со својот брат кој свирел хармоника и се родила љубовта кон музиката. Виолета имала само една желба - да стане позната пејачка. Сепак, сè не одело баш како што таа замислила бидејќи нејзините родители сета надеж ја положиле во нејзиниот брат.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

Таткото на Виолета, инаку просветен работник, имал различни желби за својата наследничка, спротивставувајќи се на нејзиниот сон да биде пејачка. - Сите сили беа насочени кон музичкото образование на брат ми, тој одеше на разни натпревари, а сите го следевме како семејство, па бев со стравопочит. Денеска го разбирам татко ми, бидејќи не само што беше воспитувач, туку и помина многу во животот, па знаеше што подразбира оваа работа и сакаше да ме заштити - изјави Виолета без да крие дека членовите на семејството долго време го игнорираше нејзиниот талент. Сепак, ставовите на нејзиното семејство не ја одвратиле од идејата да пее и решила да истрае во својата желба.
 
Како што еднаш призна и самата, барала прилика да им докаже на сите дека е талентирана и дека дарбата што ја поседува е достојна за внимание. - Многу музичари доаѓаа кај нас, но сите беа свртени кон брат ми, а мене никој не ми обрнуваше внимание. Во една прилика таму беше и Рики Лугоњиќ. Сите се собраа околу брат ми што свиреше, беа воодушевени, а татко ми се согласи со него Владица да сними плоча. Гледав отстрана и инсистирав да испеам барем една песна, а на крајот татко ми попушти - открила пејачка. Фото: Printskrin/Instagram/viki_miljkovic
]]>

Жирито во „Ѕвездите на Гранд“ со восхит го слуша и му ласка на велешанецот Мики Секуловски, а еве како изгледаше и звучеше пред 14 години на „Македонски Идол“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zhirito-vo-zvezdite-na-grand-so-voshit-go-slusha-i-mu-laska-na-veleshanetsot-miki-sekulovski-a-eve-kako-izgledashe-i-zvucheshe-pred-14-godini-na-makedonski-idol-video/ Thu, 23 Nov 2023 06:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328179

Со изведбата на „Сонце за три светови“, велешанецот Мики Секуловски го освои жирито во тековната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а истото воодушевување го доби и од следните претставувања. Коментарот дека е најдобар меѓу досегашните учесници кои пеат рок песни, му го кажа Марија Шерифовиќ, што беше сосема доволен знак дека Мики заслужено ќе го гледаме и во останатите изданија од оваа сцена, a ништо поскромни не беа ниту останатите членови на жирито. Некои можеби се сеќаваат на него, а некои можеби и не, но за Мики музиката секогаш била на прво место, освен кога пред шест години заминува во Белгија каде работи како келнер со цел да му помогне на своето семејство. Дури и тогаш песната и натпреварувачниот дух не го напуштаат, па и таму се пријавува на белгиското издание на „The Voice“. За Секуловски музиката никогаш не тргнала од музичките шоуа, туку напротив, тој има завршено средно музичко, а денес е дипломиран оперски пејач. Неговиот живот секогаш се движи во ритамот на музиката, некогаш во побавно темпо, а некогаш ултра забрзано. Така му беше и пред 14 години кога за инстантно време стана популарен како финалист во македонското музичко шоу „Македонски Идол“. Тогаш на истата сцена се натпреваруваше со: Билјана Ѓошева, Јана Бурческа, Виктор Апостоловски, Иван Раденов... Таа приказна заврши, а Мики продолжи во кариерата, сними неколку песни, а имаше и фестивалски претставувањa. Но, кога ќе те снема извесен период, кај нас толку треба за да те подзаборават, се додека не се случи нов бум, како сега со „Ѕвездите на Гранд“, нова прилика, нова шанса, нова реклама и актуелност. Македонците досега биле едни од најуспешните во актуелното шоу, а веруваме дека и Мики е на пат кон врвот, а оваа приказна ќе му заврши далеку поуспешно од претходните. фото: Facebook/Miki Sekulovski/ printscreen You Tube/Zvezde Granda видео: You Tube]]>

Сега е јасно од кого го наследила талентот за пеење: Лина Пејовска пее како Ефто? (видео)  https://arhiva.vistina.com.mk/sega-e-jasno-od-kogo-go-nasledila-talentot-za-peene-lina-pejovska-pee-kako-efto-video/ Thu, 09 Nov 2023 10:56:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326108

Македонската пејачка Лина Пејовска која ја освои публиката во регионалните музички шоуа и ја имаше честа сцената да ја дели со Нина Бадриќ, Петар Грашо, сега призна од кого ги наследила своите вокални способности. Таа го снимила човекот додека пее и на следбениците на социјалната мрежа „Инстаграм“ им ги покажа неговите вокални способности како доказ од кого го наследила талетот за пеење. „За тие што не знаат од каде го имам наследено талентот за пеење: Тато“  -  напиша таа во долгото видео кое го сниминејзиниот татко Ефто, инаку познат скопски угостител, ама очигледно и неоткриен талент, која својата вокална умешност ја докажа на домашната слава. До душа со мала помош на Мишко Крстевски, ама сепак... Ќерка му не остана покуса или поточно не одолеа да не го објави на социјалните мрежи. Дали нему тоа му се допаднало или не,  „Опрости ми папе“ - отиде... во јавност! Инаку Лина Пејовска е доста активна на социјалните мрежи и редовно објавува фотографии и видеа со цел да ги извести нејзините следбеници, за сите активности и новитети. А, неодамна сподели и фотографија со балканската ѕвезда Дадо Полумента со кој  го сними  дуетот „Ти си Ми све“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lina (@pejovskalina)

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лина Пејовска]]>

Лепа Брена никогаш нема да си прости за она што му го направи на брата си https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-nikogash-nema-da-si-prosti-za-ona-shto-mu-go-napravi-na-brata-si/ Fri, 28 Jul 2023 07:47:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311874

Исклучително талентираниот и вреден брат на Лепа Брена, Фарук Јахиќ немаше среќа да стане мега ѕвезда како неговата сестра. Фарук има глас наславеј, за жал, во неговата надареност можеше да се увери само мал круг луѓе до пред неколку години. Пред седум години се појави во емисијата „Никад није касно“, беше еден од натпреварувачите, а од публиката го бодреше никој друг освен неговата сестра. Во еден момент, братот и сестрата дури пееја заедно на сцената, а подоцна објаснија зошто Брена никогаш не му помогнала на својот брат во неговата кариера. - Ќе имаше премногу Јахиќ во шоуто, а тоа и го оставив на сестра ми која знаеше подобро да го искаже - хумористично рече Фарук тогаш, на што Брена се надоврза дека се чувствува малку виновна што не направила нешто во врска со тоа. Спој на околности, невнимание, недоволна желба сите заедно го наведоа братот на Лепа Брена да почне да се занимава со нешто друго, а музиката остана негово тивко страдање. На сите семејни веселби, пак, сака да го користи микрофонот, кој ги радува гостите бидејќи тоа го прави со многу топлина во гласот, што би се рекло од срце. Со оглед на тоа што Фарук не снимил песна или албум цели седум години, се верува дека тој сметал дека е предоцна за нови професионални почетоци. фото:Принтскрин Инстаграм/Јутјуб]]>

Сигурно се сеќавате на Сузан Бојл, живееше тешки денови, а претрпе и мозочниот удар, денес е непрепознатлива (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sigurno-se-sekavate-na-suzan-bojl-zhiveeshe-teshki-denovi-a-pretrpe-i-mozochniot-udar-denes-e-neprepoznatliva-video/ Wed, 07 Jun 2023 07:31:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305221

Шкотската пејачка Сузан Бојл ги изненади фановите појавувајќи се во финалето на „Британија има талент“. На сцената, таа ја отпеа песната што ја изведе на аудицијата во 2009 година, „I Dreamed a Dream“. Меѓутоа, за време на гостувањето во емисијата таа откри и дека во април доживеала мозочен удар и се плашела дека воопшто ќе може да настапи откако ќе и се влошила здравствената состојба. „Одлично е чувството да се биде овде. За мене е навистина посебно бидејќи имав мал мозочен удар во април. Се борев да се вратам на сцената и успеав”, изјавила таа по настапот. Сајмон Кауел, судија во шоуто, ѝ рекол: „Сузан, толку многу ти должиме. Знаев дека не ти е добро, но ако некој се врати на оваа сцена, тоа ќе си ти. Без тебе не би било исто“. Да потсетиме, Сузан Бојл се прослави во 2009 година со настапот во шоуто „Британија има талент“. Таа ја отпеа песната „I Dreamed a Dream“ и за само 72 часа собра повеќе од 2,5 милиони прегледи на Јутјуб. Во споменатото натпреварување, Сузан стигна до финалето, каде што го освои второто место. Во текот на кариерата заработила 22 милиони фунти, но и понатаму продолжила да живее скромен живот. Таа сè уште живее во нејзиниот дом од детството во Западен Лотиан. фото:Принтскрин Јутјуб]]>

Мили призна шокантни детали за себе: „Бев најлошиот ученик во историјата на музичкото училиште (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mili-prizna-shokantni-detali-za-sebe-bev-najloshiot-uchenik-vo-istorijata-na-muzichkoto-uchilishte-foto/ Tue, 09 May 2023 11:33:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301252

Познатиот продуцент откри интересни и шокантни детали за себе, неговиот талент и периодот кога бил ученик во музичко училиште. Еден од најпознатите и најплодните композитори и продуценти на современата музичка сцена, Александар Милиќ Мили, животот воопшто не го разгалил. Со макотрпна и самопожртвувана работа успеал да надомести се што изгубил во детството. Морал да се пресели од луксузен стан од 400 метри квадратни во Осиек во Белград и да спие кај роднина, но денес ужива во куќа на три ката во која се наоѓа и неговото музичко студио. Мили потекнува од академско семејство, на кое е многу горд, особено неговите родители, на кои најважно им било неговото образование и на неговиот брат Иван. Сепак, композиторот наведува дека иако денес е вешт во својата работа, кога бил ученик во музичкото училиште, ништо не укажувало на тоа. - Јас и Иван бевме воспитани така што имавме разни активности, спорт, музика и училиште и ако дававме резултат во тие работи, можевме слободно да правиме што сакаме. Родителите не поддржуваа, особено во музиката. Иван беше одличен пијанист, а јас бев најлошиот ученик во историјата на музичкото училиште, кое има традиција од 200 години. Никогаш ништо не вежбав, играв на 12 години додека сите останати во групата имаа 9 години. Бев катастрофа, но многу рано почнав да правам песни. Веќе на 9 години ја добив првата хрватска награда за поезија за деца. Постојано ме привлекуваше да ги снимам моите мисли и внатрешен свет на хартија - изјави Мили, кој дипломирал на Бизнис академијата во Прага, додека неговиот брат Иван стана еден од најдобрите неврохирурзи во Србија. Иако детството му било безгрижно, војната во Хрватска ја прекинала динамиката на убавите моменти, па тој и неговото семејство биле принудени да дојдат во главниот град на Србија. - Дојдов во Белград без ништо, со маица и фармерки, но уште тогаш мислев дека и ова ќе заврши и дека ќе го прекинам текот на таквиот живот, да спијам со сестра ми Ниница зад шпоретот. Беше тоа чуден и тежок период, но јас не гледав така - изјави Милиќ во својата животна исповед за Гранд. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Прва ТВ]]>

Струмичанката Славица Ангелова им изнуди насмевка, ги разигра и ги натера да играат членовите од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а со тоа заслужено доби и осум гласови (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/strumichankata-slavica-angelova-im-iznudi-nasmevka-gi-razigra-i-gi-natera-da-igraat-chlenovite-od-zirito-na-dzvezdite-na-grand-a-so-toa-zasluzeno-dobi-i-osum-glasovi-video/ Mon, 14 Nov 2022 10:40:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275659

Оваа сабота од изминатиот викенд на Канал 5 телевизија се емитуваше втората епизода од новата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Меѓу натпреварувачита од целиот Балкан застана и 20 годишната струмичанка Славица Ангелова која го воодушеви жирито. Имено, таа беше во придружба на мајка си, а се претстави со „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска и Лутка за бал“ од „Парни ваљак“ и импресионираше соп својот талент. Прв за неа даде глас Ѓорѓе Давид, потоа Вики Миљковиќ, Цеца Ражнатовиќ, а следеа и останатите, па дури и Босанац кој со стартот на актуелната сезона не е расположен за давање гласови. Инаку,Славица е студентка на медицина, се има натпреварувано и во „Неки нови клинци“, а нејзината мајка цело време ја бодреше во бекстејџ заедно со Војо Недељковиќ кој исто така играше. Кога ги доби сите осум гласови, Ангелова не можеше да се одлучи кој да биде нејзин ментор, велејќи дека тоа е многу тешка одлука за неа, па помеѓу Ѓорѓе Давид и Шерифовиќ, таа се одлучи за Ѓорѓе. -Голема чест ми е! Морам да ви кажам дека од Џејла Рамовиќ не се појавил никој, барем во мојот случај, кој вака ме изненадил и воодушевил - изјави Ѓорѓе Давид Славица го избра за нејзин ментор. Нејзиниот настап можете да го погледнете на 55.00 минута: фото:Јутјуб принтскрин/Ѕвездите на Гранд]]>

Бакшишот уште полесно се лепи: Гавазова е вистинска атракција на свадбите каде пее – ова не го прави ниедна нејзина колешка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bakshishot-ushte-polesno-se-lepi-gavazova-e-vistinska-atrakcija-na-svadbite-kade-pee-ova-ne-go-pravi-niedna-nejzina-koleshka-foto/ Mon, 24 Oct 2022 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261393

Фолк пејачката Сузана Гавазова каде и да се појави, со својот изглед, маркантноста, енергијата и вибрациите кои ги шири кон опкружувањето –таа е во фокус на внимание. Дека е една од најбараните пејачки на свадбени и прослави од различен тип, е повеќе од познато, а дека таа е неумерна во било што и да прави, покажуваат нејзините активности кои редовно ги покажува преку социјалните мрежи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Пее, танцува, готви, се покажува како грижлива мајка и сопруга, приврзана кон семејството... Сузе е ултра исполнителна, а се’ тоа го прави со љубов,страст, желба.. Овој пат, на својот Инстаграм таа ја покажа својата втора голема љубов покрај пеењето, а тоа ни повеќе ни помалку се тапаните. Дека научила да удира покажа во неколлу „стори“ објави каде е седната зад удирачкиот инструмент, а подоцна тоа го покажа и на свадбена прослава каде меѓу гостите удира на тапаните и прави вистинска атракција. Дека вака бкшишот уште послесно доаѓа е повеќе од сигурно, а за она што го може Сузе сигурно ќе се зборува меѓу оние што видоа виртуелно, а особено меѓу оние кои непосредно ја гледале и слушале и оваа нејзина вештина. Удри јако Сузе! фото:Инстаграм/Сузана Гавазова]]>

Ликот го наследил од татко му, но и талентот за музика: Кој е синот на познатиот Тома Здравковиќ? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/likot-go-nasledil-od-tatko-mu-no-i-talentot-za-muzika-koj-e-sin-na-poznatiot-toma-zdravkovikj-foto/ Mon, 03 Oct 2022 09:29:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269694

Тома Здравковиќ е легендарениот пејач кој прерано замина, а неговото сеќавање е зачувано преку филмот „Тома“ кој денес е еден од најгледаните. Познатиот пејач Тома Здравковиќ остави неизбришлива трага во музиката, неговите песни се вечни, а емоцијата што ја пренесе е неопислива со зборови. Беше женет четири пати и има две деца. Од бракот со Славица во 1963 година ја има ќерката Жаклина, а со сопругата Гордана синот Александар. Синот на Тома Здравковиќ е роден во 1978 година во Торонто, каде што сè уште живее и работи. Тој никогаш не бил експониран во јавноста, а во една прилика кога се појавил, сите се согласиле дека сликата е на неговиот славен татко. За жал, Тома почина кога Александар имал само 13 години. Гордана и Тома врската ја започнале во Канада, а по раѓањето на синот се вратиле во Белград. Таа во сè го поддржуваше пејачот и беше негова безусловна поддршка, а нивниот заеднички живот го одбележаа бројни подеми и падови. ‒ Кога ќе дознаат чиј син сум, прво ме прашуваат како сум растел со него. Порано се претставував како Александар Саша, за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ. Бев премногу млад кога умре, дури подоцна сфатив колку значеше за музиката и што остави зад себе. Кога започна мојата прва љубов, почнав да ги разбирам неговите песни - изјави еднаш Александар. Александар не само што физички личи на својот татко, тој од него го наследил и талент за музика, па има музичко студио во родниот Торонто каде што создава песни и се занимава со уметност. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/Пинк]]>

Илда Шаулиќ откри за што не е способна: „Не научив ни после 20 години“ https://arhiva.vistina.com.mk/ilda-shaulikj-otkri-za-shto-ne-e-sposobna-ne-nauchiv-ni-posle-20-godini/ Tue, 28 Jun 2022 11:44:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256271

Илда Шаулиќ е многу талентирана за музика, но игра тенис и тренира деца. Сепак, таа откри дека една работа е надвор од нејзина контрола. Таа неодамна во јавноста се појави со својот кум, шминкерот Душан Лазиќ Лаз и изјави дека не е многу талентирана за шминкање. "Се шминкам понекогаш сама но, не сум умешна. Кумот ми се смее секогаш кога јас се средувам. А јас велам  дека треба да се срами што ништо не научив после 20 години. Навистина јас немам талент за тоа“, признала Илда Шаулиќ. Фото: Принтскрин/Инстграм /ildasaulic]]>