талејонго мемедовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Nov 2022 08:56:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png талејонго мемедовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Во овие 20 години кариера секогаш несебично помагав“: Елена Ристеска се впушти во нов бизнис (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ovie-20-godini-kariera-sekogash-nesebichno-pomagav-elena-risteska-se-vpushti-vo-nov-biznis-foto/ Thu, 10 Nov 2022 08:56:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275191

Почетоците во било која работа се особено тешки, но секогаш добриот план, посветеноста и истрајноста, кога тогаш резултираат со успех. Во случајот на Елена Ристеска почетокот е обостран, како за неа, така и за оние кои се вклучени во нејзината мисија. Ако пред 20 години кога ја започна својата музичка кариера имаше менаџер и продукција зад себе, сега таа за младите таленти се става од другата страна, односно ја заснова и активира својата ЕРА продукција која ќе им помага во музичката кариера на млади и потенцијални ѕвезди. Сега во селекцијата на Елена се три имиња меѓу младите музички таленти: Барбара Ракиќевиќ, Мите Стоилков и Талејенго Мемедоски. Барбара е ќерката на екс-водителката Мелита Ракиќевиќ, Мите Стоилков е добро познат како еден од најмоќните вокали кој го запознавме во „Ѕвездите на Гранд“, додека Талејенго е прилично ново лице на сцената.
-Во овие 20години кариера секогаш несебично помагав на младите потенцијални ѕвезди, како и на своите колеги. Овој пат имам поголема мисија , мисија да застанам како ЕРА продукција зад оние млади таленти за кои верувам дека имаат потенцијал да станат вистински ѕвезди. Како менаџер, како автор или како ментор, целта ми е да им го пренесам своето искуство во музиката и да трасирам една посигурна приказна во нивните кариери. А секако и да начнам нова енергија на македонската музичка сцена. Вчера беше нашето “крштевање” во @forzawinebar на кои сум им благодарна за поддршката во остварување на мојата идеја “Поддржи нови таленти” заедно со Винарија Сопот. Посебно сум горда на моите ЕРА ѕвезди @barbara_rakicevic @mitestoilkov @taleyengo кои предизвикаа неколку биса и овации кај публиката, иако на некој од нив му беше и прв настап во животот. Секој кој сака да ги поддржи новите ѕвезди може да присуствува на овие настани во иднина. Наскоро ќе ги запознаете и другите имиња зад кои застанувам, до тогаш ценете го своето македонско богатство создадено од таленти и музика, пишува Елена на својот Инстаграм профил. „Крштевање“ беше за младите уметници, но беше и за сопственичката на новата продукција ЕРА која го има истото име како и козметичката линија која ја работи веќе неколку години. Ристеска заедно со сестра си Драгица од првата маса во ресторанот каде пееја нејзините Барбара, Мите и Талејенго, им беше најсилната поддршка, па дури и таа вокално им се придружи. Музиката кога е во прашање кариерата на Елена се уште е во мирување, но затоа бизнис апетитите поврзани со музиката функционираат одлично, барем засега. Познато е дека на македонскиот музички пазар не е лесно да се функционира и егзистира, а веруваме и ја поддржуваме Елена во својата музика и посакуваме да биде успешна приказна со која ќе помага, секако заработува и ќе биде горда на своите и успесите на екслузивците. фото:Инстаграм принтскрин/Елена Ристеска]]>