таксират – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 13:35:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png таксират – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Таксират“ по 25-ти пат: Десет музички ѕвезди на главната вечер на 7-ми декември во арена „Борис Трајковски“ https://arhiva.vistina.com.mk/taksirat-po-25-ti-pat-deset-muzichki-zvezdi-na-glavnata-vecher-na-7-mi-dekemvri-vo-arena-boris-trajkovski/ Wed, 06 Dec 2023 09:10:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326270

На три сцени кои ќе бидат поставени во скопската Арена „Борис Трајковски“ со настапи на десет различни музички ѕвезди, на Главната вечер збирно место ќе има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена. На Таксират годинава пристигнува од Франција со психоделично-ориенталниот електронски звук на ACID ARAB (Ејсид Араб), парискиот музички колектив познат како транскултурен еклектичен спој на музичките стилови од целиот свет. Покрај нив, жанровската фузија во единствен уникатен звук ќе ни ја претстави и извонредниот DUB FX (Даб еф-икс), австралискиот музичар, визионер, уличен уметник и општествен активист кој на „Таксират“ ќе го промовира новиот, долгоочекуван албум „Infinite Reflection” и, како што самиот нагласува, ќе ја претстави новата димензија на неговите концертни настапи.
Главната вечер на „Таксират“ е резервирана и за едни од најпочитуваните балкански изведувачи со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници и големи пријатели на организаторот „Пасворд Продукција“ и музички уметници кои се заслужни за најмасовните и најенергичните настапи кај нас. Тука спаѓа еден од најдобрите бендови од регионот, Дубиоза Колектив, секогаш импресивната екипа која ги освои најголемите светски фестивали и повеќе од 20 години руши рекорди со огромен број на меѓународни концерти, низ кои ја имаат освоено публиката од секој дел на планетата. Од македонската сцена пак, тоа е маестралниот Кирил Џајковски, зачетникот на глобалниот феномен познат како „балкан бит“ кој со своето повеќе од 20-годишно творештво се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници од југоисточна Европа. Покрај Кирил Џајковски, домашната сцена ќе ја претставуваат уште две легендарни имиња со кои се гордее македонската музичка алтернативa: SMUT (Смат), основоположниците на метал-кор музиката во Македонија и регионот, како и СТРАЈК, неприкосновеното рап име од скопската андерграунд школа. Од регионот, покрај „Дубиоза Колектив“ и претходно најавените ЛЕТ 3 од Хрватска, на главната вечер ќе настапат и С.А.Р.С., алтернативната рок група која со иновативниот музички израз си го заслужи своето место како еден од најатрактивните изведувачи на регионалната музичка сцена, како и Смоке Мардељано, најпочитуваниот претставник на бунтовната генерација од белградскиот хип-хоп, но и Мими Мерцедес, eдна од првите и најистакнати раперки од српската музичка сцена. Годинава, јубилејното 25-то издание се одржува со програма која вкупно брои повеќе од 60 концерти и настапи на различни локации во Скопје, а која ќе биде заокружена со финалната прослава и настапите на овие 10 музички ѕвезди во една, Главна вечер, на 7-ми декември во Арена „Борис Трајковски“. Билетите за главната вечер на „Таксират“ се веќе пуштени во продажба со најповолната супер-промотивна цена, резервирана за најбрзите 1000 купувачи во продажната мрежа на МкТикетс.
]]>

25-то издание на „Таксират“ започнува со концерт на „Shortparis“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/25-to-izdanie-na-taksirat-zapochnuva-so-koncert-na-shortparis-vo-mkc/ Thu, 05 Jan 2023 13:34:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283028

Јубилејното, 25-то издание на Таксират Фестивал започнува со првиот соло-концерт во Скопје на ексцентричниот бенд SHORTPARIS!
На 17 јануари 2023, Младински Културен Центар ќе биде домаќин на една од „најдобрите live групи“, препознатлива по уникатни настапи. Shortparis предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комјагин својата репутација ја градат на темен, електронски звук спојувајќи „ирационален спазматичен ритам“ со „пост-панк, експериментални и акустични песни“ за да формираат единствена музичка естетика. Тие со својата музика ги претставуваат нивните секојдневни животи, мелодија која го отсликува Санкт Петербург, градот од кој потекнуваат, во неговото минато како и во денешницата.
Промо-билетите се достапни на веб-страната на MkTickets: https://mktickets.mk/event/shortparis/ и во нивните продажни места.

“Таксират” и “Д Фестивал” номинирани за најдобри фестивали во Европа https://arhiva.vistina.com.mk/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/ Tue, 22 Nov 2022 10:44:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276918

Двата најголеми фестивали во организација на „Пасворд Продакшн“ – “Таксират” и “Д Фестивал”, се во трка за престижните „Европски Фестивалски Награди“ (European Festival Awards), најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Нашите фестивали се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави ширум Европа. Зимскиот “Таксират” влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак “Д Фестивал” е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10.000 посетители дневно. По оваа исклучително значајна номинација, за изборот на победницте следно е главниот збор на милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и македонската публика. „Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката. Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа – European Festival Awards јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември]]>

Македонија стои, Таксират постои! – онлајн концерти на ПИН ТВ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-stoi-taksirat-postoi-onlajn-koncerti-na-pin-tv/ Mon, 14 Dec 2020 13:09:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180785

Ако Таксират е народски познат како “bad luck”, а 2020-та како пандемска, тогаш за нас ова е природна состојба. Не смеете да шетате, да се дружите, нема проблем цел декември ќе дојдеме ние кај вас!, велат од Пасворд продукција. Така, седејќи, размислувајќи надвор од сцената, се роди идејата за ПИН ТВ – 24 hour NO party people! Дваесет и две години по ред, Таксират Фестивал e малата коцка во градењето на културниот живот во Македонија! ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во телевизиски формат со времетраење од 13 ЧАСА, која  беше ексклузивно емитувана на 13-ти декември (недела), под наслов “24 hour NO party people”, на МРТ 3, како и ФејсбукЈутуб каналите на Таксират Фестивал и единствената музичка конференција ПИН. Нејзиниот карактер е динамичен, а нејзината цел е на уникатен и наш начин, да ги документира сите случувања од светот на креативната индустрија во изминатиот период. Целата програма ќе биде бесплатна за гледање, споделување и уживање во искуството на стотици музички професионалци, пријатели и соработници од 40 различни држави. Дознајте што ПАПАТА бара во рајдер за бекстејџ, кои се омилени бендови на ХЕЛСИНКИ од LA CASA DE PAPEL, кои песни ги обожава ROCCO SIFFREDI, дали ќе го биде EXIT FESTIVAL, POHODA или GLASTONBURY, дали е потребно музичко ЕКСПОРТ биро во Македонија, како да се заработи од ТИК ТОК, колкави хонорари се вртат во светот на музиката Но, не е само тоа, Таксират екипата, тивко и дисциплинирано изработи точно 20 КОНЦЕРТИ! Иммавте можност екслузивно да ги гледате на 13-ти на ПИН ТВ, но и цел останат декември – месец традиционално резервиран за Таксират Фестивал.
СУПЕРХИКС, БЕРНЕЈС ПРОПАГАНДА, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, ЉУБОЈНА, ЏАМБО АГУШЕВ, победниците на Лузер Фест – CUT YOUR NIPPLE, АНТОНИЕ ВЕСКОВСКИ, ФАНКИ ФРЕШ, ПЕРИЈА, ЈОН АЈДИ, ТОКА ШИТЕТ, ќе ви ја доловат убавината на Скопје кое ќе биде и домаќин на изведувачи од УгандаКанадаСловачкаГрцијаЧешкаФранцијаБелорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинашниот ПИН ТВ – Германија.

Со концерт на „Архангел“ вечер почнува 22. издание на Таксират https://arhiva.vistina.com.mk/so-koncert-na-arhangel-vecher-pochnuva-22-izdanie-na-taksirat/ Sun, 11 Oct 2020 09:17:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170984

Со концерт на групата „Архангел“, под мотото „30 години љубов“ вечер во салата „Борис Трајковски“ почнува 22-то издание на Таксират. Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот концерт. Една недела подоцна, на 23 октомври, програмата продолжува со соло концерт на „СТРАЈК“. Во рамките на Таксират Фестивал #22, ќе се одржи и седмото издание на музичката конференција и шоукејс фестивал кај нас – ПИН. Со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, годинава, ПИН ќе се одржи во три програмски денови, од 26 до 28 ноември, на повеќе локации низ Скопје.]]>

„Таксират“ фестивал #21 https://arhiva.vistina.com.mk/taksirat-festival-21/ Fri, 15 Nov 2019 13:07:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118871

„По 21-ви пат да го превртиме Скопје наопаку на 7-ми декември во СЦ Борис Трајковски“ порачуваат организатотрите на фестивалот  „Таксират“ кој ќе се одвива на три фестивалски бини. За едно Скопје кое 21 година го живее Таксират и line up за нови спомени“. Билетите по ктуелна промо цена се пуштени во продажба и таа важи за првите 1.000 продадени влезници кои можат да се купат во продажната мрежа на MkTickets. За фестивалското финале и главната вечер на 21-во издание на Таксират веќе ги имаат и првите потврдени изведувачи: Chase & Status,  Peter Bjorn and John,  Hladno pivo (official), BEOGRADSKI SINDIKAT, Vojko Vrućina, Superhiks, MvrSvr Production, KUKU$ TV, Buntai, Klinac, 30 Zona...]]>

„Прво па женско“ и „Таксират 2019“: Мави Феникс на 10 мај во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/prvo-pa-zensko-i-taksirat-2019-mavi-feniks-na-10-maj-vo-mkc/ Thu, 02 May 2019 10:21:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85607

„Лоу-фај поп-хероината Мави Феникс ќе ве магепса“, вака е опишана 22-годишната австриска уметница што ќе го има првиот концерт во рамките на годинашниот „Таксират“, на 10 мај во МКЦ. 22-годишната Мави Феникс која живее во Виена, а потекнува од Линц, Австрија, покажува дека со вистински талент уметникот може да стекне интернационална слава без разлика на тоа од каде доаѓа. Ја почнува својата музичка кариера на само 11 години со пеење, рапување и продукција. Уште од тоа време развива свој уникатен стил, а сега станува сѐ попозната и достигнува огромен успех. Нејзината музика го има привлечено вниманието на неколку светски познати брендови или авторитети во музиката (како i-D, Nylon, Pitchfork, The Line of BestFit, The Fader и COLORS) кои веќе ја имаат повикано да настапува. Лани Мави Феникс имаше настапи на неколку големи европски фестивали, вклучително и на The Great Escape и Primavera Sound (во Барселона и Порто), а на 10 мај премиерно ја слушаме во живо на „Прво па женско“ во МКЦ, поддржано од „Таксират“.]]>

„Киборг“ со самостоен концерт на „Таксират #20“! https://arhiva.vistina.com.mk/kiborg-so-samostoen-koncert-na-taksirat-20/ Sun, 14 Oct 2018 12:30:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52830

Фестивалот „Таксират“, во рамките на програмата на јубилејното 20. издание, има чест да го најави и самостојниот концерт на „КИБОРГ“, култното име на македонската сајбер-панк музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот индустријал-бенд во Македонија! По 20 години пауза „Киборг“ се вратија на сцената минатата година со одличниот концерт на ПИН музичката конференција, кој воедно беше и еден од најпосетените од 30-те концерти кои се одржаа на ПИН. По ланскиот успех, „Киборг“ сега се повторно во атак со нивниот моќен аудио-визуелен концепт на извонреден сајбер-панк звук, овој пат со самостоен концерт на 6 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Како бенд „Киборг“ започнува со работа кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје. Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија. По многу жртви, конечната постава беше дефинирана. Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods“, кое им обезбеди место во музичката историја. Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни. По две децении, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен сајбер-панк, да проповедаат малку и се забавуваат… КИБОРГ се: Дарко Јаневски – вокал, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури. Билетите за концертот на „Киборг“ се веќе пуштени во претпродажбаонлајн и во сите продажни места на МкТикетс.]]>

ПИН 2018 во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/pin-2018-vo-mkc/ Tue, 09 Oct 2018 06:38:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52201

Во одбележувањето на големиот јубилеј на фестивалот „Таксират“, кој годинава го прославува своето 20. издание, нѐ очекува и новото издание на ПИН музичката конференција! Првата и единствена кај нас меѓународна музичка конференција и шоукејс-фестивал годинава ќе се одржи по петти пат, од 29 ноември до 1 декември, а токму со овој настан во Младинскиот Културен Центар во Скопје официјално ќе биде отворена програмата за славеничките „Денови на Таксират #20“! ПИН, како еден од најзначајните проекти во кој „Таксират“ и „Пасворд продакшн“ го вложуваат сиот свој капацитет, меѓународните искуства и успеси, е настан кој во државава ги собира сите најрелевантни имиња од европската музичка индустрија во тридневна програма на која се презентираат и дискутираат актуелните теми од музичкиот бизнис, а која во концертната програма ги претставува новите таленти и најпотенцијални музички изведувачи од различни земји.]]>

Со концертот на „Крафтверк“, започнува 20. „Таксират“ https://arhiva.vistina.com.mk/so-koncertot-na-kraftverk-zapochnuva-20-taksirat/ Tue, 27 Feb 2018 12:58:12 +0000 http://vistina.mk/?p=14168

Фестивалот „Таксират годинава го прославува својот голем јубилеј и со богата концертна програма во текот на целата година го одбележува своето 20. издание! По овој повод, првиот во низата ексклузивни настани на „Таксират“ е, ни повеќе ни помалку туку концертот на германските пионери на електронската музика, легендарните „КРАФТВЕРК“, кој ќе се одржи утре (27 февруари) во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје! „Крафтверк“ гостуваат во Скопје по 13 години од нивниот прв настап кај нас, кој сѐ уште важи за еден од најдобрите концерти кои се одржале во Македонија воопшто, а овој пат ексклузивноста на нивното гостување е збогатена и со спектакуларното 3-Д визуелно шоу кое е дел од нивните концерти на исклучително успешната актуелна турнеја! За таа цел, секој од посетителите, при влезот на концертот ќе добие и брендирани 3-Д очила. „Крафтверк“ доаѓаат во Скопје со огромен тим кој ќе се погрижи овој концерт да биде доведен до перфекција и кој работи на комплетната техничка и продукциска реализација на секој од концертите во нивната турнеја. Вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите од 19.00 часот, а почетокот на концертот е точно во 20.30 часот. Поради големиот број на посетители и со цел да се избегнат гужвите, за време на концертот во арената „Борис Трајковски“ во функција ќе бидат повеќе влезови: главен влез (југ), ВИП влез (запад – од страна на лизгалиштето) и страничен влез (исток – од страна на базенот).
Сите оние кои своите билети ги купиле онлајн, ги известуваме дека нема да се врши замена на ваучерите за билети, туку задолжително треба да ги испечатат електронските ваучери (PDF документот во нивниот и-мејл) и да ги приложат при влез на концертот заедно со документ за лична идентификација. Оние онлајн купувачи, пак, кои сепак преферираат да имаат класичен билет за нивните колекционерски потреби, ќе можат да ја направат оваа замена веднаш по завршувањето на концертот, на билетарницата во арената „Борис Трајковски“. При влегувањето на концерт сите посетители ќе се претресуваат за проверка на предметите кои тие ги внесуваат. Во концертната сала, покрај храна и пијалоци како и вообичаено забранетите предмети, не смее да се внесува професионална и полупрофесионална аудио и видео опрема за снимање и пренос на концертот, што вклучува камери и фотоапарати со кои може да се користи објектив. На посетителите на концертот на располагање им е и паркингот на ВИП арената „Борис Трајковски“, но поради неговиот лимитиран капацитет и големиот број на посетители, а со цел да се избегне гужвата, организаторите препорачуваат да го користите јавниот превоз или околните паркинзи за возилата. Сите заинтересирани посетители кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници за концертот на „Крафтверк“ ги известуваме дека фан-пит и партер билетите се целосно распродадени, а преостанатите билети за трибините, можете да ги купите преку продажната мрежа на МКтикетс или онлајн на овој линк.]]>