таксират 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Oct 2020 11:12:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png таксират 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Култните „Лајбах“ ќе прослават 40 години постоење со концерт во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/kultnite-lajbah-kje-proslavat-40-godini-postoenje-so-koncert-vo-skopje/ Fri, 02 Oct 2020 11:12:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169753

По две години од последниот концерт во Скопје на „Таксират“, едни од најпровокативните музичари на територијата на поранешна Југославија – „Лајбах“, се враќаат на бината на „Таксират Фестивал“ ! Под мотото “LOVE IS STILL ALIVE”, култниот словенечки колектив ќе прослави 40 години постоење во Скопје на 29-ти октомври  во СЦ  „Борис Трајковски”. „Лајбах“ уште на почетокот на 80-тите години стана гордост на бунтовните и прогресивни луѓе во регионов и пошироко, а останаа запаметени како прототип за голем број бендови, меѓу кои и славните Германци „Рамштајн“. По 40 години кариера, тие сѐ уште важат за најголемиот меѓународно признат бенд од поранешните комунистички земји од Источна и Централна Европа, а и покрај светскиот успех, „Лајбах“ успева да стои настрана од секаква поп-одредница и до ден денес е верен претставник на музичката авангарда. Како вистински легенди тие важат за едни од најгенијалните индустријал уметници на сите времиња, кои воведоа нов пристап кон музиката. Нивната музика и идеи ги поставија корените на она што денес се смета за „милитаристички индустријал“, со извонредни дела кои важат за силна критика на механизираноста и оркестрираноста. Стилот на „Лајбах“е пред сѐ критикувачи уметнички перформанс кој постојано посочува кон уметноста која станува алатка на тоталитаризмот и си поигрува со крајните граници на естетиката на фетишизмот и милитаристичката моќ, а може да ве натера да размислувате, да танцувате и да марширате на истата музика. Билетите се достапни во продажба онлајн на – bit.ly/3jucYUs и во продажната мрежа на MkTickets.
]]>