тајзи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Jan 2024 10:13:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png тајзи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска за роденденот ги почести своите обожаватели со долго чувани ноти и стихови – „Мразам што те сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-za-rodendenot-gi-pochesti-svoite-obozhavateli-so-dolgo-chuvani-noti-i-stihovi-mrazam-shto-te-sakam-video/ Mon, 22 Jan 2024 10:13:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335620

Македонската музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера, недела 21 јануари 2024, наполни 23 години. По тој повод својата многубројна публика реши да ја почести со нова песна. Овојпат во прашање е моќна балада која никогонема да остави рамнодушен. Новата нумера со наслов „Мразам што те сакам“, всушност и не е нова, туку се работи за песна која е создадена уште во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка, за која таа вели: „'Мразам што те сакам' е песна што ја направивме со Лазар Цветковски во 2021 година. Година во која имав многу предизвици, многу насмевки и многу солзи. Кога ќе се навратам наназад и добро што не ја објавив тогаш, ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа. Антониа што после три години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во истата. Се надевам и верувам дека ќе допре до многу срца, како што допре до моето. Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден. Ова е мој ден, се радувам што добив многу честитки и во тоа име сакам да им ја подарам песната што ја сакам многу искрено, со цело срце и душа. Како првиот ден“ - вели Гиговска. Инаку текстот за оваа песна е дело на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот како што изјави Антониа е на продуцентот Лазар Цветковски. Ова е нејзина прва песна за 2024 година и таа е само најава за она што допрва следува, а следуваат многу нови песни, видеоспотови, соработки и се разбира, многубројните настапи ширум Македонија. Како изгледа и звучи кога Антониа три години ќесе воздржува пред да ти признае:  „Мразам што те сакам“ - проследете од видеото во продолжение. ]]>

На младата Драгана Јовановска и се смешка блескава кариера со нејзината нова песна – „Камиказа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-mladata-dragana-jovanovska-i-se-smeshka-bleskava-kariera-so-nejzinata-nova-pesna-kamikaza-video/ Mon, 05 Jun 2023 12:34:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304977

Многумина ја забележаа на едно регионално музичко натпрварување каде со своите вокални квалитети успеа да ги освои симпатиите на публиката, не само во Македонија, туку и во поранешните југословенски републики... Тогаш беше навистина малечка (9), а многумина и прогнозираа блескава музичка кариера... По се изгледа овие предвидувања од тогаш полека се остваруваат, а како и не би кога таа потекнува од музичко семејство. Младата кумановка е ќерка на познатата македонска фолк пејачка, Тања Јовановска Трајкова, која настапува заедно со својот сопруг Младен кој е исто така музичар и свири клавијатури. Драгана Јовановска (16) денеска ја објави нејзината втора авторска песна. Новиот проект на Драгана носи наслов „Камиказа“, а за истата таа со својот тим од соработници сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува Горан Симјановски. „Целиот спот е сниман во прекрасните делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“ во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Јас лично сум многу задоволна од целиот проект кој заедно со многу луѓе кои се воедно и мој тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело“ - вели Јовановска. Инаку на оваа песна работеа едни од најквалитените музички имиња во нашата земја, тоа е продуцентот Иле Спасев и познатиот рапер Тајзи. Драгана не застанува тука, таа веќе работи на новите проекти и ветува во иднина многу нови песни, видеоспотови и големи проекти... До тогаш уживајте во „Камиказа“ која можете да ја проследите од видеото во продолжение, а доколку ви се допаѓа лајкнете и споделете. ]]>

Александра Јанева со музичка посвета до сите манипулатори – „Утрото ќе промени се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-so-muzichka-posvetena-do-site-manipulatori-utroto-ke-promeni-se-video/ Wed, 31 May 2023 06:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304383

Доволно храбра да наметне нови стандарди и доволно своја и автентична да влијае на прогресот и трансформацијата на поп кулутрата кај нас. Таа дефинитивно е една од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена. Нејзиното име е Александра Јанева и токму таа, на јавноста и го претстави своето ново музичко парче кое го носи насловот „Утрото ќе промени се“, а со својот глас и чиста емоција и овој пат никого не остави рамнодушен. Оваа песна беше затворена во фиока повеќе од една година, го чекавме вистинскиот момент за да ја објавиме и еве конечно дојде. „Секој стих од мојата музика е вистинска приказна. 'Утрото ќе промени се' зборува за тоа дека понекогаш е подобро да кажете не и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје. Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не и да се борам за она што е добро за мене. Затоа што кога ќе го научите тоа, ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е“ - вели Александра. И за овој проект Александра работеше со одбрана екипа. Зад текстот се потпишуваат Драги Величковски - Тајзи и Лазар Цветкоски, музиката е на Александра и Лазар, а     видеозаписот го потпишува Горан Симјаноски.   Во маестралноста и квалитетите на Александра Јанева досега се имаме уверено многупати. А сигурни сме и дека она што допрва ќе го чуеме од неа ќе биде исто толку добро и емотивно како и се што досега има сработено. Во продолжение слушнете ја „Утрото ќе промени се“, песна за која сме сигурни дека ќе сакате да ја слушате одново и одново. ]]>

Генерална проба за меден месец: Тајзи ќе се жени?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/generalna-proba-za-meden-mesets-tajzi-ke-se-zheni-foto/ Tue, 21 Mar 2023 08:56:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294210

Кумановскиот рапер Драган Величковски – Тајзи е во љубовен полет. Ако досега беше резервиран да открива детали од својот љубовен живот, сега нештата се променија, а промените дојдоа поради долгогата убавица Ангела Анчевска. Атрактивната русокоса манекенка, модел и мисица e девојката која Тајзи ја држи за рака, а и таа него. Заљубени, возбудени и со пеперутки во стомакот, се решија на романтично патување по Медитеранот. Почнаа од Хрватска, беа во Сплит, а потоа се упатија кон Милано. Својата љубовна авантура ја документираа на „стори“ на Инстаграм, а богами приложија доста. Уживање во џакузи, па во апартман, добра храна и кафе... Целото тоа зачинето со многу љубов романтика и цвеќе. Кога стигнаа до Венеција, како заљубени туристи, се качија на гондола. Прекрасни градби, канали и возење љубовен за спомен... Овој италијански град е вистинско уживање за туристите, особено оние заљубените, баш како Тајзи и Ангела. Фотографија од ваму и таму, фотографија од неа, па од него и секако оние најважните – заедничките. На ваквите патувања најчесто следат изненадувањата со прстен за запросување, но засега во објавите на Тајзи и Ангелла се уште нема нешто такво на повидок. Романтичното парување по Медитеранот се уште трае, а дали ќе има нешто повеќе од она досега, знае само Тајзи или пак ова ќе им биде генерална проба за меден месец?! фото:Инстаграм принтскрин тајзи/Ангела Анчевска]]>

Тајзи на „Камп Ноу“ си посака желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-na-kamp-nou-si-posaka-zhelba-eden-den-moja-pesna-ke-se-pee-na-ovoj-stadion-foto/ Wed, 08 Mar 2023 10:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292262

Македонскиот (т)рапер Драги Величковски попознат под уметничкиот прекар Тајзи  е хиперактивен и тоа во секој поглед. Со други зборови, популарниот кумановец не седи мирен ни минута, туку постојано нешто работи, некаде оди, настапува, патува... Покрај хиперпродукцијата од песни, која се огледа во тоа што речиси секој месец излегува нова песна од неговата креативна работилница, како оваа последната „Легализирај“  (Legalize),  која излезе деновиве, Тајзи не застанува ниту со настапите. Во меѓувреме меѓу две влегувања во студио или две качувања на сцената на некој ноќен клуб или дискотека, кумановскиот уметник реши малку да ја смени работната навика со шетачка и да се престори од артист во турист.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

Тајзи го спакува куферот, седна во авион и правец - Шпанија, да го види најубавиот град и неговиот прочуен стадион. Барселона е сон на секој од нас, особено ако си уметничка душа како Тајзи, зашто и самиот град дише со уметност. Од прекрасните градби на Антони Гауди, музеите за модерна уметност до гастрономската уметност во прекрасните ресторани покрај златното крајбрежје. И секако, уметниците со „бубамарата“ во играта која важи за „најважната споредна работа на светот“, а нив во еден од најпознатите светски клубови отсекогаш ги имало. Барса ги прославила, а и тие неа... И латино-американските волшебници со топката како Марадона, Роналдињо или Меси и европските фудбалски кралеви како Кројф, Фиго, Ибрахимовиќ и нејзините деца како Чави, Иниеста, Пујол, Пике... А, нејзиниот легендарен дом, стадионот „Камп Ноу“ секогаш исполнет „до крај“ со една од најверните публики на светот. Токму затоа, Тајзи откако пристигна во Барселона и ги смести куферите во хотелската соба, веднаш побрза да стигне на посакуваната дестинација - викенд натпреварот на Барселона на „Камп Ноу“. Таму во дресот на Барса и неговото име име испишано на грбот, Тајзи се најде среде  речиси стоилјадната публика. Ако не како единствениот Македонец на стадионот, тогаш сигурно како единствениот со развеано македонско знаме преку себе... И тоа она - вистинското, со 16 - кракото сонце од Кутлеш! „Една земја, еден клуб, една љубов...“ - како што тоаа најчесто го велат најверните навивачи. А Тајзи покрај сето тоа на „Камп Ноу“ си посака и една желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ - порача распеаниот Македонец од срцето на главниот град на Каталонија, преубавата Барселона, замислувајќи го денот кога токму тој ќе го наполни на свој концерт велелепниот „Камп Ноу“. Дај Боже животниот сон во вид на посаканата желба да му се оствари, му посакуваме и ние!]]>

Тајзи бара легализација за „релаксирана“ нација во – „Legalize“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-pee-bara-legalizatsija-za-relaksirana-natsija-vo-legalize-lirik-video/ Wed, 01 Mar 2023 13:54:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291263

Легалното уживање во „билката“ за релаксација и рекреација во Македонија и понатаму е под забрана. Токму затоа оние што се поборници за истата не престануваат да ја бараат и гласно да се залагаат за нејзина легализација. Дури и низ песната, каква што е оваа, најновата на кумановскиот (т)рапер Тајзи, чија песна „Legalize“ (Легализирај) осамна деновиве во етерот и на Јутјуб. Пејачот низ стихови полни горчина, но и полни вистина ја опишува денешната реалност во Македонија, очајот и убиствената безнадежност, економската и духовната беда, социјалната сиромаштија,  општата апатија… и сите можни и неможни аномалии во општеството до кои политиката не доведе. Кога е веќе така, кога сме го допреле дното, Тајзи им се придружува и ги поддржува оноие кои бараат на народот да му дозволат свевиден „издувен вентил“ преку легализација на канабисот, сето тоа пакувајќи го во песната „Легализирај“. „Песнава е ироничен приказ за се она што легитимно и легално ни го сервираат и секојдневно не трујат, а парадоксално ни забрануваат нешто што природата ни го дала… Зошто оваа билка од која се прави масло кое лечи многу болести е нелегална? Зошто е бизнис само за големите тајкуни, а во меѓувреме се апсат деца за една цигара? Кога веќе уништивте се што вредеше во ова земја. Кога веќе ги избркавте децата од својот дом. Кога веќе ги донесовте луѓето до работ на егзистенцијата. Кога веќе јавно слушаме за вашите криминали,корупција, непотизам и реваншизам. Кога веќе јасно гледаме дека сте истото зло кое се менува на неколку години. Легализирајте канабис барем малку народов да олабаи… А башка економијава што ви „цвета“ можеби малку ќе живне. Што би кажал еден мудар човек: Во Македонија трезен не се живеее! П.С. Јас не дувам за другарче прашувам!“ Ова го споделил Тајзи во најавата на песната „Legalize“ на својот Инстаграм профил, а како звучи истата „оплеменета“ со лирик видео, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Тајзи со песна повикува на канабис легализација, само едно заборава: Дека со тоа, токму тие што до ова дереџе не доведоа, најмногу „ќе процветаат“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-so-pesna-povikuva-na-kanabis-legalizatsija-samo-edno-zaborava-deka-so-toa-tokmu-tie-shto-do-ova-deredhe-ne-dovedoa-najmnogu-ke-protsvetaat-foto/ Wed, 01 Mar 2023 08:57:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291057

Легализацијата на канабисот или таканаречената марихуана со години е тема на полемики не само кај нас во Македонија, туку и низ многу европски земји. Отсекогаш постоеле две спротиставени струи: Едните - ЗА, другите - ПРОТИВ! Едните со став дека е тоа лек, другите дека е дрога. За едни обична релаксација за други здравствена контаминицаја, според едните сосема безопасна при рекреативна употреба, според другите „тивок убиец“ на умот, разумот и свеста. Како и да е, во Македонија за време на владеењето на Зоран Заев како премиер и неговата свита министри составена од СДСМ, ДУИ и останатите коалициони партнери, се донесоа измени во закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно легализација на марихуаната, ама само за медицински цели. Односно народски кажано, можеш да добиеш дозвола да  имаш фирма која одгледува коноп, но исклучиво за научни и медицински цели. А први што едвај ги дочекаа законските измени и отворија такви фирми, беа токму оние кои тие измени и ги донесоа... Тогашниот премиер и фамилијата му! „Бонбона бизнис“ претвотрен во канабис масло. Или што би рекле, на легализацијата и се израдуваа само оние што ја донесоа... За себе и својот џеб! Онаа другата легализација на „билката“, за релаксација и рекреација и понатаму е под забрана. Токму затоа оние што се поборници за истата не престануваат да ја бараат и гласно да се залагаат за нејзина легализација. Дури и низ песната, каква што е оваа, најновата на кумановскиот (т)рапер Тајзи, чија песна „Legalize“ (Легализирај) осамна деновиве во етерот и на Јутјуб. Пејачот низ стихови полни горчина, но и полни вистина ја опишува денешната реалност во Македонија, очајот и убиствената безнадежност, економската и духовната беда, социјалната сиромаштија,  општата апатија... и сите можни и неможни аномалии во општеството до кои политиката не доведе. Кога е веќе така, кога сме го допреле дното, Тајзи им се придружува и ги поддржува оноие кои бараат на народот да му дозволат свевиден „издувен вентил“ преку легализација на канабисот, сето тоа пакувајќи го во песната „Легализирај“. „Песнава е ироничен приказ за се она што легитимно и легално ни го сервираат и секојдневно не трујат, а парадоксално ни забрануваат нешто што природата ни го дала... Зошто оваа билка од која се прави масло кое лечи многу болести е нелегална? Зошто е бизнис само за големите тајкуни, а во меѓувреме се апсат деца за една цигара? Кога веќе уништивте се што вредеше во ова земја. Кога веќе ги избркавте децата од својот дом. Кога веќе ги донесовте луѓето до работ на егзистенцијата. Кога веќе јавно слушаме за вашите криминали,корупција, непотизам и реваншизам. Кога веќе јасно гледаме дека сте истото зло кое се менува на неколку години. Легализирајте канабис барем малку народов да олабаи... А башка економијава што ви „цвета“ можеби малку ќе живне. Што би кажал еден мудар човек: Во Македонија трезен не се живеее! П.С Ја не дувам за другарче прашувам!“ Ова го споделил Тајзи во најават на песната на својот Инстаграм профил, но се чини едно нешто заборавил.  Дека со легализацијата, токму тие што до ова дереџе во кое се најдовме не доведоа, најмногу „ќе процветаат“!  Народот од очај „напушен“, животот на тајкуните и нивните деца уште побогат и пораскошен. Ние „лажно релаксирани“, нивните милијарди мултиплицирани! Па сега ти види и бирај: „Билката“ да остане под забрана или... „Легализирај“? (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тајзи за Богојавление сподели порака каков сака да го види светот – „Сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-za-bogojavlenie-spodeli-poraka-kakov-saka-da-go-vidi-svetot-sakam-video/ Fri, 20 Jan 2023 07:14:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285096

Драган Величковски попознат по својот прекар Тајзи, повторно има нова песна. Тој за големиот православен празник Богојавление - Водици сподели музичка порака во која раскажа каков сака да го види светот, а песната носи наслов „Сакам“. „Бог се јави.  Среќен празник браќа и сестри. Мислам дека сега е моментот да ја споделиме оваа порака...Сакам да го видам светот без омраза, маски и беда.Симни се Боже, сега од било кога повеќе ни требаш. Ова е мојата нова песна 'Сакам', која како 'Bella Ciao', 'Калимеро', 'Иронија' и уште неколку  наредни ги чувам повеќе од 5 години. Ова е всушност демо снимка, вокалите се снимени во моето домашно студио и сакав да останат такви какви што се, природни без штимање. Битна ми беше емоцијата!!! Никој не е совршен...Вистината е гола, но каква и да е, поубава од лагата. Никогаш не сум сакал публицитет и слава од она што го работам, затоа многу ретко се појавувам по медиуми.Вака, преку песна ви се обраќам. Должен сум за љубовта што ми ја дававте сите овие години да ви ги пренесам овие пораки. Тоа е мојата мисија. на богати газди да бркнам во џеб, на гладните деца  да им дадеме леб!!! Слава на Бога...Слобода за народот!!!“ - споделил пејачот во својата празнична порака на социјалните мрежи, при промоцијата на „Сакам“. Музиката и текстот ги напишал самиот Тајзи, додека аранжманот, миксот и мастерингот  ги потпишува Иле Спасев.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

„Сакам“ е визуелизирана и со едноставно но доволно ефектно видео кое е снимано на локалитетот „Кокино“, а стиховите провејуваат во спотот кој со тоа станва комбинирано лирик-видео, чија реализација ја потпишува Никола Ставрески. Како звучи и изгледа музичката порака „Сакам“ на Тајзи во која тој порачува каков би сакал да го види светот, проследете ја во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Солзите сами почнаа да течат“: Тајзи трогнат што дочека да види – му го тетовираа ликот од почит по немила случка од чиј исход само Бог знае зошто (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/solzite-sami-pochnaa-da-techat-tajzi-trognat-shto-docheka-da-vidi-mu-go-tetoviraa-likot-od-pochit-po-nemila-sluchka-od-chij-ishod-samo-bog-znae-zoshto-foto/ Mon, 28 Nov 2022 09:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277521

Кумановскиот пејач и музичар Тајзи преку социјалните мрежи сподели несекојдневна објава од која објасни дека е поласкан од она што го доживеал. Имено, тој раскажа анегдота од случката што ја леди крвта во жилите, а истата била причина за тетоважата со ликот на Тајзи која денес ја има на себе сега еден негов голем обожавател.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

-Тетоважа со ликот на Тајзи. Има приказна позади ова... Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме една пијачка.Ми објасни дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила во отпад.Полицијата се чудела како е можно да нема повредени. На радио во тој момент пеела мојата песна ЧУВАЈ НИ ГА БОЖЕ...Тој е убеден дека токму тоа ги спасило,осетиле некоја чудна енергија. Му кажав понекогаш Бог дава втора шанса,сега имаш мисија и поцни да го работис тоа што срцето навистина ти го сака.Ме послушал поцнал да тетовира и да работи па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа: Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу.Сам себе се истетовирал во знак на почит спрема моето дело.Солзите сами поцнаа да течат...Мојата музика не е само песна туку многу повеќе од тоа...Јас не сум звезда и никогаш не сум бил !!!Ја сум само сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе.И не ми треба статуетки и награди,ова е мојата награда... Слава на Бога- пишува Тајзи.
Чест и привилегија е некој да те има на себе доживотно, а сатисфакцијата да се доживее нешто вакво уште поголема!]]>

Тајзи ја опиша сурова реалност на живеењето во неговата балканска верзија на – „Бела чао“ ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-ja-opisha-surova-realnost-na-ziveenjeto-vo-negovata-balkanska-verzija-na-bela-chao-video/ Wed, 09 Nov 2022 13:58:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275159

Кумановскиот музичар и пејач Тајзи деновиве го објави видеспотот за неговата најнова песна „Бела чао“. Како што самиот вели, станува збор за балканска верзија на познатата италијанска револуционерна песна која стана симбол на пркосот и повторно ги спои луѓето, одржувајќи го духот, вербата и надежта  и за време на коронапандемијата која однесе голем број човечки животи. „Решив да направам балканска верзија за модерното општество во кое живееме и за системот кој е тркало т.е истото зло кое се менува на неколку години. Светлината е мојот пат и не се тркам со никој,тука сум да ви докажам дека добри луѓе сеуште постојат.Не знам како да ви се заблагодарам за сите овие 12 години освен да ве послужам со нова музика од душа за душа. Спремам албум до лето и на него ќе има 12 песни. Сине, Парадокс, Гори, Југ и уште 8 нови песни на македонски и на српски јазик. Не замерувајте на јазик и граматика туку пробајте да ја разберете пораката која ми е дадена да ви ја пренесам. Песната е напишана пред 5 години како и многу други дела кои го чекаат моментот.Многу малку луѓе знаат со какво зло се борам низ целата кариера. Ама не се откажувам!!! Имам своја мисија... 1Слобода за народот !!! Слава на Бога“ - напишал Тајзи во Инстаграм постот како најава за неговата балканска верзија на песната. Фантастичниот текст кој ја опишува суровата реалност на денешницата за балканската верзија на „Бела Чао“ го напишал самиот Тајзи, додека аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува Иле Спасев. Верзијата на Тајзи е визуелизирана со симпатично лирик видео, кое го изработил Никола Ставрески: Како звучи и изгледа кога Тјзи ја претставува својата сурово реална верзија на „Бела чао“ проследете во неговото видео (КЛИКНИ ТУКА): ]]>