Taftalidze shuffle – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Jul 2021 12:56:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Taftalidze shuffle – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Стефановски во јули на голема турнеја низ регионот https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-vo-juli-na-golema-turneja-niz-regionot/ Thu, 01 Jul 2021 12:56:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209314

На големо задоволство на публиката низ целиот регион, Влатко Стефановски ги откри датумите и локациите на концертите на кои, покрај добро познатите хитови, ќе претстави и ново, реномирано студиско издание на „Taftalidze Shuffle“. Подмладената тројка, која покрај Влатко ја сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, ќе ја започнат својата летна турнеја во четврток, 1 јули во Панчево, по што ќе пристигнат во Хрватска. Во петок, на 2 јули, триото Влатко Стефановски ќе настапи во Загреб на „Бундекфест“, а веќе следниот ден, во сабота, 3 јули, во Осиек. Турнејата продолжува на 4 јули со концерт во Палиќ, проследен со настапи во Трогир на 9 јули, во Шибеник на 10 јули и на Брач ​​на 11 јули. Словенечката публика ќе има можност да види концерт во Нова Горица, на 17 јули, додека на 20 јули, Влатко ќе настапи во Градскиот театар во Будва. На 22 јули се враќа во Македонија, со концерт во Битола. На 30 јули, тој е резервиран за голем концерт на стадионот „Ташмајдан“ во Белград. Влатко Стефановски покажа ненадмината техника и уникатен сензибилитет подеднакво успешно во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез – жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележуваа како уметник. Во текот на својата кариера, Влатко ја делеше сцената со најголемите гитаристи во светот, вклучувајќи ги Томи Емануел, Јан Акерман и Сточело Розенберг, а регионалната публика секогаш покажуваше длабока почит и интерес за неговата музика. Најновиот студиски албум на „Taftalidze Shuffle“, кој Влатко ќе го претстави на претстојната турнеја, со месеци го држи врвот на продажните листи за ЦД и винил, а сите што ќе изберат некој од познатите датуми и ќе се почестат со концерт на овој гитарист идеална можност да слушате нов материјал виртуоз.]]>

Влатко Стефановски ве враќа во романтичните времиња со душа, носејќи ве на – „Игранка“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-ve-vrakja-vo-romantichnite-vreminja-so-dusha-nosejkji-ve-na-igranka-audio/ Mon, 04 Jan 2021 12:47:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183881

Македонската гитарска легенда, музичар и композитор Влатко Стефановски  кон крајот на  штотуку изминатата 2020 година го промовираше својот најнов албум насловен „Taftalidze shuffle” . Албумот  e во издание на  „Кроација рекордс“, a во продажба излезе во Хрватска и некои земји од регионот, но до новата 2021-ва не и во Македонија, па најавите при неговата домашна промоција беа дека по новогодишните празници тоа набргу ќе се случи. Новиот албумот инаку го доби името по скопската населбата Тафталиџе во која  Влатко со своето семејство живее  со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија” во кое и е сниман и овој албум. „Taftalidze shuffle” беше најавен уште во нсредината на ноември минатата година со пилот синглот „Огледало“ , а песната беше визуелизрана со интерсно лирик видео, проткаено со природни пејсажи, природни убавини како синоним за женската убавина, но и и убавината на душата која се огледува во погледот како во огледало, додека чекор по чекор, миг по миг, времето и животот неизоставно минуваат. Деновиве како втора песна  од новиот албум на Влатко Стефановски – „Taftalidze shuffle”, по „Огледало“, се наметнува темата нсловена „Игранка“. Рокен ен рол тема во стилот на најдобрите песни на „Леб и сол“  од  „Као какао“ ерата, на која разбирливо доминира гитарата на Влатко и вокалната приказна за едни стари добри времиња, кога гимназиските игранки беа центарот на светот за младите тинејџери. Времиња без компјутери и дигитална технологоја, но со многу душа... Времиња кога се излегуваше на затемнетиот подум едвај осветлен со неколку сијалици во боја да се покажат танцувачките вештини во ритамот на музиката или да се спојат телата, сплотувајќи се во танго, во едно тело со девојката која ти се допаѓа, која со малку умешност и шарм, може да ја освоиш, да биде твоја... Можеби засекогаш!? Токму духот на тие времиња Влатко бајковито, музички и стиховно го пресликал во неговата „Игранка“, на која разбирливо комплетен автор е самиот тој. И додека чекаме  „Taftalidze shuffle” да пристигне и до нас, вие уживајте во романтичните времиња вткаени во „Игранка“. Кој ги живеел - знае, кој не, може само да си замисли колку бил тогаш животот убав! https://www.youtube.com/watch?v=m0hB8oquV_c]]>

Онлајн промоција на новиот албум „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/onlajn-promocija-na-noviot-album-taftalidze-shuffle-na-vlatko-stefanovski-video/ Mon, 28 Dec 2020 11:40:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182929

Во петокот, 25. декември 2020,  Литература.мк организираше онлајн дружење и истото можеше да се проследи на нивниот фејсбук профил, од 21 часот, на кое се случи промоцијата на новиот албум на македонскиот гитарски виртуоз, автор и музичар Влатко Стефановски, а  бешее прикажан и видеоспотот за темата „Огледало“. „Taftalidze Shuffle“ е еден од најпродаваните музички абуми во Хрватска откако ја здогледа светлината на денот, наскоро ќе може да се купи и во Скопје и Македонија, каде досега за жал, се' уште  го нема. Погледнете го видеото од промоцијата во вид на интервју на Влатко Стефановски со Бранка Костиќ-Марковиќ. https://www.youtube.com/watch?v=nW0p2m9AlU8]]>

„Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски е најпродаван албум во Хрватска https://arhiva.vistina.com.mk/taftalidze-shuffle-na-vlatko-stefanovski-e-najprodavan-album-vo-hrvatska/ Wed, 16 Dec 2020 12:56:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181229

Новиот албум на  Влатко Стефановски – „Taftalidze Shuffle“ се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска, оставајќи ги зад себе албумите на „Црвена јабука“, „Бајага“, Божо Вреќо, Амира Медуњанин, реизданијата на „Мајке“, Дискобиографија на Габи Новак и.т.н.
Успехот на Стефановски кореспондира со неговиот статус на легенда во целиот регион и е големо признание за македонската музика воопшто. Особено претставува феномен тоа што албумот е отпеан на македонски јазик, што го прави посебен и ексклузивен.
]]>

Влатко Стефановски го објави новиот албум „Taftalidze Shuffle“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-go-objavi-noviot-album-taftalidze-shuffle/ Fri, 20 Nov 2020 08:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177078

Новиот албум на  македонската гитарска легенда, композитор и автор Влатко Стефановски насловен „Taftalidze Shuffle“, со кој ја продолжува соработката со дискографска куќа „Croatia Records“, ќе се појави на дискографскиот пазар денес, петок, 20 -ти ноември 2020 год. На новиот албум Влатко Стефановски е придружуван од подмладеното Трио. Во нова ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, имаку син нан познатат естрадна фолк брачна двојка, пејачите  Ленче и Горан Кукиќ, како и неговиот син, Јан Стефановски на тапани. Како што соопшти „Croatia Records Македонија“, и овој албум, како и сите соло-проекти на Стефановски, Влатко му го има посветено на својот град, нашето единствено Скопје, населбата Тафталиџе, која е неговото маало… Затоа песните се интимни и лични, а повторно толку блиски секому, заради сензибилитетот кој го носи музиката на Влатко Стефановски. Албумот „Taftalidze Shuffle“ е создаван во периодот од јануари до октомври 2020-та, а текстовите се пишувани од април до јуни оваа година. – Наместо да гледам ТВ и да паѓам во депресија, се одлучив да правам музика. И многу сум задоволен од резултатот, изјави Влатко Стефановски, зборувајќи за својот креативен процес. Албумот е сниман во домашното студио на Влатко – „Езотерија“, додека миксот и мастерингот се работени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски. На албумот има и многубројни гости. Најбројни се клавијатуристите: Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов. Придружните вокали се на Андријана Јаневска, додека познатиот кавалџија Теодосиј Спасов во една песна свири труба. Меѓу гостите на албумот е и актерот Никола Ристановски, кој во песната „Дијаспора“ има мал речитатив. Дизајнот на обвивката е дело на уметникот Ладислав Цветовски. „Taftalidze Shuffle“ претставува извонредна колекција на вокални и инструментални теми на Влатко, низ кои бојата на неговата гитара е нешто што вечно останува во меморија на слушателот. Албумот содржи девет теми: Taftalidze Shuffle, Funky junkie, Игранка, Гаража, Global Warming – local freezing, Огледало, Немам песна за тебе, Раскрсница и Дијаспора. Освен на компакт-диск, „Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски кон крајот на декември „Croatia Records“ ќе го објави и на винил. Како пилот сингл кој го најави албумот беше исфрлена темата „Огледела“, визуелизирана со прекрасно лирик видео. https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/vlatko-stefanovski-go-najavi-noviot-album-so-pilot-singlot-ogledalo-na-dushata-video/

Влатко Стефановски го најави новиот албум со пилот синглот – „Огледало“… на душата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-go-najavi-noviot-album-so-pilot-singlot-ogledalo-na-dushata-video/ Sat, 14 Nov 2020 10:53:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176117

Македонската гитарска легенда, музичар и композитор Влатко Стефановски  вчера, петок 13 ноември 2020 година  ја промовираше темата „Огледало”, новата песна како пилот сингл од најавениот нов албум на Стефановски. Албумот „Taftalidze shuffle” e во издание на  „Кроација рекордс“, a во продажба ќе излезе една недела подоцна или поточно на 20-ти ноември. Новиот албумот го доби името по скопската населбата Тафталиџе во која  Влатко со своето семејство живее  со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија” во кое и е сниман овој албум. Разбирливо, комплетен автор на „Огледало“ е самиот Влатко (музика, текст, аранжман), а песната е визуелизрана со интерсно лирик видео, проткаено со природни пејсажи, природни убавини како синоним за женската убавина, но и и убавината на душата која се огледува во погледот како во огледало, додека чекор по чекор, миг по миг, времето и животот неизоставно минуваат. Симболика која мошне интилигентно и ненаметливо е вткајан и вклопена како своевидна симбиоза помеѓу музиката, визурата и испишаните стихови на темата „Огледало“, за која визуелизацијата ја потпишуваат од „CroRec Digital“. Во нетрпеливо очекување да ги слушнеме и останатите песни од новиот албум на Влатко Стефановски - „Taftalidze shuffle”, премиерно проследете ја најавната тема „Огледало“. https://www.youtube.com/watch?v=f21lVGtLaas&feature=emb_logo]]>

„Taftalidze shuffle” е името на новиот албум на Влатко Стефановски кој ќе излезе на крајот на ноември https://arhiva.vistina.com.mk/taftalidze-shuffle-e-imeto-na-noviot-album-na-vlatko-stefanovski-koj-kje-izleze-na-krajot-od-noemvri/ Mon, 09 Nov 2020 13:37:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175200

Македонската гитарска легенда, реномираниот музичар и автор Влатко Стефановски на крајот на месец ноември ќе го промовира новиот албум „Taftalidze shuffle” во издание на престижната Кроација рекордс. Албумот го доби името по населбата во која живее Стефановски. Како што е познато Влатко со своето семејство живее во Тафталиџе со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија”.]]>

Влатко Стефановски го подготвува новиот албум https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-go-podgotvuva-noviot-album/ Tue, 05 May 2020 12:12:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148052

Легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски деновите во изолација ги поминува подготвувајќи го својот нов албум. Имено работниот наслов на албумот e “Taftalidze shuffle”. Како што е познато Влатко Стефановски со своето семејство живее во Тафталиџе со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио “Езотерија”. Последниот албум на Стефановски “Мајчин јазик” беше промовиран во 2018 година. ]]>