таци симоновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2019 12:07:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png таци симоновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Лилит“ е музичко откритие… не, туку вистинско „Чудо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lilit-e-muzichko-otkritie-ne-tuku-vistinsko-chudo-video/ Fri, 08 Mar 2019 12:07:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76632

Зад уметничкото име „Лилит“ се крие една млада, шармантна и симпатична охриѓанка, која низ клубовите ширум Скопје и Македонија е позната како вокал на бендот„Балтер“.
Емилија Колоска е млада дама на која пеењето и е во вените иако професијата или поточно, професионалната диплома ја добила на Универзиттетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, на Економскиот факултет и тоа диплома по маркетинг.
Деновиве таа какодел од една екипа вонсериски музичари под името „Лилит“ на јавноста и го претстави своето музичко „Чудо“, огледано во истоимената тема. Необична и чудна, но мошне ефектна фузија на стилови, од џез и блуз, до амбиентална атмосфера зачинета со беспрекорниот вокал на Емилија која на целата тема и дава своевидна мистика, драматика и себесвојствен шарм, правејќи ја неподносливо лесна за слушање и уживање во миксот на комплицирани жанрови.
А, како и не би, кога имињата на проверените мајстори на занаетот и својот инструмент, секој засебно, се наоѓаат на списокот на музичари на оваа „ол-старс“ екипа која покрај Емилија ја сочинуваат: Трајко Таци Симоновски - бас, кој е воедно и автор на музиката и текстот на песната, Мартин Вучиќ - тапани, Дамир Имери - клавијатури, Иван Петровски - гитара и секако, споменатата вокалистка.
За темата „Чудо“ едноставно, но ефектно видео кое кореспондира со атмосферата на темата направил уметничкиот фотограф и режисер Тоше Јанев - Јанус. Проследете го ова „Чудо“ на „Лилит“  со топлата препорака на еден од нејзините фанови која гласи: „Никаква голотија само еден феноменален вокал, мелодија која смирува, прекрасна музика, уште подобар аражман. Продукт кој те тера устата да ти биде подзината! Во светот на Карлеуши и Кардашијанки бидете Емилија Колоска!“  Проверете дали е во право? https://www.youtube.com/watch?v=E_ImhlqBtoA    ]]>