сврте грб – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Dec 2019 09:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сврте грб – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Стефановски – Иџе: Агенцијата за млади и спорт ми сврте грб и стана најголема пречка за постигнување на врвни спортски резултати https://arhiva.vistina.com.mk/igor-stefanovski-idze-agencijata-za-mladi-i-sport-mi-svrte-grb-i-stana-najgolema-prechka-za-postignuvanje-na-vrvni-sportski-rezultati/ Thu, 05 Dec 2019 09:10:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122450

Игор Стефановски Иџе, најдобриот македонски автомобилист кој долги години со успеси ја претставува нашата држава на најпознатите европски патеки, најави своја пауза од меѓународните натпреварувања. Причината за тоа е како што вели тој порази малата помош која ја добива од македонските институции одговорни за развојот на спортистите. Иџе преку соопштените јавно го искажа своето незадоволство од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за која вели дека станала најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Соопштението на Игор Стефановски ви го пренесуваме во целост: „Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна. Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави. Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа…!!! Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула? Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти. Повеќе детали за односот на АМС кон мене и мојот тим наскоро на прес-конференција…“ Извор:Курир.мк]]>