свршеник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Jan 2024 09:23:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свршеник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската модна креаторка и нејзиниот турски избраник како во турска серија: Ива Спасовска и Бурак Биркан лани во мај се верија, а сега се разделија! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-modna-kreatorka-i-nejziniot-turski-izbranik-kako-vo-turska-serija-iva-spasovska-i-burak-birkan-vo-lani-vo-maj-se-verija-a-sega-se-razdelija/ Wed, 31 Jan 2024 09:13:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336864

Турските серии се омилени и кај нас и во регионот, а нивната содржина во многу што наликува на вистинските случки од животот, ама и животот очигледно неретко наликува на турска серија. Како поинаку да се протолкуваат муабетите и приказните кои кружат во естрадно-модните кулоари дека македонската модна дизајнерка, Ива Спасовска и нејзиниот турски избраник Бурак Биркан со кого лани  се верија, сега се разделија!? Имено, по двегодишната љубовна романса нашата  дизајнерка се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан  помпезно  ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула. Романтичните фотографии проследени со сите салтанати осамнаа не само на социјалните мрежи туку и по мноштвото македонски портали, а љубопитноста на чаршијата достигна кулминација, каква ли венчаница ќе облече на денот на свадбата кумановската дизајнерка, која креираше венчаници за многу други познати Македонки?
И кога сите беа речиси убедени дека  тој ден воопшто не е далеку откако Ива Спасовска кажа ДА  среде градот на светлината и љубовта, почетокот на 2024-тата започна со веста за љубовната хаварија! Македонската дизајнерка и нејзиниот турски избраник како во турска серија, ја раскинале веридбата!?  Кој ја потегнал разделбата,  дали „пресекол“ вереникот  или модната дизајнерка нему „му земал мерка“, останува да знаат само тие двајцата и мал круг од најблиските околу нив. Причините само се нагаѓаат иако чаршијата „гласно шепоти“ дека во прашање се наводните „швалерски излети“ на несудениот младоженец! Дали е тоа така или се сосема поинакви  мотивите зa „љубовниот црв на раздорот“,  засега не го имаме одговорот? Како и тоа дали ќе го врати или задржи вереничкиот прстен, некои велат дијамантски или истиот ќе заврши продаден за пари кај некој од скопските златари? Во јавноста за вистината за раскинот на свршувачката засега кружат само шпекулации и нагаѓања, кои Ива Спасовска останува да ги потврди или демантира иако едно е сигурно и нема дилема: Заедничките фотографии со вереникот на нејзините профили „магично исчезнаа“ и повеќе ги нема! Фото: Архива/Инстаграм/ivaspasovska_

Повеќе на vistina.mk]]>

Турските серии се омилени и кај нас и во регионот, а нивната содржина во многу што наликува на вистинските случки од животот, ама и животот очигледно неретко наликува на турска серија. Како поинаку да се протолкуваат муабетите и приказните кои кружат во естрадно-модните кулоари дека македонската модна дизајнерка, Ива Спасовска и нејзиниот турски избраник Бурак Биркан со кого лани  се верија, сега се разделија!? Имено, по двегодишната љубовна романса нашата  дизајнерка се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан  помпезно  ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула. Романтичните фотографии проследени со сите салтанати осамнаа не само на социјалните мрежи туку и по мноштвото македонски портали, а љубопитноста на чаршијата достигна кулминација, каква ли венчаница ќе облече на денот на свадбата кумановската дизајнерка, која креираше венчаници за многу други познати Македонки?
И кога сите беа речиси убедени дека  тој ден воопшто не е далеку откако Ива Спасовска кажа ДА  среде градот на светлината и љубовта, почетокот на 2024-тата започна со веста за љубовната хаварија! Македонската дизајнерка и нејзиниот турски избраник како во турска серија, ја раскинале веридбата!?  Кој ја потегнал разделбата,  дали „пресекол“ вереникот  или модната дизајнерка нему „му земал мерка“, останува да знаат само тие двајцата и мал круг од најблиските околу нив. Причините само се нагаѓаат иако чаршијата „гласно шепоти“ дека во прашање се наводните „швалерски излети“ на несудениот младоженец! Дали е тоа така или се сосема поинакви  мотивите зa „љубовниот црв на раздорот“,  засега не го имаме одговорот? Како и тоа дали ќе го врати или задржи вереничкиот прстен, некои велат дијамантски или истиот ќе заврши продаден за пари кај некој од скопските златари? Во јавноста за вистината за раскинот на свршувачката засега кружат само шпекулации и нагаѓања, кои Ива Спасовска останува да ги потврди или демантира иако едно е сигурно и нема дилема: Заедничките фотографии со вереникот на нејзините профили „магично исчезнаа“ и повеќе ги нема! Фото: Архива/Инстаграм/ivaspasovska_]]>
Ќерката на Жељко Митровиќ – газдата на „ТВ Пинк“, по втор пат се вери за својот свршеник: Кристина овој пат му кажа „да“ на рускиот милијардер https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-zhelko-mitrovik-gazdata-na-tv-pink-po-vtor-pat-se-veri-za-svojot-svrshenik-kristina-ovoj-pat-mu-kazha-da-na-ruskiot-milijarder/ Wed, 27 Sep 2023 10:54:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319975

Ќерката на сопственикот на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ денеска се сврши. Имено, Кристина Митровиќ веќе еднаш ја раскина свршувачката со своето момче Илија, кој е милијардер од Русија, но набргу тие се смириле. Кристина  радосната вест од втор обид, сега ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Таа покажа прескап дијамантски прстен и напиша дека му кажала „да“ на идниот сопруг. Инаку ќерката на Жељко Митровиќ и милијардерот Илија се запознале за време на нивното школување во Англија. Зетот на Митровиќ важи за еден од најмладите милијардери во светот. Има приватни авиони, возачи, обезбедување, многу скапи автомобили... Инаку Илија оддамна ја навикна неговата српска избраничка да биде опсипана со скапи подароци по разни поводи. Така за нејзиниот 22-ри роденден наследничката на Митровиќ од својот свршеник добила и Шанел чанта, дијамантски прстен на познатиот бренд „Cartier “, чија цена се движи до 20.000 евра... Како и ланче со приврзок од истиот бренд кој чини неколку илјади евра. Фото: Инстаграм/sixchick

Повеќе на vistina.mk]]>

Ќерката на сопственикот на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ денеска се сврши. Имено, Кристина Митровиќ веќе еднаш ја раскина свршувачката со своето момче Илија, кој е милијардер од Русија, но набргу тие се смириле. Кристина  радосната вест од втор обид, сега ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Таа покажа прескап дијамантски прстен и напиша дека му кажала „да“ на идниот сопруг. Инаку ќерката на Жељко Митровиќ и милијардерот Илија се запознале за време на нивното школување во Англија. Зетот на Митровиќ важи за еден од најмладите милијардери во светот. Има приватни авиони, возачи, обезбедување, многу скапи автомобили... Инаку Илија оддамна ја навикна неговата српска избраничка да биде опсипана со скапи подароци по разни поводи. Така за нејзиниот 22-ри роденден наследничката на Митровиќ од својот свршеник добила и Шанел чанта, дијамантски прстен на познатиот бренд „Cartier “, чија цена се движи до 20.000 евра... Како и ланче со приврзок од истиот бренд кој чини неколку илјади евра. Фото: Инстаграм/sixchick]]>
Славица Чуктераш била во врска со бившиот срвшеник на Сандра Африка: „Беше млада и полна со живот, но Африка е пожешка“ https://arhiva.vistina.com.mk/slavica-chukterash-bila-vo-vrska-so-bivshiot-srvshenik-na-sandra-afrika-beshe-mlada-i-polna-so-zivot-no-afrika-e-pozeshka/ Wed, 02 Feb 2022 09:11:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237212

Естрадата е преполна со необјавени тајни. Една од нив е и дека поранешниот свршеник на Сандра Африка, естрадниот менаџер Александар Московљевиќ Микиш бил во врска со Славица Чуктераш. -Тоа беше одамна. Славица пееше кај мене во дискотека. Веднаш видов дека ќе биде сериозна пејачка. Беше млада, полна со живот и соништа, но Африка е пожешка, изјави Микиш за курир.рс Инаку, Сандра и Александар со години беа во врска. Таа неколку пати истакна дека токму тој е нејзината најголема љубов. Не се венчаа, но останаа најдобри пријатели и соработници. По раскинувањето со Микиш, Славица започна емотивна врска со продуцентот Жика Јакшиќ, но ни таа љубов не траеше долго. фото: принтскрин/инстаграм/славица чуктераш/сандра африка/принтскрин

Повеќе на vistina.mk]]>

Естрадата е преполна со необјавени тајни. Една од нив е и дека поранешниот свршеник на Сандра Африка, естрадниот менаџер Александар Московљевиќ Микиш бил во врска со Славица Чуктераш. -Тоа беше одамна. Славица пееше кај мене во дискотека. Веднаш видов дека ќе биде сериозна пејачка. Беше млада, полна со живот и соништа, но Африка е пожешка, изјави Микиш за курир.рс Инаку, Сандра и Александар со години беа во врска. Таа неколку пати истакна дека токму тој е нејзината најголема љубов. Не се венчаа, но останаа најдобри пријатели и соработници. По раскинувањето со Микиш, Славица започна емотивна врска со продуцентот Жика Јакшиќ, но ни таа љубов не траеше долго. фото: принтскрин/инстаграм/славица чуктераш/сандра африка/принтскрин]]>
Ја играше улогата на Гордана во „Тома“, а вака изгледа нејзиниот свршеник во приватниот живот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-igrashe-ulogata-na-gordana-vo-toma-a-vaka-izgleda-nejziniot-svrshenik-vo-privatniot-zivot-foto/ Mon, 31 Jan 2022 11:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236871

Младата актерка Сања Марковиќ се прослави со улогата на Гордана во филмот „Тома“. Во приватниот живот, Сања ужива во љубовта со свршеникот Данило Лончаревиќ кој исто така е актер. Сања и Данило се во врска седум години, а се запознале на прва година на факултет и отогаш се неразделни. Се свршија претходната година, а Данило ја запроси Сања за време на нивниот одмор во Црна Гора. -Во мај бевме на краток одмор во Улцињ. Седевме на плажа и зборувавме за секојдневни работи, јас бев во џемпер и фармерки, не ни помислив да се средам. Додека седевме тој го закопал прстенот и полека почна да го трга песокот додека не се појави кутија. Подоцна, ми призна дека го купил неколку месеци претходно, но го чекал вистинскиот момент да ме запроси.  Мислам дека прстенот го чувал во кутијата од гитара која никогаш не ја отворам, вели Сања. Сцените во кои Гоца се мажи за Тома Здравковиќ, Сања ги снимила со колегата Милан Мариќ во Америка,  а тоа искуство добила идеја кога ќе прави свадба да и свират „маријачи“. фото: принтскрин/инстаграм

Повеќе на vistina.mk]]>

Младата актерка Сања Марковиќ се прослави со улогата на Гордана во филмот „Тома“. Во приватниот живот, Сања ужива во љубовта со свршеникот Данило Лончаревиќ кој исто така е актер. Сања и Данило се во врска седум години, а се запознале на прва година на факултет и отогаш се неразделни. Се свршија претходната година, а Данило ја запроси Сања за време на нивниот одмор во Црна Гора. -Во мај бевме на краток одмор во Улцињ. Седевме на плажа и зборувавме за секојдневни работи, јас бев во џемпер и фармерки, не ни помислив да се средам. Додека седевме тој го закопал прстенот и полека почна да го трга песокот додека не се појави кутија. Подоцна, ми призна дека го купил неколку месеци претходно, но го чекал вистинскиот момент да ме запроси.  Мислам дека прстенот го чувал во кутијата од гитара која никогаш не ја отворам, вели Сања. Сцените во кои Гоца се мажи за Тома Здравковиќ, Сања ги снимила со колегата Милан Мариќ во Америка,  а тоа искуство добила идеја кога ќе прави свадба да и свират „маријачи“. фото: принтскрин/инстаграм]]>
Поранешната македонска водителка неодамна се породи, а сега се пофали и со свршенички прстен (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshnata-makedonska-voditelka-neodamna-se-porodi-a-sega-se-pofali-i-so-svrshenichki-prsten-foto/ Tue, 11 May 2021 06:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201917

На почетокот од годинава, поранешната македонска водителка Марија Главчева стана мајка за првпат и на свет го донесе своето синче Мартин кое веќе има четири месеци. Марија веќе неколку години живее во Америка, а како активен корисник на социјалните мрежи, редовно објавува по некој интересен детеаљ од нејзината приватност. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-ushte-edna-makedonska-voditelka-martin-sine-dobredojde-na-ovoj-svet-foto/ Па така, на 8-ми март реши пред своите следбеници јавно да го покаже наследникот кој е центарот на нејзиниот свет. Освен тоа што сега целото внимание е насочено на бебенцето, мама Марија и тато Ивица сега се решија да направат уште еден голем чекор во нивните животи, а тоа е да ја официјализираат својата љубов. Марија си доби прстен на раката, можеби со поинаков редослед од вообичено, но многу посладок бидејќи до вљубените е и плодот на нивната љубов. -Да на секое изгрејсонце и зајдисонце заедно Да до вечноста и бесконечноста засекогаш, Да до бескрајната љубов и среќа, Да љубов моја, ќе се омажам за тебе. Да, Да, Да, пишува во објавата на Марија. Очекувано следеа многу честитки, а веруваме дека свршеничкиот прстен ќе биде надополнет со бурма и секако многу среќни заеднички моменти. Честитки!

Повеќе на vistina.mk]]>

На почетокот од годинава, поранешната македонска водителка Марија Главчева стана мајка за првпат и на свет го донесе своето синче Мартин кое веќе има четири месеци. Марија веќе неколку години живее во Америка, а како активен корисник на социјалните мрежи, редовно објавува по некој интересен детеаљ од нејзината приватност. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-ushte-edna-makedonska-voditelka-martin-sine-dobredojde-na-ovoj-svet-foto/ Па така, на 8-ми март реши пред своите следбеници јавно да го покаже наследникот кој е центарот на нејзиниот свет. Освен тоа што сега целото внимание е насочено на бебенцето, мама Марија и тато Ивица сега се решија да направат уште еден голем чекор во нивните животи, а тоа е да ја официјализираат својата љубов. Марија си доби прстен на раката, можеби со поинаков редослед од вообичено, но многу посладок бидејќи до вљубените е и плодот на нивната љубов. -Да на секое изгрејсонце и зајдисонце заедно Да до вечноста и бесконечноста засекогаш, Да до бескрајната љубов и среќа, Да љубов моја, ќе се омажам за тебе. Да, Да, Да, пишува во објавата на Марија. Очекувано следеа многу честитки, а веруваме дека свршеничкиот прстен ќе биде надополнет со бурма и секако многу среќни заеднички моменти. Честитки!]]>
Не се штедел: Свршеникот на Ана Севиќ и купил стан на нејзино име од 290 000 евра https://arhiva.vistina.com.mk/ne-se-shtedel-svrshenikot-na-ana-sevikj-i-kupil-stan-na-nejzino-ime-od-290-000-evra/ Mon, 15 Mar 2021 09:02:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194034

Фолк пејачката Ана Севиќ и нејзиниот свршеник Даниел Недељковиќ купиле стан од 290 000 евра, пишуваат српските меидуми. Парот купил четирисобен стан во центарот на Белград, а по неговото средување планираат да го издаваат. „Уште додека Ана беше бремена, тие разгледуваа станови по Белград. Тој многу работи и не се расфрла со пари, затоа успеа да заштеди, па одлучи да купи стан на името на Ана. Прво, Ана му кажа дека би било подоборо да почекаат да заврши пандемијата, но рече да не се грижи за финансии бидејќи на време започнал да штеди“, вели извор за „Српски телеграф“. „Заедно разгледуваа активни градилишта, па одлучија да купат стан во самиот центар“, вели изворот и додава дека веќе дале капар за станот. „Цената по квадрат изнесува 2200 евра, а по негово завршуваше планираат да го издаваат. Не планираат да се селат и да ја менуваат локацијата, туку да го издаваат“, вели изворот. Пејачката и нејзинот свршеник не се огласија по повод овие пишувања.

Повеќе на vistina.mk]]>

Фолк пејачката Ана Севиќ и нејзиниот свршеник Даниел Недељковиќ купиле стан од 290 000 евра, пишуваат српските меидуми. Парот купил четирисобен стан во центарот на Белград, а по неговото средување планираат да го издаваат. „Уште додека Ана беше бремена, тие разгледуваа станови по Белград. Тој многу работи и не се расфрла со пари, затоа успеа да заштеди, па одлучи да купи стан на името на Ана. Прво, Ана му кажа дека би било подоборо да почекаат да заврши пандемијата, но рече да не се грижи за финансии бидејќи на време започнал да штеди“, вели извор за „Српски телеграф“. „Заедно разгледуваа активни градилишта, па одлучија да купат стан во самиот центар“, вели изворот и додава дека веќе дале капар за станот. „Цената по квадрат изнесува 2200 евра, а по негово завршуваше планираат да го издаваат. Не планираат да се селат и да ја менуваат локацијата, туку да го издаваат“, вели изворот. Пејачката и нејзинот свршеник не се огласија по повод овие пишувања.]]>
Не е се толку совршено: Џенифер Лопез со свршеникот завршиле на терапија https://arhiva.vistina.com.mk/ne-e-se-tolku-sovrsheno-dzenifer-lopez-so-svrshenikot-zavrshile-na-terapija/ Thu, 11 Feb 2021 11:26:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189294

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) се појави на насловната страница на магазинот „Allure“, за мартовското издание, а интервјуто откри дека отишла на терапија со својот вереник за време на карантин. Во интервјуто таа зборуваше за животот во карантин и за односот со нејзиниот партнер, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45). „На почетокот на пандемијата, сите се соочивме со вознемиреност, како одеднаш да сме во зоната на самракот. Но, драго ми е што конечно успеав да поминам многу повеќе време со мојот вереник и децата. Игравме бејзбол заедно, се сликавме, се посветивме на ситници што не успеавме да ги направиме порано - вели Џеј Ло. Пејачката изјави дека тие поминале неколку месеци во организирање на венчавката, но дека не е вистинското време. „Во меѓувреме бевме на терапијата, мислам дека многу и помогна на нашата врска. Треба да инвестирате во себе и секогаш да работите на себе - рече латино дивата.

Повеќе на vistina.mk]]>

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) се појави на насловната страница на магазинот „Allure“, за мартовското издание, а интервјуто откри дека отишла на терапија со својот вереник за време на карантин. Во интервјуто таа зборуваше за животот во карантин и за односот со нејзиниот партнер, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45). „На почетокот на пандемијата, сите се соочивме со вознемиреност, како одеднаш да сме во зоната на самракот. Но, драго ми е што конечно успеав да поминам многу повеќе време со мојот вереник и децата. Игравме бејзбол заедно, се сликавме, се посветивме на ситници што не успеавме да ги направиме порано - вели Џеј Ло. Пејачката изјави дека тие поминале неколку месеци во организирање на венчавката, но дека не е вистинското време. „Во меѓувреме бевме на терапијата, мислам дека многу и помогна на нашата врска. Треба да инвестирате во себе и секогаш да работите на себе - рече латино дивата.]]>
Ана Севиќ остана без зборови од подарокот вреден 70 илјади евра кој го доби од свршеникот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-sevikj-ostana-bez-zborovi-od-podarokot-vreden-70-iljadi-evra-koj-go-dobi-od-svrshenikot-foto/ Fri, 05 Feb 2021 09:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188394

Пејачката и поранешна сопруга на фолк пејачот Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ, од својот вереник Даниел Недељковиќ доби скап автомобил вреден 70.000 евра. Тој ја изненади со овој подарок откако таа ја роди ќерката Сена, пишува „Информер“, а Ана остана без текст заради овој негов потег.
- Даниел долго размислуваше кој подарок да го избере за Ана, и на крајот се одлучи за автомобил вреден седумдесет илјади евра. Организирал сè во тајност, па веднаш го чекал подарокот кога таа заминала од породилиштето - вели изворот на споменатиот медиум.
Ана засега не објавила фотографија со новиот скап подарок.

Повеќе на vistina.mk]]>

Пејачката и поранешна сопруга на фолк пејачот Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ, од својот вереник Даниел Недељковиќ доби скап автомобил вреден 70.000 евра. Тој ја изненади со овој подарок откако таа ја роди ќерката Сена, пишува „Информер“, а Ана остана без текст заради овој негов потег.
- Даниел долго размислуваше кој подарок да го избере за Ана, и на крајот се одлучи за автомобил вреден седумдесет илјади евра. Организирал сè во тајност, па веднаш го чекал подарокот кога таа заминала од породилиштето - вели изворот на споменатиот медиум.
Ана засега не објавила фотографија со новиот скап подарок.]]>
Скокала од среќа: Старлетата Сораја Вучелиќ од свршеникот добила подарок вреден 212 илјади евра! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skokala-od-srekja-starletata-soraja-vuchelikj-od-svrshenikot-dobila-podarok-vreden-212-iljadi-evra-foto/ Mon, 18 May 2020 07:55:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150029

Свршеникот на старлетата Сораја Вучелиќ, Владимир, не престанува да ја изненадува со скапи подароци! Таа на својот профил на Инстаграм, се пофали со автомобил од марката„Ламборџини ”, вреден 212.000 евра, кои го добила од избраниот со кого е во врска осум месеци. Рускиот тајкун не штеди пари за да ја израдува својата сакана, а ова е втор автомобил што го добива од него.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

- На почетокот на мај, Сораја доби уште еден автомобил од својот сврешник. Таа не знаеше какво изненадување се подготвува за неа бидејќи Владимир го криеше од неа до последен момент. „Ламборџинито“ го паркирал пред хотелот каде престојувале, па ја повикал по телефон и и рекол да излезе на терасата. Кога видела што ја чека, Сораја започнала да скока од среќа. Таа веднаш истрча од хотелската соба и седна да се вози- вели добро информиран извор за српските медиуми.

Повеќе на vistina.mk]]>

Свршеникот на старлетата Сораја Вучелиќ, Владимир, не престанува да ја изненадува со скапи подароци! Таа на својот профил на Инстаграм, се пофали со автомобил од марката„Ламборџини ”, вреден 212.000 евра, кои го добила од избраниот со кого е во врска осум месеци. Рускиот тајкун не штеди пари за да ја израдува својата сакана, а ова е втор автомобил што го добива од него.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

- На почетокот на мај, Сораја доби уште еден автомобил од својот сврешник. Таа не знаеше какво изненадување се подготвува за неа бидејќи Владимир го криеше од неа до последен момент. „Ламборџинито“ го паркирал пред хотелот каде престојувале, па ја повикал по телефон и и рекол да излезе на терасата. Кога видела што ја чека, Сораја започнала да скока од среќа. Таа веднаш истрча од хотелската соба и седна да се вози- вели добро информиран извор за српските медиуми.]]>
Српската пејачка неколку часа по свршувачката доживеала шок: Саканиот ја изневерил со бившата! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pejachka-nekolku-chasa-po-svrshuvachkata-doziveala-shok-sakaniot-ja-izneveril-so-bivshata/ Mon, 16 Dec 2019 09:38:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124074

Српската пејачка Дуња Илиќ не престанува да ја шокира јавноста, а сега таа изненади со новите вести од нејзиниот приватен живот. Таа неодамна на својот профил на Инстаграм објави дека наскоро се венча, покажувајќи фотографија од нејзиниот свршенички прстен. Таа напиша „Да“ во описот на фотографијата и со тоа стави до знаење дека нејзиното момче ја побарало нејзината рака, а таа се согласила. Сепак, само по неколку часа се случила вистинската драма. Поранешната пејачка призна дека нејзиниот свршеник и приредил многу непријатна ситуација за која дознала, па затоа споделила сè со своите следбеници. - Кога дознавте неколку часа по веридбата „свршеникот“ земал билет за време на расправија за да отиде кај неговата поранешена, а вие го праќате на службено патување. Животот - напиша Дуња.

Повеќе на vistina.mk]]>

Српската пејачка Дуња Илиќ не престанува да ја шокира јавноста, а сега таа изненади со новите вести од нејзиниот приватен живот. Таа неодамна на својот профил на Инстаграм објави дека наскоро се венча, покажувајќи фотографија од нејзиниот свршенички прстен. Таа напиша „Да“ во описот на фотографијата и со тоа стави до знаење дека нејзиното момче ја побарало нејзината рака, а таа се согласила. Сепак, само по неколку часа се случила вистинската драма. Поранешната пејачка призна дека нејзиниот свршеник и приредил многу непријатна ситуација за која дознала, па затоа споделила сè со своите следбеници. - Кога дознавте неколку часа по веридбата „свршеникот“ земал билет за време на расправија за да отиде кај неговата поранешена, а вие го праќате на службено патување. Животот - напиша Дуња.]]>