свршенички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 May 2021 07:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свршенички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали знаете на која рака се носи венчалниот прстен, а на која вереничкиот? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-na-koja-raka-se-nosi-venchalniot-prsten-a-na-koja-verenichkiot/ Tue, 11 May 2021 13:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202073

Сега ако прашате некого на која рака се носи бурма, само оние што ја носат веројатно би го знаеле вистинскиот одговор. А можеби сте забележале дека го носат на лева рака и некаде на десна. Па што е правилно? Одговорите се: и едното и другото, сè зависи од традицијата што настанала пред 4.800 години во Египет. Кругот ја симболизира вечноста, без почеток и крај. Кога се дава прстен, тоа означува бесмртна љубов. Античките Римјани и Египќани верувале дека четвртиот прст на десната рака има нерв или вена што директно го поврзува со срцето. Римјаните дури имале и посебно име: „вена на љубовта“.   Прстенот на тој четврти прст означувал дека лицата се поврзани и дека нивните срца се зафатени. За жал, анатомијата го поби ова верување: сите прсти имаат вена поврзана со срцето, што го разби симболичкото верување. Но, постои и друго објаснување кое не е толку романтично. Римјаните први носеле венчален прстен на десната рака. Тие веруваа дека левата рака е несреќна и „несигурна“. Долги години, во Индија било вообичаено да се носат прстени само на десната рака, бидејќи левата рака се сметала за „нечиста“. Во денешно време, дозволено е да се носат венчални прстени на која било рака. Во Германија и Холандија, паровите носат веренички прстени на левата рака и венчални прстени на десната страна. Ова значи дека тие го смениле својот статус и го легализирале својот однос пред Бога и светот. Шведските невести можат да носат уникатни комплети кои се состојат од веренички прстен, бурма и прстен од мајка си. Според еврејската традиција, свршеникот става прстен на показалецот на десната рака на неговата свршеница. По бракот, жените обично го носат на четвртиот прст со иста рака. Обичајот да се носи веренички прстен историски го практикувале и мажи и жени, иако на крајот ја изгубил популарноста кај мажите. Земји каде што се носат венчалните прстени на десната рака се: Србија, Норвешка, Данска, Австрија, Полска, Бугарија, Русија, Португалија, Шпанија и Белгија (на некои територии), Грузија, Украина, Грција, Латвија, Унгарија, Колумбија, Куба , Перу, Венецуела. извор:попара.мк]]>

Сузана Гавазова без да се разведе доби уште еден свршенички „Прстен несуден“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-bez-da-se-razvede-dobi-ushte-eden-svrshenichki-prsten-nesuden-foto/ Wed, 04 Nov 2020 08:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174359

Македонскиот бисер Охрид, чаршијата крај езерото,  и останатите негови прекрасни локации беа местото каде Сузана Гавазова реши да  направи уште една свадба, откако без да се разведе доби уште еден свршенички „Прстен несуден“... За среќа, само во песна и на видео, како што гласи насловот на нејзиното ново остварување кое е  во фаза на изработка и поспродукција! Корона пандемијата го затвори светот дома, а музичарите и естрадата најмногу настрадаа, но македонската фолкерка  реши одново храбро и гордо да и пркоси на неволјата. Додека повеќето од  естрадните уметници седат без работа, без приходи и вложувања во нови проекти, таа реши да снима спот и во ова време-невреме, среде корона пандемија. Љубовта и овој пат како вечна тема, а приказната во видеото ја поведе фолкерката на патување низ времето, за низ песна да ја раскаже приказната за големата љубов за двајца млади. Универзална приказна која секогаш е така иста , а толку различна,  без оглед и без разлика во кое време и на кое место се случува. Раскошни костими, олдтајмер, староградски стил и  пејачката закопчана до грло на прошеткаа по калдрмата низ тесните охридски сокации во стариот дело на градот во друштво на Џамбо Агушев и неговиот оркестар, придружувани од многуте статисти, членови на модното студио „Шанел“ од Битола. Вистинска атмосфера од крајот на 19-иот и почетокот на 20-от век, од времето на зачетоците на градскиот живот во Македонија... Во кој времето и животот се поразлични, но љубовната мака иста: Како и секогаш, кога е ранета од љубов,  душата боли и е тажна. Текстот го напишал Орце Зафировски, а аранжманот го направил Минтас Мемедов. Видеото го снимаше  екипата на „Ин продукција“,  но под режисерската палка на  младиот но веќе докажан  мајстор кој работел спотови за најголемите македонски музички поп ѕвезди, Даниел Јовески. „Гавазова вели дека на овој начин сакала да и подари уште нешто убаво на нејзината публика и барем на миг со македонската песна да донесе ведрина во секој дом. Можеби во овој период кога музичарите немаат никакви настапи и ангажмани и не е исплатливо да се вложува во нови проекти, но и покрај се', таа се одлучила на овој чекор, како нејзин начин да остане во контакт со својата публика која со години ја следи насекаде низ светот“. ]]>