свп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Apr 2021 12:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шпанскиот поет и лауреат на СВП, Хусто Хорхе Падрон почина од Ковид-19 https://arhiva.vistina.com.mk/shpanskiot-poet-i-laureat-na-svp-husto-horhe-padron-pochina-od-kovid-19/ Mon, 12 Apr 2021 12:42:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198673

Почина поетот, есеист и преведувач Хусто Хорхе Падрон, голем пријател на Македонија. Падрон почина вчера, 11 април 2021 г. во Мадрид, како последица од компликации од ковид – 19. Роден е во Лас Палмас, на Канарските Острови, каде што завршува основно и средно образование, а почнува да студира, паралелно, право и филозофија во Барселона. Дипломира на Правниот факултет во Барселона и, по дополнителните студиски престои на универзитетите во Париз, Стокхолм и Осло, станува адвокат во Лас Палмас. Во шпанската поезија се појавува со својата книга „Темните огнови“ во 1971 година и оттогаш, од година в година, неговото име се повеќе се афирмира, набргу стекнувајќи и меѓународна афирмација. Важи за еден од најпреведуваните и најнаградуваните современи шпански поети. Беше генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија „Екиваленсијас“. На неговите страници има претставено многу современи поети и поезии во тројазично издание (на шпански, англиски и на јазикот на оригиналот), меѓу кои и македонската поезија, на која и беше посветен еден број. Поезијата на Хусто Хорхе Падрон е преведена на повеќе од четириесет јазици, a објавени му се 82 книги на странски јазици. Добитник е на многубројни национални и меѓународни награди и признанија за поезија и е долгогодишен учесник на Струшките вечери на поезијата, двократен добитник (1989 и 2002) на наградата „Нова Македонија“ за најдобра песна напишана на СВП, а главната награда „Златниот венец“, ja доби во 1990 год. Во 2019 година ја доби наградата „Ацо Караманов“ на „Карамановите средби“ во Радовиш. Беше член на МАНУ (надвор од работен состав) и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.]]>

На СВП ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-svp-kje-bide-soopshten-dobitnikot-na-nagradata-brakja-miladinovci/ Fri, 24 Aug 2018 11:23:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44618

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се стихозбирките „Небесна пантонима“ од Зоран Анчевски, „Под Дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади, „Гласови“ од Јордан Даниловски, „Остави ме да си доиграм“ од Јовица Ивановски и „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска. Авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ вчера го претставија своето творештво, а најдобрата книга ќе биде преведена на англиски јазик. На програмата денеска е меѓународното поетско читање „Матине“, поетски портрети, поезија на пат, ноќите без интерпункција… Фестивалот ќе заврши в недела со манифестацијата „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ На годинашните57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји и 50-тина поети од Македонија. (Миа)]]>