свиркање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 11:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свиркање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Два „биљбиља“ во „Мерак меана“: Ирена Вељовска и Трајче – „Мајка“ е докажано дека јазикот ептен го владеат, а сепак меѓу себе се разбираат со… свиркање (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dva-bilbila-vo-merak-meana-irena-velovska-i-trajche-majka-e-dokazhano-deka-jazikot-epten-go-vladeat-a-sepak-megu-sebe-se-razbiraat-so-svirkane-video/ Fri, 01 Dec 2023 10:26:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329517

„Мерак меана“ на Сител телевизија е едно од оние фолк шоуа каде  расположението и убавата опуштена атмосфера одат во пакет со песните, па со самото тоа и забавата е загарантирана. И за ТВ гледачите, ама и за пејачите, учесници во шоуто. И не само тоа... При снимањето како по некое непишано правило секогаш има шеги, смешки и дополнителна забава, особено за поедини „староседелци“ кои се константни гости или незаменливи домаќини во сите досегашни емисии, како што се фолк двоецот Ирена Вељовска и Трајче Толевски - Мајка, на пример. А во „Мерак меана“  дополнително се случуваат и разни мераци… Повеќето скриени, понекои (полу)јавни, ама сите заедно мошне забавни. Дека меракот е голем “нешто повеќе да се покаже“, во едно од минатите изданија покажа фолкерите. Тогаш сликовито ни демонстрираа дека покрај  умешноста со гласот, подеднакво добро го владеат и умеењето со јазикот… Не помина долго, веќе при следното снимање забавното дуо одново покажа нова умешност... Или поточно - уметност во комуникацијата, каде јазикот е исклучен. И не се во прашање никакви мимики, ниту некаква пантомима, или СМС, Месинџер, Вибер или не знам какви веќе пораки... Туку Трајче и Ирена покажаа дека ним муабетот им оди и кога молчат, па затоа начинот на комуникација воопшто не ги мачи, зашто фолкерите се не само добри пејачи и свирачи, туку и одлични свиркачи! Кој не верува нека погледне како то Ирена и Трајче се изнамуабетија во „Мерак меана“, а при тоа ни буква, а камо ли збор не изустија. Таа свирни му, тој возврати и', тој свирни и',  таа свирката прифати ја... И така, како два биљбиља  музичарот и пејачката воспоставија совршена комуникација. Што си кажаа, знаат само тие двајцата! Кој кому прв решил да му потсвирне - не се знае, ама не е ни важно... Важно е да ти се погоди свирката, оти на птичката до тебе ако не и годи свиркањето, ќе ти одлета кај друг свиркач... Добро,  ова до душа е само пријателско свиркање, ама сепак... За да не дојде до случајна „дисхармонија“ во  свиркачката комуникација меѓу фолкерите,  добро е да се потсетат дека секогаш има алтернативно решение. Впрочем се' уште тука е јазикот, кој  како и свиркањето - не е спорно дека го владеат ептен добро! Кој не верува, уште еднаш нека се  увери во нивните „усно - јазични“ способности. Фото и видео: Инстаграм/ irenaveljovska/]]>