светски шампион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Oct 2022 08:20:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png светски шампион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со оваа Албанка нема зафркавање – може да ве „скрши од мавање“: Светското првенство во фитнес и бодибилдинг на Гентиана Беќа и донесе среќа, стана светска шампионка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-ovaa-albanka-nema-zafrkavanje-moze-da-ve-skrshi-od-mavanje-svetskoto-prvenstvo-vo-fitnes-i-bodibilding-na-gentiana-bekja-i-donese-srekja-stana-svetska-shampionka-foto/ Sat, 22 Oct 2022 08:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272541

Убавата билдерка од Косово, Гентиана Беќа стана светска шампионка во Јужна Кореја каде се одржува Светското првенство во фитнес и бодибилдинг. Популарната Гета настапи во една од трите категории и во неа  освои златен медал. Станува збор за категоријата „велнес“ во која Гета доминантно ја освои титулата светски шампион. Бидејќи оваа репрезентативка на Албанија, родена во Косово, е во одлична физичка форма, таа е и фаворит во претстојните категории „велнес фитнес“ и „севкупно“. „Нема емоција што може да опише како е кога на светската арена се вее државното знаме, кога на другата страна на светот се свири националната химна и тоа не прави сите нас  исклучително горди. Благодарна сум на Бога што ми даде можност да блескам на Светското првенство“, напиша таа на социјалните мрежи. Поради одличниот настап и прекрасниот изглед,  Беќа преку ноќ стана популарна на социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат околу 200.000 фанови. Инаку, Гентијана Беќа е родена 1982 година на Косово во Ѓаково, но ја претставува Албанија во бодибилдинг и фитнес. Таа постигна голем успех во кариерата, но титулата светски шампион секако ќе биде најголемиот трофеј во спортскиот живот на оваа мускулеста убавица.]]>

Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс! https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-gjorgiev-e-nov-svetski-shampion-vo-kik-boks/ Fri, 22 Oct 2021 11:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224221

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик. Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија. За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.]]>