светски пијанист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Feb 2023 13:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png светски пијанист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светски познатиот пијанист Иво Погорелиќ со концерт во Македонската филхармонија на 22 април https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-poznatiot-pijanist-ivo-pogorelik-so-kontsert-vo-makedonskata-filharmonija-na-22-april/ Tue, 14 Feb 2023 13:25:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289308

На 22 април 2023 година, во 20 часот, во Македонската филхармонија ќе настапи светскиот пијанист, Иво Погорелиќ. Роден во Белград, познат по неговите извонредни интерпретации кои му донесоа голем број следбеници, пофалби и критики од музичките експерти, Погорелиќ го привлече вниманието на пошироката музичка јавност во 1980 година, како лауреат на престижниот 14-ти Меѓународен натпревар за пијано во Монтреал, каде во финалето се претстави спектакуларна изведба на третиот Концерт за пијано на Сергеј Прокофјев. Истата година, Погорелиќ учествувал и на 10. Меѓународен натпревар по пијано „Фредерик Шопен“ во Варшава, каде од причини кои никогаш не биле целосно обелоденети, бил елиминиран пред последната рунда. Оваа контроверзна и неоснована одлука резултираше со незадоволство кај одредени членови на жирито, кои го напуштија натпреварот во знак на протест, меѓу кои и пијанистката Марта Аргерич, која ја објасни својата одлука за заминување прогласувајќи го Погорелиќ за гениј. Овој настан, како ниеден друг во историјата на музичките натпревари, одекна низ светската музичка јавност, која го сметаше Погорелиќ за вистински победник на овој натпревар. Легендарниот пијанист ја обележа класичната музичка сцена на нашето време. Уникатниот музички талент и иновативниот пристап го сместија меѓу најоригиналните музички умови на денешницата. Благодарение на бескомпромисните уметнички критериуми и посветената потрага по идеалот на музичкото изразување, Погорелиќ во повеќе од четири децении музицирање, оствари автентични достигнувања, ценети и од публиката и од критиката, додека неговите концерти ширум светот се здобија со статус на култни настани. Негувајќи го култниот статус на уметникот, во 2006 година, Deutsche Gramophone објави двојно ЦД со изведбите на Погорелиќ, насловено „Генијалецот Погорелиќ“.]]>