свето тројство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Dec 2022 08:20:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свето тројство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков е дефинитивно убава жена, само… според сопствениот критериум или старото добро машко „свето тројство“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-e-definitivno-ubava-zena-samo-spored-sopstveniot-kriterium-ili-staroto-dobro-mashko-sveto-trojstvo-foto/ Tue, 06 Dec 2022 08:19:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278753

Македонската ТВ водителка и најпозната пилатес инструкторка Снеже Велков секогаш има „Нешто конкретно“ да (ви) каже... Или во својата истоимена ТВ емисија  во која на гостите им ја открива онаа другата, животната страна, или на социјалните мрежи каде покрај сето останато што го покажува, секогаш споделува и по некоја од мудрите мисли! „Жена“... ќе рече некој. Е да, ама и покрај тезата која владее кај мажите, особено кај балканските, дека „сите жени се исти...“ - знаете веќе што, очигледно и не е баш така. Токму Снеже Велков е пример дека има жени и жени... И вакви и такви и онакви... Секакви! Русокосата убавица на екраните е секогаш дотерана, стокмена, стегната, средена... изгледа врвно. Дури и многу помлада за годините, атрактивна, привлечна, секси, а при тоа делува дека е ем заводлива, ем на доволна дистанца, духовита, а сепак одмерена, шармантна и интилигентна... И така цело време некако „ем ваква, ем таква“... Можеби токму затоа и самата во една од последните свои објави на Инстаграм, обзнани дека ја прашале: „Која жена според тебе е убава?“ , а таа одговара: „Реков: Онаа која во секој момент знае што да каже да биде одмерена во изјавите, културна во провокациите, нежна со децата, строга со соработниците. Онаа до која ќе застанете и ќе ви биде убаво оти енергијата и е убава. Онаа со загонетна насмевка и очи кои се смеат од задоволство. Онаа со став кој кажува дека не е лесно освојлива. Е таа жена е убава... Уф, Ми рекоа: Мислевме на изгледот. Реков: Сте помешале средена жена и убава жена“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Одоговорот опсежен и темелен, ама одново остава простор за дилема: „Дали тоа во него водителката се опиша себе си или...? Или колку и да не ги меша двете работи, Снеже Велков е сепак „микс од двете“: И убава и средена...  Вклучувајќи ги сите претходно наведени параметри што една таква жена според неа, треба да ги поседува. Иако кај голем дел од мажите се' уште како критириум важи  старото добро машко „свето тројство“: Госпоѓа на улица, домаќинка во кујната,  „старлета“ во спалната...! Па која како се препознава... Дека е „убава“?! Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze
   ]]>

Лазар Темелков на „државопогубните“ политички полтрончиња им ја плесна вистината в лице: „Доаѓа фајронт, со него и сметката, а секоја сметка се плаќа, макар напишана на партиски парагон“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-temelkov-na-drzavopogubnite-politichki-poltronchinja-im-ja-plesna-vistinata-v-lice-doagja-fajront-so-nego-i-smetkata-a-sekoja-smetka-se-plakja-makar-napishana-na-partiski-paragon-foto/ Wed, 21 Oct 2020 06:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172331

Јавноста го памети како еден од најдобрите ТВ презентери на ТВ дневникот во Македонија на сите времиња... Уште со својата појава од времето на А1 телевизија,  потоа преку Канал 5, ТВ Алфа, Радио Слободна Македонија (РСМ) и сега одново ТВ Алфа… И не само како радио и ТВ спикер, туку и како новинар и уредник на вестите. Лазар Темелков или како што колегите го нарекуваат Лазе, не е од оние ТВ ликови кои сакаат да се експонираат надвор од работата и повеќе од потребното. Тивок, скромен, повлечен, навидум, безуст... Но, секогаш цврст, темелен, со свој став, свое јас, кое како по правило кореспондира со фактите, со вистината и реалноста, која неретко знае да им ја „плесне в лице“ на оние кои тоа го заслужуваат, колку таа и да била „болна“ за нивното его, поразителна за нивната личност, срамна за нивното име. А такви во денешно време - колку сакаш... Особено помеѓу политичарите, најмногу оние од власта и владеачката партија. Оние кои себе си се сметаат за „државотворци“, а всушност се срамни „уставокршачи“ и бесрамни „државоуништувачи“ на сите прмакедонски придобивки... Од „Илинден“ и „АСНОМ“, па преку „8-ми Септември“ се' до ден денешен... Растурикуќи  од „Рамковен“ до „Преспански“...! Токму ним, на вазалите на „новиот поредок“ и нивните слуги, на  државопогубните“ политички полтрончиња Лазе им ја плесна вистината в лице со брилијантен Фејсбук статус на својот профил на оваа социјална мрежа. Нешто како „колумна на својот личен медиум“, во која Темелков темелно го опишал карактерот на нивната личност, нивните цели, афинитети, желби, навики...
„Дно - дна“ нивото на денешните политичарчиња и лижачи со власта и нивното единствено „Свето тројство“  во кое тие веруваат и се крстат додека ја распродаваат Македонија... За гага фенси кафеана, ескорт фуфла и службен Ај Фон... Впрочем прочитајте го статусот на Темелков... Се чита во еден здив, а потоа долго се размислува. Време е да се сепнеме, кому овој народ му ја довери власта и даде државата в раце? Можеби  некој од нив и ќе се замисли? Ако воопшто има со што да мисли?! За сонувачите на „Светото тројство“ „За единственото Свето тројство во кое тие веруваат и се крстат ја продаваат Македонија. Гага фенси кафана, ескорт фуфла и службен Ај Фон. Тука се затвора нивното тројство. Се останато е добредојдено. Ја продаваат државата за службен автомобил, како врвен доказ пред некогашните соседи дека овој пат успеале во животот. Постепено ги проретчуваат викенд посетите во родниот крај, во обид да се убедат дека минатото било само лош сон. Изјава пред камера? Десетици пати ја враќаат и заедно ја анализираат со невестулчето кое штотуку се вратило од фЛизер во новиот град. Ја продаваат државата за пура на која ниту името не знаат да и го изговорат. За Сингл Малт кој не им клизи како жолтата која се уште кришум ја пијат дома. За Просеко или евентуално поскапо пенливо вино, кои не се како Смедеревката и газираната вода, но зошто да не, кога друг платил. За минливото самозалажување дека се важни и од нив нешто зависи. За благонаклониот поглед на шефот во кој тие читаат: " Ти си столбот на партијата." Свесни дека ништо од горе наведеново не би можеле да помирисаат, доколку не плакатареле во име на "државотворната" партија и цинкареле и коленичеле пред слични на нив, не гледаат дека доаѓа време за " ко је појео и попио нек изаџе из кафане". Доаѓа фајронт, а со него и сметката. Секогаш на крајот се носи. Ќе им ја донесе шефот, ист како нив, дополнително и политички фрустриран. Но, во оваа сметка нема бројки. Има куси насоки: уништи, урни, поништи, избриши... Секоја сметка се плаќа, макар напишана на партиски парагон. Ништо не е бесплатно. Ќе платат и тие, со тоа што може да го понудат, со контаминираната душа, со површноста со која обилно се надарени и со интегритетот што го немаат, а и никој не го бара од нив. Ќе платат, без збор, со надеж дека ќе го задржат нивното Свето тројство. А кога кафаната конечно ќе затвори, најголем дел од нив ќе се вратат таму од каде што дошле. И со старата добра ракија и вино во пластика ќе се потсетуваат колку се било добро во нивно време. Ќе се редат полупијани разговори, се до случајното гледање на некои вести. По првичниот молк и неверба, некој ќе се осмели да праша - "Чекај, како ова? Па кој ја растури државата? " Некои од нив што разбираат од срам , ќе станат и ќе ја напуштат масата. А шефот? Добар е, во потрага по нови сонувачи за Светото тројство, без чија поддршка нема да може да ја спроведе следната распродажба на државата“ - напиша Темелков во својот фејсбук статус!