Светлост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 May 2020 13:14:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Светлост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МКЦ со музичка програма во соработка со Кино Шишка од Љубљана https://arhiva.vistina.com.mk/mkc-so-muzichka-programa-vo-sorabotka-so-kino-shishka-od-ljubljana/ Thu, 21 May 2020 12:51:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150898

Младинскиот културен центар од денеска почнува со музичка програма во соработка со Кино Шишка од Љубљана. Концертите ќе се реализираат онлајн, а истите може да ги проследите преку facebook, youtube и платформата zoom.
Вечерва, со почеток од 20 часот настапуваат нашите Светлост + Odron Ritual Orchestra, а веднаш потоа ги слушаме OHOLO! од Словенија, соопштија од МКЦ.
Охоло! е голем бенд, колектив, септет што се создава на пресекот на импровизирана и компонирана музика. Тоа е џез со извичник, како што напиша Марио Бателиќ во своите забелешки за бендот: – Има нешто необично и малку вознемирувачко во врска со името на овој бенд (што грубо се преведува како „гордо“, „арогантно“, можеби дури и „фамозно“), запечатен како што е со извичник што го бара вашето неразделно внимание. Тоа укажува на неконвенционалното и дрско. Тоа е име што, да бидеме искрени, нè тера да размислуваме повеќе за незгоден панк бенд од група на некои од најистакнатите претставници во земјата на џезот, импровизацијата и експерименталната музика. Светлост e музички колектив основан во 2014 година. Светлост е флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Во оваа инкарнација наречена Svetlost + Odron Ritual Orchestra членуваат најзначајните џез музичари од повеќе генерации, кои зад себе имаат преку 30 албуми и 1000 концертни настапи со групи како Sethstat, Палиндром, The Local Blue, Fighting Windmills, SD4, Shock Troopers, Aeon Arcanum, ГЛАСНОМ, Yordan Kostov Ensemble Modern, Avadarxi Quartet, La Colonie Volvox итн., кои во рамките на композициите на Новковски/Омерагиќ/Спировски наоѓаат плодно тло за звучна интеракција, која ги замаглува границите на формалното и слободното. Во септември 2019, во соработка со издавачот PMG Jazz, го издадаваат своето деби LP „Odron Ritual Orchestra“ кој се најде на неколку релевантни листи за најдобри џез албуми за 2019.]]>

„Светлост“ со концертна промоција на „Odron Ritual Orchestra“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/svetlost-so-koncertna-promocija-na-odron-ritual-orchestra-vo-mkc/ Mon, 16 Sep 2019 06:39:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107175

Концертната промоција на своето петто издание - „Odron Ritual Orchestra“, на современиот џез ансамбл Светлост. Ова е прво дискографско остварување на групата Светлост - музички колектив основан во 2014 година од Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски. „Odron Ritual Orchestra“ е студиска реализација на две композиции од голем формат, кои служат како лабави рамки за музичка интеракција помеѓу единаесетте музичари кои го сочинуваат овој проширен ансамбл. Музиката запишана на ова издание влече паралели со американскиот слободен џез од ‘60тите и европските струи во креативната музика во изминатите шест децении, делумно зачинет со карактеристики на она што популарно се нарекува „музика на светот“. Овој концерт ќе биде исклучително ретка прилика да се чуе овој ансамбл во живо, во полн состав. Исто така, ќе имате прилика да го набавите албумот во ЦД-формат по промотивна цена. Билетите (во ограничен број) се во претпродажба на билетерата на МКЦ и нивниот дигитален сервис – https://bileti.mkc.mk/ SVETLOST + ODRON RITUAL ORCHESTRA _________________________________ Нинослав Спировски [кларинет / сопран & тенор саксофон] Петар Христов [сопран саксофон] Иван Трајаноски [алт саксофон / баритон саксофон] Васко Бојаџиски [тенор саксофон] Бисера Базер [тромбон] Владан Дробицки [тромбон] Кристијан Новковски [тапани / удиралки] Драган Теодосиев [тапани / удиралки] Константин Хаџи-Коцев [пијано] Панче Бујуклиев [minibrute] Дени Омерагиќ [контрабас]]]>