светлана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Nov 2021 09:54:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png светлана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќерката на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка: Моника не е само млада убавица туку и едуцирана умница! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-svetlana-i-miki-crnokrak-diplomirashe-so-chista-10-ka-monika-ne-e-samo-mlada-ubavica-tuku-i-educirana-umnica-foto/ Wed, 24 Nov 2021 09:54:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228560

Кога ќе се помене презимито Црнокрак, несомнено веднаш на ум на сите им паѓа модното студио на брачната двојка Светлана и Миодраг - Мики Црнокрак. Најголемиот, најпознатиот и најтрофеен бренд во Македонија кога се манекенството, моделството, изборите за мис  во прашање... Место од каде што почнувајќи од самите сопственици некогашни познати модни икони во и надвор од Македонија, па е до стотици други девојки и момчиња кои ги направиле првите чекориво светот на ммодата, таму го учеле првиот манекенски „кет вок“, првите позирања, првите однесувања пред камера, на сцена, на модната писта... Годините минуваа, брачната двојка Црнокрак ги доби своите наследнички, ќерките Моника и Нина. И додека Мики е тој што успешно го менаџира брендот, Светлана која отсекогаш преставувала поим за вистинска убавина и денес на 43 години плени со свој раскош исто како и на почетокот од својата кариера. Постарата од двете ќерки - Моника, наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство, исто така е  успешна во манекенските води и има освоено неколку титули за убавина. Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Деновиве Моника докажа дека не само млада убавица, туку и едуцирана умница. Имено, ќерката  на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството му донесе уште едно признание и голема радост. Овој пат животна, зашто да се заврши на државниот универзитет како дипломиран економист со десетка, воопшто не е мала работа. Ниту едноставна, ниту лесна, па затоа задоволството, радоста, среќата... На неа самата, на мама и тато, сестричката, но и на целото потесно семејство беше неизмерна! Моника со дипломата  в рака и грст фотографии од среќниот момент за паматење. Со пресреќните мама и дада, со гордиот тато, сама... Сега убавината во брендот Црнокрак има нов смисол, добива ново значење... А, може и ново име, односно нов прекар: Моника -  „Економика“! Фото: Инстаграм/Фејсбук принтскрин/Miki Crnokrak]]>

Каролина ја отвори приватноста: Јавно ја покажа мајка и честитајќи и роденден (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-ja-otvori-privatnosta-javno-ja-pokaza-majka-i-chestitajkji-i-rodenden-foto/ Sat, 29 Dec 2018 09:05:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65438

Македонската поп/фолк дива Каролина Гочева иако е оддамна на естрадата, никогаш пред камерите не сакала да зборува за својот приватен живот. Деталите од приватноста, освен оние, најосновните,  никогаш не ги  откривала, сакајќи да се заштити себе си и своето семејство од трачевите, аферите, таблоидите, кулоарите...
Македонското девојче-битолчанче минатата година стапи во брак со ликовниот уметник Михаил Корубин. Пред објективот на камерата таа и од свадбената церемонија речиси  го скри својот приватен живот, зашто едвај неколку фотографии излегоа во јавноста. И откако е во брак, Каролина ја задржува истата линија, истиот начин на поимање на приватноста и професијата.
Сепак, колку и да држи до овој свој став, „железната лејди“ не додржа да направи нешто, што веројатно и неа и покажа и докажа дека понекогаш споделувањето на приватноста со јавноста е добра и за тебе и за тие околу тебе.
Имено, Каролина во овие предпразнични денови сподели фотографија на Инстаграм, која е нејзината мајка Светлана, среќна, расположена и насмеана. Покрај фотографијата честитката за нејзиниот роденден од нејзината Каролина. Вистинска реткост, но чин кој очигледно, не само што и го стопли срцето на мама Светеле или Сеси - како што некои од пријателките на Каролина ја нарекуваат, туку ги стопи и срцата на сите оние што ја знаат и познаваат и и' се блиски... И неа и на Каролина.
 
View this post on Instagram
 
Среќен роденден my beauty ❤️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Листата од постирани честитики, позитивни коментари и желби за здравје, долг живот, среќа и радост...  беше бесконечна.
Каролина само малку ја подотвори приватноста и многу доби во очите, не само на своите блиски и фанови, туку и на сите други, покажувајќи дека сепак зад „ладниот физикус“ -  стои топло срце!  ]]>

Светлана и Мики Црнокрак славеа годишнина од бракот, а најубавата и најслатка честитка ја добија од „плодовите“ на нивната љубов! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetlana-i-miki-crnokrak-slavea-godishnina-od-brakot-a-najubavata-i-najslatka-chestitka-ja-dobija-od-plodovite-na-nivnata-ljubov-foto/ Sat, 13 Oct 2018 07:45:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52705

Сопствениците на модното студио „Црнокрак“, брачната двојка Светлана и Мики со години важат за пар кој покрај семејниот бизнис исполнет со убавина, има еден од најстабилните и најсреќни бракови.
Вообичаено е за луѓето од јавниот живот, особено естрадата или светот на модата и убавината во чиј домен е нивната работа, да биде предмет на „туѓите погледи“, озборувања, чаршиски муабети, афери, трачеви... Постојано да си опкружен со убавици, а тоа да ти бидер само професионална обврска е отприлика како онаа - со пчеларот: да го собираш медот, а да не сркнеш од него!
Но, по се изгледа поривот да се истрае во модниот бизнис и светот на убавината, судирајќи се постојано со предизвикот и искушението, особено кога си во помлади години, Мики Црнокрак успешно го пребродил и се' уште го прави тоа, зашто убавината му е постојано пред очи, ама и при срце. Неговата сопруга, манекенката и модел и ТВ презентер Светлана Црнокрак со години важи за една од најубавите жени во Македонија, а нивната љубов крунисана со брак трае повеќе од две децени.
Токму 21 годишнината од бракот Светлана и Мики ја прославија во еден отмен скопски локал, при тоа добивајќи дузина честитки, но сепак најубавата и најслатка честитка стигна токму од „плодовите“ на нивната љубов - нивните две ќерки, Моника и Нина.
Поголемата - Моника, која израсна во вистинска убавица која убавината ја наследила од родителите, особено од мама, е студент на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а помалата, 7 годишната Нина - „втораче“!
Среќната брачна двојка од своите убавици доби чоколадна торта во облик на срце со посвета...
...Па, моментот го овековечи со семејна фотографија: брачната двојка Црнокрак и „плодовите“ на нивната љубов која трае, крунисана со 21 година брак! Нека е честито и вечно!
 ]]>