свети валентајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Feb 2024 09:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свети валентајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џесика има најубави балони: Македонската фолкерка вака го најави денот на љубовта и виното! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzesika-ima-najubavi-baloni-makedonskata-folkerka-go-najavi-denot-na-ljubovta-i-vinoto-foto/ Sat, 17 Feb 2024 09:45:59 +0000 http://vistina.mk/?p=11982

Македонската фолкерка Џесика Палашоска важи за една од најнадарените на естрадата. И тоа во секој поглед. А Бога ми и за сечиј поглед! Пејачката навистина поседува раскошни атрибути, на кои многу нејзини колешки не само од Македонија, можат да и позавидат.
Бујна и однапред и одзади, стегната во топ и тесни шарени хеланки, кои го отцртуваaт секој детал на нејзиното тело...
Февруари е месец на љубовта. Особено денот... 14 февруари. Едни ја слават љубовта и Свети Валентајн, други виното и вистината во него, славејќи го Свети Трифун, трети обата празника, пиејќи или од љубов или заради невозвратена љубов...
Токму заради тоа Џесика една од своите највпечатливи фотосесии која ја реализираше пред објективот на фотографот Стојанче Цавироски  им ја посвети на вљубените и винопиите.
А во неа, згодната битолчанка со круна на главата, како фолк кралица среде безброј црвени балони, ги истакнала сиот свој сексапил и убавина, потсетувајќи ги своите обожаватели, но и сите други дека љубовта е она нешто што на сите ни треба.
Гледајќи ја на фотографиите, на оние најновите ама и на оние постарите не можете а да не дојдете до заклучок дека Џесика ги има најубавите балони...
Особено, оние - љубовните... А вие, на кои и да помисливте дека ова се однесува, на оние црвените или на некои други - сосема сте во право! Џесика навистина има најубави балони! Кој не верува, време е да го потсетиме...
Веруваме дека после ваква размена на погледи со расната битолска фолкерка, гледањето во... нејзините убави сино-зеленкасти очи, ќе ви премине во почеста навика! А балоните...? Тие најчесто завршуваат како подарок во туѓи раце... За Денот на вљубените, за јубилеите, прославите и родендените... Секако, само ако сте токму вие вистинскиот подарувач! Фото: Инстаграм/jessicapalash  ]]>

Св. Валентин: Каква порака крие Денот на вљубените? https://arhiva.vistina.com.mk/sv-valentin-kakva-poraka-krie-denot-na-vljubenite/ Wed, 14 Feb 2024 13:25:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134233

14 февруари, односот Свети Валентин или Денот на вљубените секоја година се повеќе добива на значење и го привлекува вниманието на оние кои се во пар. Да, на оние заљубените. Овој ден сите си искажуваат неизмерна љубов,  си подаруваат разни работи во симбол на љубовта... Но, сте се запрашале ли некогаш зошто се празнува овој ден? Симбол на Свети Валентин е римскиот бог Купид, кој е прикажен со лак и стрела. Постои верување дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби, но името на овој празник не е добиено по овој бог. Имено, празникот името го добил по светецот Валентин кој живеел во третиот век по Исус Христос. Свети Валентин - заштитник на празникот на љубовта Овој свештеник тајно ги венчал римските војници и нивните израбнички, бидејќи во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба, според која ниту еден војник не смеел да се венча, со цел да не му се одвлекува вниманието за време на војувањето. Оваа одлука морало да биде почитувана, а најмногу од свештениците, но свештеникот Валентин не потклекнал на овие наредби. Си ја ризикувал слободата или во најлош случај животот и тајно ги венчал војниците. На 14 февруари, еден ден пред римскиот празник Луперкалија, на свештеникот Валентин му била отсечена главата, бидејќи бил откриен, а по неговата смрт народот го прогласил за светец. По зацврстувањето на христијанството, тогашното свештенството се одлучило тој датум да се слави како ден на Светиот Валентин. Денот на вљубените денес Денес во целиот свет, Денот на светиот Валентин е познат како Ден на вљубените. На овој ден доколку имате партнер, не можете, а да не му подарите нешто во знак на вашата љубов. Доколку пак не сте тип кој купува подароци, тогаш заеднички организирате вечара или некоја заедничка активност, како што на пример е одењето на кино. Како се прославува овој ден ширум светот Според традицијата на англискиот двор во почетокот на 17 век, на Денот на вљубените млади мажи и жени си разменуваат прстени и бонбони. Секоја жена може да оди и да го побара мажот кој ѝ се допаѓа за да ѝ стане нејзинин сопруг. Најважно е дека мажот нема право да одбие една дама, но доколку неговото срце е зафатено, тој мора да ѝ подари свилен фустан. Во Јапонија и Кореја празникот датира од 1930 година. Во Јапонија на Денот на вљубените само мажите добиваат подароци. Празникот за жените доаѓа еден месец подоцна, на 14 март, а денот е наречен „Белиот ден“. Спротивно на ова, во Кореја постои традиција на „Црниот ден“, во кој осамените мажи се собираат и опиваат. Во Франција, овој ден се прославува со размена на накит и други романтични подароци, а во Данска мажите подаруваат исушени бели цвеќиња. На овој ден во Англија девојките се собираат пред изгрејсонце и погледнуваат низ прозорецот. Првиот човек кој ќе го видат се смета дека ќе им биде иден сопруг. Полјаците веруваат во чудотворната сила на љубовта и затоа го сметаат за свој долг да одат во црква и да се помолат за семејната среќа. Извор: #.mk]]>

Денот на вљубените како најмногу да им недостасува на разведените и оставените: Не е лесно да си сам или сама или… тоа само така изгледа заради реклама? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/denot-na-vlubenite-kako-najmnogu-da-im-nedostasuva-na-razvedenite-i-ostavenite-ne-e-lesno-da-si-sam-ili-sama-ili-toa-samo-taka-izgleda-zaradi-reklama-foto-video/ Tue, 14 Feb 2023 10:05:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288719

14-ти февруари, традиционално двоен празник... До душа однеодамна. Претходно, отсекогаш кај нас старите го славеле православниот празник посветен на светецот Свети Трифун, денот кога се закројуваат лозите, денот на лозарите... Подоцна саркастично наречен и „денот на пијаниците“ иако не е баш и така. Не така оддамна, откао станавме самостојна и суверена држава, барем на хартија, католичкиот празник Свети Валентин кој се празнува на иститот датум - 14 февруари, стана попривлечен, попримамлив, поекспониран, некако со голема помпа „натурен“ да се слави, особено кај младите, како празник наречен Денот на вљубените... Па така, сега на ист датум ги имаме двата празника споени во еден хибриден, познат како: „Денот на виното и љубовта“! Демек, тие две нешта најдобро одат заедно!? Зашто како што велат, некој пие од среќа, некој од тага, а некој... уште од изутрина, ама тоа е друга приказна! Денот на виното и љубовта некои го слават помпезно, на некои ништо не им значи повеќе од обичен ден, ама сепак многумина сакаат на некој начин да го одбележат. Социјалните мрежи се идеално место за тоа. По некоја логика, најмногу би требало меѓу нив да се оние „до уши вљубените“, ама ако го отворите денешниот Инстграм на пример, ќе забележите чуден феномен. Денот на вљубените како најмногу им недостасува на разведените и оставените?! Особено тоа може да се забележи кај некои од познатите и популарни личности! Така на пример, Лила Филиповска иако оддамна официјално е „only the lonely“ или што би рекле „сингл“, е една од оние која прва ќе ја забележите меѓу црвените балони во облик на срце. Со препорака каде и како вљубените можат да минат заедно една преубава вечер како што токму ова, која ја слави љубовта. Дали и таа самата ќе го стори истото и со кого, не објасни. Кумановската трендсетерка и тазе инфлуенсерка е и тазе разведена. Но, без оглед на тоа, Агнеса Органџиева не отстапува од тоа да ви порача да не го пропуштите Денот на вљубените. Да го прославите онака како што Агнеса ќе ви препорача, како да ја изненадите вашата љубов. Дали и неа некој ќе ја изненади со многу повеќе отколку она што како изненадување на сликата го покажа и понуди, новопечената инфлуенсерка не обзнани. Тамара Тодевска ја изненади јавноста откако кон крајот на 2022-ра објави дека се разведува. Оттогаш покрај тоа што е соло пејачка професионално, е соло дама и приватно. Или барем така засега се декларира. Но, затоа пак е една од најгласните што на Денот на вљубените ја протежира љубовта. „Секој од нас сака да добива подароци, но и да подарува. Затоа што тогаш подаруваме љубов, внимание и среќа. Деновиве го одбележуваме Денот на љубовта, Свети Валентин. Мене веќе почнаа да ми пристигнуваат подароци. А, посебно ми е драг овој подарок... Љубовта да ја покажуваме секојдневно и безусловно. Подарете нежност и убавина“ - споделила на својот Инстаграм, Тамара. При тоа и таа не објаснува дали освен материјалните подароци од спонзорите, на подарок ќе добие празнична доза нежност и убавина... За Свети Валентин, но и секојдневно и безусловно...? И од кого? Раскинувањето на врската помеѓу естрадно-љубовната двојка Антониа Гиговска и Иван Јованов  во македонската јавност одекна како онаа на Пике и Шакира во светската. Како турска серија во продолженија... Во меѓувреме се случи што се случи, а дојде и Денот на љубовта и виното. Случајно или намерно, како скриена порака или жал за Антониа,  на својот Инстаграм, Иван објави еден кавер кој самиот го отпеал. Толку емотивно, што е дури и трогателно... „Заборави“ од „Тропико бенд“ звучи како реквием за една љубов...  „Заборави дека соништата ти ги подарив, заборави зошто во нив веќе не си ти, заборави иако отсекогаш знаев, дека ќе ме оставиш“... се само дел од стиховите во рефренот на тажната љубовна балада, која силно одекна за Денот на вљубените на Инстаграм профилот кај  пејачот на „Либеро бенд“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @jovanov_ivan

Ова е само дел од арсеналот на познатите... Списокот е долг, а во него понекогаш сме сите, иако од прикажаното се наметнува едно прашање: Дали тоа Денот на вљубените најмногу да им недостасува на разведените и оставените? Не е лесно да си сам или сама или...Тоа само така изгледа заради реклама? Фото: Инстаграм принскрин/jovanov_ivan/tamaratodevska/agnesaorgandzieva/lilafilipovska      ]]>

Љубов и вино зачинети со гласот Павле Камилоски во Intermezzo music bar https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-petok-ljubov-i-vino-zachineti-so-glasot-pavle-kamiloski-vo-intermezzo-music-bar/ Tue, 11 Feb 2020 13:31:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133688

Се вели убавите нешта одат во пар – а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на уникатниот Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски – одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок. Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија. Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања. „Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar. Камилоски со проектите „Мала Италија“ и „Come fly with me“ освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред сè, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број. Павле Камилоски, петок 21 часот, Intermezzo music bar. Денот на вљубените дефинитивно никогаш не звучел подобро!]]>