свети трифун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Feb 2024 09:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свети трифун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џесика има најубави балони: Македонската фолкерка вака го најави денот на љубовта и виното! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzesika-ima-najubavi-baloni-makedonskata-folkerka-go-najavi-denot-na-ljubovta-i-vinoto-foto/ Sat, 17 Feb 2024 09:45:59 +0000 http://vistina.mk/?p=11982

Македонската фолкерка Џесика Палашоска важи за една од најнадарените на естрадата. И тоа во секој поглед. А Бога ми и за сечиј поглед! Пејачката навистина поседува раскошни атрибути, на кои многу нејзини колешки не само од Македонија, можат да и позавидат.
Бујна и однапред и одзади, стегната во топ и тесни шарени хеланки, кои го отцртуваaт секој детал на нејзиното тело...
Февруари е месец на љубовта. Особено денот... 14 февруари. Едни ја слават љубовта и Свети Валентајн, други виното и вистината во него, славејќи го Свети Трифун, трети обата празника, пиејќи или од љубов или заради невозвратена љубов...
Токму заради тоа Џесика една од своите највпечатливи фотосесии која ја реализираше пред објективот на фотографот Стојанче Цавироски  им ја посвети на вљубените и винопиите.
А во неа, згодната битолчанка со круна на главата, како фолк кралица среде безброј црвени балони, ги истакнала сиот свој сексапил и убавина, потсетувајќи ги своите обожаватели, но и сите други дека љубовта е она нешто што на сите ни треба.
Гледајќи ја на фотографиите, на оние најновите ама и на оние постарите не можете а да не дојдете до заклучок дека Џесика ги има најубавите балони...
Особено, оние - љубовните... А вие, на кои и да помисливте дека ова се однесува, на оние црвените или на некои други - сосема сте во право! Џесика навистина има најубави балони! Кој не верува, време е да го потсетиме...
Веруваме дека после ваква размена на погледи со расната битолска фолкерка, гледањето во... нејзините убави сино-зеленкасти очи, ќе ви премине во почеста навика! А балоните...? Тие најчесто завршуваат како подарок во туѓи раце... За Денот на вљубените, за јубилеите, прославите и родендените... Секако, само ако сте токму вие вистинскиот подарувач! Фото: Инстаграм/jessicapalash  ]]>

Со базар на вино и ракија и културно-уметнички настани Кавадарци ќе го прослави „Свети Трифун“ https://arhiva.vistina.com.mk/bazar-na-vino-i-rakija-i-kulturno-umetnichki-nastani-kavadartsi-ke-go-proslavi-sveti-trifun/ Tue, 13 Feb 2024 12:48:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338537

Базар на вино и ракија, промоција и дегустација на вино и многу други настани се дел од неколкудневната програма, што во чест на заштитникот на лозарите и винарите, верскиот празник „Свети Трифун“, ќе се реализира во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, информираа за агендата за одбележување на празникот, кога традиционално, симболично се закројуваат виновите лози. „На програмата се изложби, поетско читање, промоција на книга, музика и фолклорен фестивал. Општина Кавадарци и оваа година со пригодна програмa во соработка со културните институции, го одбележува празникот во деновите од 12-ти до 15-ти февруари, а централниот настан е на 14-ти февруари“, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму најавија и други интересни содржини на денот на виното, чувар на лозјата и заштитник на лозарите. ]]>

Денот на вљубените како најмногу да им недостасува на разведените и оставените: Не е лесно да си сам или сама или… тоа само така изгледа заради реклама? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/denot-na-vlubenite-kako-najmnogu-da-im-nedostasuva-na-razvedenite-i-ostavenite-ne-e-lesno-da-si-sam-ili-sama-ili-toa-samo-taka-izgleda-zaradi-reklama-foto-video/ Tue, 14 Feb 2023 10:05:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288719

14-ти февруари, традиционално двоен празник... До душа однеодамна. Претходно, отсекогаш кај нас старите го славеле православниот празник посветен на светецот Свети Трифун, денот кога се закројуваат лозите, денот на лозарите... Подоцна саркастично наречен и „денот на пијаниците“ иако не е баш и така. Не така оддамна, откао станавме самостојна и суверена држава, барем на хартија, католичкиот празник Свети Валентин кој се празнува на иститот датум - 14 февруари, стана попривлечен, попримамлив, поекспониран, некако со голема помпа „натурен“ да се слави, особено кај младите, како празник наречен Денот на вљубените... Па така, сега на ист датум ги имаме двата празника споени во еден хибриден, познат како: „Денот на виното и љубовта“! Демек, тие две нешта најдобро одат заедно!? Зашто како што велат, некој пие од среќа, некој од тага, а некој... уште од изутрина, ама тоа е друга приказна! Денот на виното и љубовта некои го слават помпезно, на некои ништо не им значи повеќе од обичен ден, ама сепак многумина сакаат на некој начин да го одбележат. Социјалните мрежи се идеално место за тоа. По некоја логика, најмногу би требало меѓу нив да се оние „до уши вљубените“, ама ако го отворите денешниот Инстграм на пример, ќе забележите чуден феномен. Денот на вљубените како најмногу им недостасува на разведените и оставените?! Особено тоа може да се забележи кај некои од познатите и популарни личности! Така на пример, Лила Филиповска иако оддамна официјално е „only the lonely“ или што би рекле „сингл“, е една од оние која прва ќе ја забележите меѓу црвените балони во облик на срце. Со препорака каде и како вљубените можат да минат заедно една преубава вечер како што токму ова, која ја слави љубовта. Дали и таа самата ќе го стори истото и со кого, не објасни. Кумановската трендсетерка и тазе инфлуенсерка е и тазе разведена. Но, без оглед на тоа, Агнеса Органџиева не отстапува од тоа да ви порача да не го пропуштите Денот на вљубените. Да го прославите онака како што Агнеса ќе ви препорача, како да ја изненадите вашата љубов. Дали и неа некој ќе ја изненади со многу повеќе отколку она што како изненадување на сликата го покажа и понуди, новопечената инфлуенсерка не обзнани. Тамара Тодевска ја изненади јавноста откако кон крајот на 2022-ра објави дека се разведува. Оттогаш покрај тоа што е соло пејачка професионално, е соло дама и приватно. Или барем така засега се декларира. Но, затоа пак е една од најгласните што на Денот на вљубените ја протежира љубовта. „Секој од нас сака да добива подароци, но и да подарува. Затоа што тогаш подаруваме љубов, внимание и среќа. Деновиве го одбележуваме Денот на љубовта, Свети Валентин. Мене веќе почнаа да ми пристигнуваат подароци. А, посебно ми е драг овој подарок... Љубовта да ја покажуваме секојдневно и безусловно. Подарете нежност и убавина“ - споделила на својот Инстаграм, Тамара. При тоа и таа не објаснува дали освен материјалните подароци од спонзорите, на подарок ќе добие празнична доза нежност и убавина... За Свети Валентин, но и секојдневно и безусловно...? И од кого? Раскинувањето на врската помеѓу естрадно-љубовната двојка Антониа Гиговска и Иван Јованов  во македонската јавност одекна како онаа на Пике и Шакира во светската. Како турска серија во продолженија... Во меѓувреме се случи што се случи, а дојде и Денот на љубовта и виното. Случајно или намерно, како скриена порака или жал за Антониа,  на својот Инстаграм, Иван објави еден кавер кој самиот го отпеал. Толку емотивно, што е дури и трогателно... „Заборави“ од „Тропико бенд“ звучи како реквием за една љубов...  „Заборави дека соништата ти ги подарив, заборави зошто во нив веќе не си ти, заборави иако отсекогаш знаев, дека ќе ме оставиш“... се само дел од стиховите во рефренот на тажната љубовна балада, која силно одекна за Денот на вљубените на Инстаграм профилот кај  пејачот на „Либеро бенд“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @jovanov_ivan

Ова е само дел од арсеналот на познатите... Списокот е долг, а во него понекогаш сме сите, иако од прикажаното се наметнува едно прашање: Дали тоа Денот на вљубените најмногу да им недостасува на разведените и оставените? Не е лесно да си сам или сама или...Тоа само така изгледа заради реклама? Фото: Инстаграм принскрин/jovanov_ivan/tamaratodevska/agnesaorgandzieva/lilafilipovska      ]]>

Православните христијани го празнуваат Свети Трифун https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-go-praznuvaat-sveti-trifun/ Tue, 14 Feb 2023 07:10:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238997

Светиот маченик Трифун е роден  во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да  помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година. Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари според Јулианскиот календар т.е. на  14 февруари според  Грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трипун -пијаницата. Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зд оваа вода, за која се смета дека е ослободена од  демоните и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со  вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино. Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата, со цел да се забрза заминувањето на зимата.]]>

Дегустации и музичка програма за Свети Трифун во Неготино: „Наздрави со вино, за љубов и среќа“ https://arhiva.vistina.com.mk/degustatsii-i-muzichka-programa-za-sveti-trifun-vo-negotino-nazdravi-so-vino-za-lubov-i-sreka/ Mon, 06 Feb 2023 10:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287603

Општина Неготино традиционално го одбележува празникот на Свети Трифун – заштитник на лозарите. По тој повод во Салата на Општина Неготино, Музејот на Неготино и Градскиот плоштад ќе се одржат неколку настани во чест на празникот. Програмата започнува во петок (10.02) а главното одбележување е на 14-ти февруари на Градскиот плоштад. Покрај локални фолклорни групи и бендови ќе настапи и познатиот музички состав „Љубојна“. ]]>

Вака дел од познатите Македонки го славеа празникот: Која Св. Трифун, која Св. Валентин, која обата… со вино, цвеќе, прегратки, пораки, песни и пози во постела од рози! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-del-od-poznatite-makedonki-go-slavea-praznikot-koja-sv-trifun-koja-sv-valentin-koja-obata-so-vino-cvekje-pregratki-poraki-pesni-i-pozi-vo-postela-od-rozi-foto/ Mon, 15 Feb 2021 09:19:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189533

Свети Трифун или Свети Валентин? Дилемата почна да станува вечна откако не така оддамна католичките празници како овој вториов или „Ноќта на вештерките“, на денешнава младина и не само неа, почнаа да и стануваат „поинтересни“ од оние православните. Но сеедно, во религијата и религиозните чувства нема право никој да се меша, зашто тоа е лична работа. Волјата е Божја, ама изборот е на секој од нас, кој(а) како ќе го слави денот во кој се поклопуваат двата празника со различно значење: Оној православниот, што го чествува на закројувањето на лозите и виното, а за свој празник го зеле, градинарите, лозарите и меанџиите, или оној  католичкиот, денот што ја слави љубовта, а најмногу го слават вљубените двојки. Познатите Македонки го славеа празникот, која како посака... Едни Св. Трифун, други Св. Валентин, трети обата... Подготвени да споделат љубов и понекоја чаша вино. ТВ водителката Елена Стефановска последнава године е вљубена, па тоа јавно и не го крие... А љубовта најдобро оди во пакет со малку романтика на скриено осамено место и секако чаша добро црно вино. Како рецепт со порака за решение на вечната дилема: Трифун или Валентин? А зошто не и двата? Лила Филиповска го прослави Св. Валентин во друштво, ама - соло... И далеку од дома, зашто нашата позната водителка најпрвин замина за Кападокија, а веднаш по пристигнувањето не чекаше многу за да објави фотографии. А и нејзината рекција во стилот: „Абе ајде, ти се молам...“,  кога ќе ја прашаат како ќе го прослави Валентајн... Зашто со кого ќе го слави - не ја прашаа, па самата објави и покажа... Во женско друштво, во  Истанбул! ! Нина, сопругата на нашиот ракометен голман Борко Ристовски се пофали со букет „црвени рози за вас мадам“ за празникот... Како знак на внимание и љубов, претпоставувате од кого. Наместо благодарност, Нина одговори со порака и празнична честитка до сите дами: “Секој ден од годината да сте ми сакани, почитувани, галени и разгалени. Ако не е така  самите секогаш може да го промените тоа. Среќен празник“ - порача Нина. Младата македонска манекенка и топ модел Бојана Нушкова која во последно време работи и гради кариера во Турција, празникот ја затече дома... Барем засега и накратко... Можеби затоа и го игнораираше, симболично потсетувајќи со стара фотографија дека подарок за Валентин, дома  - не примила! Екс водителката , сега позната инфлуенсерка Миа Костова ги спои двата празника за сопствена среќа: Доза на љубов и вино за денот да и помине повеќе од фино. Со чашата пијалок на боговите в рака и во женска ли прегратка, Миа покажа, ама и порача: Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден. Што и да славите, нека е живели“! Ноне Неделковска наводно веќе не е во љубов... со никого. Со Јамјака ја раздели работата, со Србија короната... Па сепак, некогашната пејачка не шеташе сама по снегот за Свети Валентин... До душа пораките и беа малку чудни, впрочем како и изборот ама, сепак... Ноне си знае за коги и бие срцето, па што повеќе тебаше да слави, на што да го стави акцентот: На лозарите и винарите или на љубовџиите? Уште почудна, па дури и бизарна беше и пораката на македонската мисица и модел Емилија Розман... До душа, кај неа се судираат двете крајности, двете спротивности кои се судбински поврзани: Во љубовта не и оди баш најдобро, а најмногу сака и треба да го слави токму Свети Валентин, па едвај чекаше да дојде Денот на вљубенит по се' изгледа само од една причина: Г-ѓица Розмантична има цвеќарница која воедно е и продавница за подароци! Од друга страна, Розман се пошегува на најбизарен можен начин, дури и морбиден,  на своја сметка кога е самата таа во прашање за Денот на вљубените: „Единствен начин да добијам цвеќе на 14-ти февруари е да умрам на 13-ти“! За среќа, цвеќе не доби, туку го (про)даваше во доволни колични токму за споменатиот датум! Македонската ријалити ѕвезда и трендсетерка Елеонора Миљковиќ славеше во Белград во познато друштво... Заедно со нејзините некогашни  ријалити колеги Луна Ѓогани и нејзиниот вереник, Марко Миљковиќ, но и уште некој... Ресторанска атмосфера, понекое љубовно балонче во облик на срце, бел трендафил и подароче и понекоја чашка пијалок за опуштање... Е сега,  дали за македонската ријалити убавица се' остана на славење Свети Трифун или славењето на Свети Валентин го продолжи „да го вози“ и со шише црно вино на постела од рози...? Или тоа се само стари пози? Можеби?! Како што можеби љубовта на Нора е нова? Кумановки се познати љубовџики, ама овој пат двете најпознати кумановки, барем кога е фолк браншата во прашање, славеа ем заедно, ем си го славеа Свети Трифун. Пејачките Тања Јовановска Трајкова и Сања Сани Гроздановска заедно со винце прославија во кафеана. До душа, не дека љубов немаше, ама таа се виде само кај првата, зашто Тања го покажа сопругот Младен, а Сани остана - соло... Барем на фотографиите, што не значи дека останала и „сува“! Ако не друго, грлото го „подмачка“ со чаша - две  бело вино, зашто ако не е добро подмачкано, тешко оди... И за песна и за... Впрочем, како што самата порача, нека му ја мисли вечер Валентајн, зашто Трифун кога ќе се поднапие... Ем е згоден, ама е и баеги... „незгоден“! Фото: Инстаграм принтскрин                ]]>

Ресторанот Одисеја меѓу најпосетените места во Скопје за 2021 година https://arhiva.vistina.com.mk/restoranot-odiseja-megju-najposetenite-mesta-vo-skopje-za-2021-godina/ Thu, 11 Feb 2021 15:09:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189361

Задоволство ни е накратко да споделиме со Вас едно позитивно искуство, едно интересно место каде што задоволните посетители повторно се враќаат, а тоа е ресторанот Одисеја. Ние знаеме зошто се враќаат! Храната и услугата се она што секој наш посетител го тера повторно и повторно да доаѓа кај нас и да ужива.

За квалитетните и вкусни специјалитети сме сигурни бидејќи кујната се снабдува исклучиво со квалитетни и свежи состојки. Но, најголем адут е нашиот тим од искусни готвачи коишто се вложуваат целосно и го даваат својот максимум во секој специјалитет. Со стремеж кон совршенство, услугата постојано е предмет на усовршување, практикуваме европски стандард со персонален пристап кон секој гостин.

Покрај храната и услугата, можеме да се  пофалиме и со амбиент што содржи  „wow“ фактор.

Новиот ентериер со природни елементи на камен, дрво и зелена флора покрај тоа што зрачи и Ви дава чувство на припадност, топлина и енергија за дружење, забележавме дека многу често нашите посетителите го користат и за фотографирање и „чекирање“ на социјалните мрежи.

Одделот винарија е уникатна творба којашто поседува импозантна винска карта, подготвена и достапна за голем број на љубители на виното.

А, кога сме кај виното и во зависност од тоа што сакате да славите: ЉУБОВ или ВИНО, тимот на ресторан Одисеја Ви подготви изненадување со СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА во пресрет на Денот на вљубените односно празникот Свети Трифун!

Бројот на гости е ограничен и затоа резервирајте го Вашето место на телефонскиот број: 076 210 032

Не заборавајте дека имате обезбеден бесплатен паркинг.

Локација: ул. Тодор Чангов бр.61/5 (последна 5-ка) Ново Лисиче, Скопје.

Бидете во тек со сите случувања во Одисеја на Фејсбук и на Инстаграм.

]]>

Фолкерката Ирена Вељовска само по розови гаќички се потсети на празникот на љубовта и виното: „Сликава е само за Трифун“… ама затоа позата е само за…!“ https://arhiva.vistina.com.mk/folkerkata-irena-veljovska-samo-po-rozovi-gakjichki-se-potseti-na-praznikot-na-ljubovta-i-vinoto-slikava-e-samo-za-trifun-ama-zatoa-pozata-e-samo-za/ Mon, 17 Feb 2020 08:32:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134423

Таа е една од оние македонски фолкерки на кои мајката природа покрај гласот и дала рамна снага и доволно сексапил, за да биде меѓу најзгодните и најатрактивните македонски пејачки. за останатото, Ирена Вељовска самата се погрижи, па она што не и се допаѓаше реши да го коригира. Така минатата година направи естетска корекција на носот во Истанбул, Турција. Сега се чувствувам подмладена, иако таа корекција не ми го смени карактерот.  Се' уште  сум на истото ниво и во љубовниот живот и во кариерата. Љубовта кон себе прво ја буди внатрешната, а потоа и надворешната убавина. Изгледот е огледало на душата, а јас се чувствувам совршено во својата кожа“ - ќе изјави Ирена неодамна за Канал 77. Дали токму тоа совршено чувство во сопствената кожа придонесе  македонската пејачка  да реши да покаже малку повеќе „гола“ кожа како нејзините колешки од соседството или Ирена сфати дека колку што музиката се слуша, толку и пејачката се гледа, па на денот на вљубените своите следбеници на социјалните мрежи реши да ги почести со нова фотосесија. Атрактивната фолкерка објави неколку жешки фотографии на кои го понуди најдоброто од себе, кога е телесниот раскош во прашање. Најпрвин ги сподели своите атрибути во проѕирно боди од црна мрежесата тантела со деколте кое јасно нуди на увид колку е бујна пејачката... Црно на бело или на голо тело, сеедно... Само микрофонот и е златен! Еротската фотосеанса доби и втора шанса за пејачката да покаже што крие под белата,  речиси и проѕирна кошула под која Ирена нема градник, па погледот сам паѓа на набрекнатите брадавици... Освен ако нешто не ве кочи, па место таму, пејачката не ја гледате право в очи! Но, ако помисливте дека ова и е „огнено крштевање“ кога е нејзиното разголување во прашање - грешите. Токму за Свети Трифун и Валентин, Ирена Вељовска со една стара фотографија на која е сликана само по розови гаќички, легната на стомак на свилени бордо чаршафи, во секси поза, со чаша в рака се потсети на празникот на љубовта и виното. А, под фотографијата расната фолкерка напишала: „Сликава е само за Трифун“... Ама затоа позата е само за...! Впрочем, какво празнување, такво сеќавање!        ]]>

Денес се празнува Свети Трифун: Оваа работа мора да ја направите за да ве следи среќа https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-sveti-trifun-ovaa-rabota-mora-da-ja-napravite-za-da-ve-sledi-srekja/ Fri, 14 Feb 2020 07:59:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134137

Денес, 14-ти февруари, верниците го обележуваат големиот христијански празник - Светиот маченик Трифун. Роден е во малоазиската област Фригија во Мала Азија.   уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој на изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста таа многу пати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да и помогне и да ја излечи. На девојката и е откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“. Злобниот дух од девојката тогаш проговорил велејќи дека него никој не може да го истера-освен Трифун. После многу Трифуни од царството и овој Трифун го повикале во Рим да ја исцели царевата ќерка. Царот го дарувал многукратно, а Трифун сите подароци им ги разделил на сиромашните. Кога на власт дошол царок Дециј, Свети Трифун е мачен поради следбеништвото на Христос, а сите мачења ги поднел со голема радост. Бидејќи ниедна мака не му нашкодила, мачителите му ја отсекле главата со меч. Пред смртта Трифун му се помолил на Бога и умрел во 250 година. Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец. Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите, градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар. На овој ден лозарите приредуваат и ручек и ги повикуваат и случајните минувачи , бидејќи се смета дека на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа.

Љубов и вино зачинети со гласот Павле Камилоски во Intermezzo music bar https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-petok-ljubov-i-vino-zachineti-so-glasot-pavle-kamiloski-vo-intermezzo-music-bar/ Tue, 11 Feb 2020 13:31:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133688

Се вели убавите нешта одат во пар – а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на уникатниот Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски – одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок. Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија. Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања. „Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar. Камилоски со проектите „Мала Италија“ и „Come fly with me“ освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред сè, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број. Павле Камилоски, петок 21 часот, Intermezzo music bar. Денот на вљубените дефинитивно никогаш не звучел подобро!]]>