свети јован – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 20 Jan 2023 11:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свети јован – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денеска е Собор на свети Јован Предвесник и Крстител https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-sobor-na-sveti-jovan-predvesnik-i-krstitel/ Fri, 20 Jan 2023 07:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285092

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. Тропар Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се помажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема. Кондак Од Твоето доаѓање во тело, Јордан се исплаши и со страв се враќаше. Исполнувајќи ја, пак, својата пророчка служба, Јован со треперење се смалуваше; ангелските сили се чудеа, гледајќи Те во водите крштеван во тело; и сите кои беа во мрак се озаруваа, воспевајќи Те Тебе, Кој се јави и ја просветли вселената. извор:курир.мк]]>

Во петок е Свети Јован, за денот има посебни верувања: Дали трпезата треба да биде посна или мрсна? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-petok-e-sveti-jovan-za-denot-ima-posebni-veruvana-dali-trpezata-treba-da-bide-posna-ili-mrsna/ Tue, 17 Jan 2023 11:06:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284595

На 20-ти јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован, а дали трпезата ќе биде мрсна или посна зависи од тоа во кој ден се паѓа овој празник. Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан. На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во петок, што значи дека на Свети Јован СЕ ПОСТИ. Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли. На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден. Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.]]>

Нејзината скриена страна: Она што може да го направи Црна Мачка ниту една друга стриптизета не може! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nejzinata-skriena-strana-ona-shto-moze-da-go-napravi-crna-machka-nitu-edna-druga-striptizeta-ne-moze-foto/ Mon, 22 Jan 2018 09:05:57 +0000 http://vistina.mk/?p=10354

Ани Георгиева, во нашата јавност многу попозната како Црна Мачка, безконкуренција важи за најпознатата македонска стриптизета. Иако има и неколку други професии, како танчерка, фото модел, менаџер за продажба... сепак Ани е најпозната како Црна Мачка... Една од ретките македонки која јавно, со име и презиме ја прифати  „скокотливата “професија, од која многу други бегаат.
Деновиве, таа покажа дека она што може да го направи,  ниту една друга стриптизета во Македонија не може! Нееее... не се работи за никаков до сега невиден егзибиционизам или некаква ероптско-танчерска точка... Напротив! Ани за празниците (Водици и Свети Јован) ја покажа својата до сега невидена или поточно скриена страна. Дека знае да биде жена - домаќинка,  парекселанс!
Таа ја славеше својата слава - големот православен празник Свети Јован, па на Ани и дојдоа полна куќа гости! Блиски, семејни пријатели, другари, колеги од работа... Меѓу нив и сопствениците наа секс шопот каде што работи - Сузана и Горан Милиќ, новинарот Зоки Фаци Василевски и останатите помалку или повеќе познати и блиски пријатели.
Иако не и е прв пат и овој пат Ани се покажа во најдобро светло. Како вистинска домаќинка, што со својата гостопримливост и своите готвачки способности како и умешноста за декорација и сервирање. Полна трпеза вкусни специјалитети за полна куќа гости! Домаќинката покажа дека подеднакво добро се снаоѓа и во кујната како и на подиумот за танцување, а тавата, тенџерето, кутлачата и готвачката престилката, подеднакво добро ги владее како и танцот на шипка! Епа, нека е за многу години домаќинке!  ]]>