свети илија. – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Aug 2023 07:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свети илија. – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес е Свети Илија – се празнува името на Светиот пророк https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-sveti-ilija-se-praznuva-imeto-na-svetiot-prorok/ Wed, 02 Aug 2023 07:24:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312381

Св. Илија (Громовникот) е еден од култните светци кај православните Македонци, бидејќи православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од словенската митологија, кога вршела покрстување на Словените. Култот кон Перун бил широко развиен кај македонските Словени, па така тие го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец. Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај Македонците. Св. Илија бил боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Бил родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Тоа било предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја минал во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли.
Се верува дека Свети Илија се вознел на небото во пламени кочии, така што таа сцена е прикажана на празникот Илинденски икони. Се смета дека пред крајот на светот, Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.
Според верувањата, Свети Илија е најсушниот и најтоплиот ден од годината. Во народот се вели дека по празникот Св.Илија полека одминуваат жештините и сонцето е поблаго. Старите велат дека на овој ден е добро да јадете мед за здравје.
Медот им се давал на децата, наутро, а некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.
Се верува дека токму Св. Илија е тој кој одредува кога и каде ќе падне дожд, а кога ќе биде суша. Поради тоа и до ден денешен во селата се задржал обичајот на Свети Илија да не се работи на поле, за да не се навлече гневот на светителот. Денес слават именден сите оние кои ги носат имињата: Илина, Илинка, Илинденка, Илија, Илчо, Иле, Ико… Среќен именден!  ]]>

За многу години Македонци: Честит Илинден https://arhiva.vistina.com.mk/za-mnogu-godini-makedontsi-chestit-ilinden/ Wed, 02 Aug 2023 07:02:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312374

Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката, кој  е еден од најголемите државни празници на Република Македонија, а 2-ри август  е исто така и голем верски празник  кој се слави во чест на пророкот Свети Илија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:
  • Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од ВМРО против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена Крушевската република.
  • Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. Илинден е прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944. Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што во херојска борба со отоманските војски загинал војводата Питу Гули со својата верна дружина во август 1903 година. Македонците традиционално го прославувале овој ден бидејќи е голем верски празник кој влече корени уште од паганските словенски времиња, кога врховниот словенски бог Перун бил заменет со христијанската верзија – Свети Илија. Нека ни е честит ИЛИНДЕН, а на сите оние кои ги носат имињата Илина, Илинка, Илинденка, Илија, Илчо, Иле… Среќен именден!]]>

Честит Илинден https://arhiva.vistina.com.mk/chestit-ilinden/ Tue, 02 Aug 2022 07:05:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41248

Денес се прославува Илинден - Денот на Републиката, кој  е голем државен празник на Република Македонија, а 2-ри август  е исто така и голем верски празник  кој се слави во чест на пророкот Свети Илија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:
  • Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од ВМРО против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена Крушевската република.
  • Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.
Македонците традиционално го прославувале овој ден бидејќи е голем верски празник кој влече корени уште од паганските словенски времиња, кога врховниот словенски бог Перун бил заменет со христијанската верзија - Свети Илија. Прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944. Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што во херојска борба со отоманските војски загинал војводата Питу Гули со својата верна дружина во август 1903 година. Нека ни е честит ИЛИНДЕН, а на сите оние кои ги носат имињата Илина, Илинка, Илинденка, Илија, Илчо, Иле... среќен именден!]]>