свети ѓорѓија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Dec 2020 09:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свети ѓорѓија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Петар Нечовски слави слава по протокол: Пејачот кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/petar-nechovski-slavi-slava-po-protokol-pejachot-kon-popot-so-dolzno-vnimanie-ama-na-propishano-rastojanie-foto/ Wed, 09 Dec 2020 09:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179982

Пред новогодишните празници  за православните верници започнува периодот на големите слави... Всушност нив ги има речиси преку цела година, но оние најзначајните некако се сега во доцната есен и зимата... Таков и денот кога верниците со православна вероисповед го празнуваат Свети великомаченик Георгиј Победоносец или во народот попознат како посен Свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецот, великомаченик Георгие, го моли Христа Бога да ги спаси нашите души“. И покрај забраните за групирање, собирање, дружење на повеќе од четворица заради корона опандемијата, народот длабокопочитувајќи си ја верата, сепак слави. Слават многумина, меѓу кои и некои познати и популарни личности од македонската естрада. Еден од нив и охриѓанецот, познатиот фолк пејач Петар Нечовски. Освен по своите песни, познат како дружељубив човек, другар, пријател, со весело срце и широка душа, Петар не пропушти она што си е ред и адет да си го направи на денот на домашната слава - Свети Ѓорѓија. Славата е посна, па домаќинката традиционално зготвила пржена риба, разбирливо охридска пастрмка, а славата без свештеник не ја бидува, па уште рано изутрина пејачот реши да си го испочитува редот и попот беше првиот гостин кај Нечовски на денот на славата. Но, Петар не е само добар домаќин, туку и одговорен граѓанин, па добро знае дека и за време на славење и адети, мора да се испочитуваат протоколите. Не дека некој ќе дојде рано посабајлечки да те проверува, туку, ако веќе меѓудругото славата е за здравје на домаќините и потесното и пошироко семејство, убаво е да придонесеме здрвјето и да се зачува. Зашто чумата на 21-от век, „ламјата“ која Свети Ѓорѓија ја прободува со копјето за да не не проголта,  е секаде околу нас. Па затоа, за да не ни се случи од пред врата да ја пуштиме дома и Петар Нечовски и домаќинката, ама и попот ги испочитуваа протоколите.  И домаќините го дочекаа и свештеникот ја вршеше својата богослужба во нивниот дом - со заштитна маска. Пејачот и домаќинката кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание! А, потоа... од рипчето ќе мора да се касне, секако без маска. Ама, ако... Свети Ѓорѓија да поможит и... Нека е за многу години! Среќна слава домаќине. И тебе и на сите други што ја слават!  ]]>