свет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Feb 2023 08:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како се слави „Денот на вљубените“ во светот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-se-slavi-denot-na-vljubenite-vo-svetot/ Tue, 14 Feb 2023 09:25:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238972

Симболот на Валентајн е римскиот бог Купидон прикажан со лак и стрела. Се смета дека тој кој ќе биде погоден од стрелата веднаш ќе се вљуби. Тој полупразник го добил името по ранохристијанскиот светец Валентин кој живеел во 3 век во новата ера. Меѓутоа, најпопуларната приказна е таа во која Свети Валентајн се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните избрани невести. Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не смеел да се венча бидејќи тоа би пречело на неговата сила на боиштата. Сите тие морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи го и свештенството, но свештеникот Валентин не ја почитувал таа заповед и почнал тајно да ги венчава младите двојки, ризикувајќи така да заврши во затвор и да биде убиен, што на крај и се случило на 14 февруари вечерта кога му била отсечена главата. Обичаите кои луѓето денес практикуваат да ги прават за Валентајн се разликуваат од општество до општество.

Портокалите и Сингапур

Според кинескиот календар, Валентајн паѓа на 15 ден во Новата година кој е резервиран за традиционалниот фестивал на фенерите. Но, вљубените од Сингапур и Малезија во текот на годините си развиле сопствени обичари, а еден од нив е поврзан за портокалите. Слободните жени на портокали ги пишуваат своите броеви на телефоните, па ги фрлаат во реките и езерата, а сите слободни мажи подоцна ги вадат и ги јадат.

Јапонија и големите количини на чоколада

Жените за Валентајн на своите партнери, машки колеги од работа и на шефовите им подаруваат чоколадо. Слободните девојки чоколадо им даруваат на своите симпатии. Месец дена подоцна, т.е. на 14 март мажите на жените подаруваат бело чоколадо (т.н. White Day).

Ден на пријателството во Финска

Финците Валентајн традиционално го поврзуваат со пријателството. Се подготвуваат креативни честитки и ситни подароци кои се подаруваат на партнерите, пријателите и семејството. Праќачот притоа е анонимен па саканите лица мора да откријат кој се сетил на нив на 14 февруари.

Италијанките праќаат писма на Јулија

Верона во Италија на денот Валентајн е во центар на вниманието. Љубовни писма се пишуваат не само на саканите лица туку и на Јулија, а потоа група млади луѓе ги читаат и ги наградуваат најдобрите.

Обновување на заветот во Франција

Популарно место за вљубените во Франција е Сент-Валентајн во покраината Индре. Паровите често се одлучуваат на обновување на брачниот завет, а селото со 285 жители е совршено место за веридби, па поради тоа Валентајн тука трае подолго од каде било во светот, соодветната свеченост се одржува три дена.

Данска

Данците на своите сакани за Валентајн праќаат шеговити љубовни песни (gaekkebrev). Песните се праќаат анонимно, а името на праќачот е скриено во стиховите. Среќничката која примила песна има време до Велигден да открие кој и ја пратил. Ако успее, испраќачот на Велигден и дарува јајце, а ако не успее, праќачот сепак се открива и тогаш таа на него му дарува јајце.

Филипини

На Филипините постои обичај по повод Валентајн да се организираат масовни венчавки. Се проценува дека лани за Валентајн се венчале над 4000 парови. Оваа година веќе почнаа масовни венчавки во филипинските градови така што бројот веројатно ќе биде уште поголем.

Германија

Германските обичаи за прославата за Валентајн се обични. Исклучок се честитките на кои се наоѓаат слики на прасенца бидејќи токму свињата во оваа земја е симбол за среќа и страст. Освен тој подарок, Германците љубов изјавуваат и со медењаци на кои пишува Ich Liebe Dich!

Словенија

Во Словенија постоела традиција за славење на љубовта на 12 март, кога на празникот Св. Гргур се венчавале птиците. Денес таа традиција помалку е заборавена, но сепак постојат луѓе кои на тој ден на своите сакани им даруваат колачи во форма на птички и така остануваат верни на поранешната традиција.

Велика Британија

Некогаш одамна во Норфолк во Велика Британија Џек Валентајн (Old Father Valentine) во ноќта спроти Валентајн посетувал деца и им дарувал подароци и колачи. Сличен е на Дедо Мраз, само што тој не се спуштал низ оџакот. Потеклото на оваа традиција е непознато, но и денес многу родители ја негуваат, па на Валентајн ги даруваат своите деца. извор: попара.мк]]>

Кои се најчестите сексуални фетиши во светот? https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-najchestite-seksualni-fetishi-vo-svetot/ Mon, 31 Jan 2022 14:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236971

Многу луѓе погрешно ги сметаат сексуалните фетиши за нешто перверзно, погрешно и нешто од кое треба да се срамиме. Всушност, тоа е само еден вид на сексуално однесување каде возбудувањето се стимулира од одредени делови од телото - мириси, ситуации, постапки или предмети. Жените често се збунети ако ги возбуди нешто „атипично“ или ако нивниот партнер признал необична сексуална желба. Затоа сега ви ги претставуваме седумте најчести фетиши во светот. Ако и вие имате сексуален фетиш, не срамете се да дознаете повеќе за него и да ги истражите вашите најдлабоки сексуални желби.

Фетиш на стапала

Можеби ќе се изненадите, но привлечноста на стапалата е еден од најчестите сексуални фетиши во светот, особено кај мажите. Во овој случај, личноста е возбудена од изгледот на стапалата, допирот, мирисот, движењата на прстите итн. Покрај тоа, интересот за стапалата се пренесува и на чевли, хулахопки и/или чорапи.

BDSM

Ова сигурно не ве изненадува. Веројатно скоро сите имале идеја да го подобрат својот сексуален живот со внесување лисици, камшици, ремени, стеги, јажиња и слично во својот сексуален живот. Склоноста кон BDSM (bondage, discipline, dominance & submission) може да варира од блага суровост до целосна перверзија.

Играње улоги

Ова вклучува цела група фетиши, кои обично се поврзуваат со сексуална желба за луѓе со одреден социјален статус: доктор, шеф или секси професор/ка по математика. Играњето улоги е одличен начин да ја задоволите вашата сексуална фантазија и да внесете разновидност во интимниот живот со партнерот.

Воајеризам

Тоа е добивање сексуално задоволство од гледање на други луѓе кои се соблекуваат или имаат секс. Сепак, незаконски е да се шпионира некого без согласност. Затоа е подобро луѓето со таков фетиш да присуствуваат на секс забави - многумина таму ќе бидат воодушевени ако ги набљудуваат.

Секс во јавност

Не е тајна дека многу луѓе чувствуваат потреба да го прават тоа на јавни места. Најчесто ги возбудува ризикот да бидат фатени. Ова исто така не е легално, но тоа е она што ја поттикнува сексуалната желба. Сексот на јавно место е исто така една од најчестите сексуални фантазии.

Латекс

Многу луѓе доживуваат сексуално задоволство носејќи облека од латекс или гледајќи го партнерот во кожен костум. Возбудата за латексот е од две причини. Прво, тоа е поврзано со BDSM, ропството и потчинувањето. И второ, латексот многу сексуално му прилега на телото, оставајќи простор за шпекулации.

Долна облека

Овој фетиш е распространет и кај мажите, и кај жените. Често не ги возбудува новата убава долна облека, туку носените гаќички на кои е задржан интимниот мирис на жената. извор: Кајгана]]>

Ова се новости од светот на возрасните кои сигурно ќе ви се допаднат на вас и на вашиот партнер! https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-novosti-od-svetot-na-vozrasnite-koi-sigurno-kje-vi-se-dopadnat-na-vas-i-na-vashiot-partner/ Wed, 13 Oct 2021 13:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187468

За да може врската да функционира што е можно подобро на ова поле, важно е партнерите да бидат ангажирани и заинтересирани! За многумина, сексот е основа за добра врска, додека за други тоа не значи многу. Без оглед на која од овие две страни сте, овие новини што можете да ги примените со вашиот партнер во спалната соба ќе ве воодушеват.

CBD лубриканти

Секоја жена што поминала или само поминува низ менопауза или неодамна се породила знае колку лубрикант може да биде неопходен за да биде сексот, не добар, но воопшто пријатен. Може да биде разликата помеѓу чудесен оргазам и неподнослива болка.

Нова генерација

Се разбира, лубрикантите не се ништо ново, но она што е ново се CBD лубрикантите. CBD, или канибидиол, е не-психоактивна супстанца присутна во канабисот, која се повеќе се користи како состојка во лубрикантите. Студиите покажаа дека ваквите лубриканти можат да го зголемат протокот на крв во гениталиите, што ја зголемува возбудата и чувството на задоволство.

Вибратори за клиторис

Жените кои ретко или никогаш не успеваат да постигнат оргазам може да бидат воодушевени од овој нов тренд. Благодарение на неговата посебна форма и новите технологии, клиторисниот вибратор им овозможува на жените да постигнат невидени задоволства.

Поголемо задоволство

Имено, според некои истражувања, дури 70 проценти од жените имаат потреба од стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам воопшто, а понекогаш и добра стимулација на клиторисот е невозможна без искусна рака или добра секси играчка. Овој вид на вибратори стимулира 75 проценти поголема површина на клиторисот отколку обичните вибратори и жените можеа да си дозволат такво задоволство, па разговорите за секси играчки и клиторисот наскоро би можеле да престанат да бидат табу како порано.

Сексуален wellness

Веќе има многу апликации, кои од ден на ден стануваат сè попопуларни, а кои се насочени кон обезбедување обука за мастурбација, постигнување поголемо сексуално задоволство или се посветени на учење на таканаречениот „паметен“ секс.

Осветен секс

„Паметен“ секс или свесен секс е обид да се доживее сексуално задоволство што е можно посвесно и интензивно, а елементите што ќе му овозможат можат да бидат различни: од медитација, тантрички секс или комбинација од тантра и јога до добар, стар бавен секс

Техно секс

Ова секако е еден од најголемите трендови во сексот на кој сме сведоци. Додворување и забава во виртуелниот свет, како и сексуални роботи, ќе доживеат вистински бум во наредните месеци. Таканаречената дигисексуалност им давала работни места и на производителите кои се фрлиле на создавање сексуални кукли-роботи, од кои многумина воопшто немаат човечка форма.

Контакт преку Интернет

Ова е токму она што возбудува некои, и се повеќе на луѓето не им е потребна интимност со човечко суштество за да доживеат сексуално задоволство. Тие можат да го доживеат во контакт преку Интернет или со помош на такви секси роботи или дури и со помош на VR порнографија, која исто така напредува сè поинтензивно.

Виртуелна варијанта

Порнографијата досега беше најпребарувана содржина во пребарувачите, па како да не очекувате дека станува збор за виртуелен секс со 3Д верзија на некој што е лудо привлечен за вас (секако, ако воопшто немате ништо против порнографијата). Во дигисексуалниот свет, „конзервираните“ парови, односно оние што се држат до традицијата и имаат сексуални односи меѓу себе, без трети лица или роботи, можеа да најдат нешто за себе.

CFNM секс

Новиот секс тренд “Clothed Female Naked Male” го обожаваат мажите, но станува сè попопуларен и кај жените. Тоа е тренд што лесно може да го практикуваат дури и најнеискусните и најсрамежливите кога станува збор за експериментирање во сексoт.

Вие и вашиот партнер

Иако оваа форма на секс е омилена кај свингерите, и покрај фактот што сите други форми на сексуална забава обично се практикуваат доста слободно на забавите на CFNM, од воајеризам до тројки до садомазохистички игри, само вие и вашиот партнер сте доволни за таков секс. Мажот е, се разбира, гол, а жената е облечена, и сè што ќе се случи и како да се продолжи е оставено на вашата фантазија. извор: Попара.мк]]>

Ова е најскапиот град во светот за странски работници https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-najskapiot-grad-vo-svetot-za-stranski-rabotnici/ Tue, 12 Oct 2021 14:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207894

Главниот град на Туркменистан, Ашкабад, е најскапиот град во светот за странски работници, покажуваат резултатите од годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од американската компанија Мерсер за управување со имот. Годишниот извештај на Мерсер рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, користејќи го Њујорк како компаративна основа, јави Си Ен Ен. Ашкабад, кој беше втор на минатогодишната листа, некако се рангира во групата 10 најскапи градови за странски работници, во која има главно светски деловни и финансиски центри како Хонгконг, кој беше најскап лани и втор оваа година, потоа Токио (четврти), Цирих (петти) и Сингапур (седми). Според извештајот на Мерсер, сегашната финансиска криза во Туркменистан, која резултира со недостиг на храна и хиперинфлација, доведе до скок на трошоците за живот во Ашкабад во последните неколку години. Како најголемо изненадување во однос на минатогодишното истражување, Мерсер го посочува Бејрут, кој скокна од позицијата 45-ти најскап град за гастарбајтери во 2020 година, на третото место оваа година. Европските градови, исто така, беа рангирани релативно како поскапи од американските градови оваа година, со еврото што се зголеми речиси 11 проценти во однос на доларот, што резултираше Њујорк дури и да не се најде меѓу првите 10, додека Париз се искачи од минатогодишното 50. на 33. место. Што се однесува до најевтините градови за работници од странство, на „долниот“ дел на рангирањето на Мерсер се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207. место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209). извор: Курир.мк ]]>

Овие 10 градови се најдобри во светот – дел од нив сигурно сакате да посетите https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-10-gradovi-se-najdobri-vo-svetot-del-od-niv-sigurno-sakate-da-posetite/ Tue, 14 Sep 2021 12:12:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219088

„Тајм Аут“ (анг. „TimeOut“) ги објави најдобрите десет градови во светот за 2021 година. На врвот е прекрасниот Сан Франциско. Четвртиот најголем град во Калифорнија и четиринаесеттиот најголем во САД со 739.426 жители, според информации од 2005 година. Меѓу рангираните е секако и Њујорк, градот кој никогаш не спие. Десет најдобри градови за 2021 година според „Тајм Аут“:

1.Сан Франциско

2.Амстердам

3.Манчестер

4.Копенхаген

5.Њујорк

6.Монтреал

7.Прага

8.Тел Авив

9.Порто 10.Токио

извор: Курир.мк]]>

Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година https://arhiva.vistina.com.mk/san-francisko-proglasen-za-najdobar-grad-vo-svetot-za-2021-godina/ Thu, 09 Sep 2021 12:15:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218522

„Тајм аут“ го објави својот годинешен список на најдобри градови во светот, врз основа на мислењето на 27.000 анкетирани жители на поголемите светски градови. Така, најдобар град во светот за 2021 година, е Сан Франциско. При истражувањето, предвид се земени ноќниот живот, рестораните и културните настани, како и чувството на заедница во градовите, што според написот, е особено важно при пандемијава. Испитувањето ги вклучува и еко-иницијативите, посветеноста на активизмот во градот и општата љубезност и гостопримливост на граѓаните. Во таа смисла, Сан Франциско е „ненадмината комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“, посочува списанието. Следат 10-те најдобри градови во светот: 1. Сан Франциско, Калифорнија, САД, 2. Амстердам, Холандија, 3. Манчестер, Англија, Обединетото Кралство, 4. Копенхаген, Данска, 5. Њујорк, САД, 6. Монтреал, Канада, 7. Прага, Чешка, 8. Тел Авив, Израел, 9. Порто, Португалија, 10. Токио, Јапонија. Сан Франциско е пофален и за одговорот кон пандемијата. За време на карантинот, имено, „граѓаните најдоа начин да останат поврзани, па акцент е ставен на ресторани и кафулиња на отворено. Градските улици сега се како една голема забава под ведро небо“, пишува списанието. извор: Курир.мк]]>

Ријана официјално стана најбогата пејачка во светот, еве колку се проценува нејзиното богатство https://arhiva.vistina.com.mk/rijana-oficijalno-stana-najbogata-pejachka-vo-svetot-eve-kolku-se-procenuva-nejzinoto-bogatstvo/ Thu, 05 Aug 2021 09:55:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213832

Богатството на поп-пејачката Ријана сега се проценува на 1,7 милијарди американски долари, што ја чини најбогата музичарка во светот. Но, музиката не е најголем извор на нејзиното богатство… Поголемиот дел од парите на пејачката родена на Барбадос, чие вистинско име Робин Фенти – во вредност од 1,4 милијарди долари, доаѓа од 50 отсто од акциите во козметичката линија „Фенти бјути“, објави списанието „Форбс“. Дел од приходите на Ријана доаѓаат од нејзиниот удел во брендот за долна облека  – „Севиџ екс Фенти. Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува „ЛМВХ“, е позната по широката палета од 50 тонови за кожа, вклучително и темни тонови за жени со темна кожа, што беше реткост кога компанијата почна со работа во 2017 година. Како резултат на тоа, фирмата стана лидер во оваа индустрија. Пејачката на хитовите „Umbrella“ и „Love the way you lie“ сега е втората најбогата жена од светската забавна сцена, зад Опра Винфри. фото:  ANGELA WEISS / AFP / Profimedia/]]>

Дегустација на зачини, танц во престилки, супа за душа: 10 уникатни свадбени традиции од целиот свет https://arhiva.vistina.com.mk/degustacija-na-zachini-tanc-vo-prestilki-supa-za-dusha-10-unikatni-svadbeni-tradicii-od-celiot-svet/ Tue, 23 Mar 2021 13:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195611

Иако во повеќето западни земји е света традиција невестата да носи бел фустан како симбол на невиност и чистота пред брак, во многу азиски култури се верува дека ведрите бои на венчаници носат среќа. Најпопуларниот избор е црвен фустан кој наводно привлекува љубов, среќа и успех во бракот. Освен оваа, прочитајте уште 9 најуникатни традиции од целиот свет:

Перуански прстен од торта

За сите слободни дами на венчавките во јужноамериканскиот Перу се припрема специјална торта со бели панделки. На само една лента се наоѓа лажен венчален прстен, а според старото верување, онаа која ќе го пронајде ќе биде следната девојка која ќе застане пред олтарот.

Дегустација на четири вкусови

Според западноафриканската традиција, вкусот на зачините е подеднакво важен како и брачните завети. Зачините треба да бидат слатки, горчливи, лути и кисели, како симбол на сè што ќе доживее парот заедно во брак. Така, киселиот вкус ги претставува компромисите кои ќе настанат, горчливиот недоразбирањата, а слаткиот трајната љубов и страста помеѓу нив.

Во Кина, јасновидец го одредува датумот на венчавката

Според традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и јасновидец за да избере најсоодветен ден за својата венчавка, бидејќи тоа ќе го одреди успехот на нејзиниот брак. Колку е побогато семејството, толку подолго трае свадбата, а неизбежен дел е и чајанката на членовите на семејството.

Торта која се чува навистина долго време

Во Велика Британија, според традицијата, невестата како среќна добитничка треба да носи потковица украсена со чипка, а како свадбена торта е задолжителна онаа направена од марципан, чиј горен дел треба да се чува додека парот не го добие своето прво дете.

Носење прстен на нога

Како што во западната традиција се носат прстени кои младоженците ги ставаат на рацете, така и хиндуистите имаат своја традиција. На нивната венчавка, прстенот се става на стапалото, поточно на прстот од десната страна на палецот, и тоа е знак дека дамата е зафатена. Ако не сте во брак, не треба да носите прстен на ногата, дури и како моден додаток.

Супа за душата

На традиционална чешка свадба, задача е парот да научи нешто за подобро заедничко функционирање. Поради тоа, цврсто ги замотуваат со чаршаф и ги оставаат со само една слободна рака. Парот треба да се храни еден со друг со чинија супа, а оваа традиција е симбол на соработка со цел да се надминат потешкотиите.

Танцување во престилки

Докажувајќи дека престилките не се единственото место во кујната, Полјаците започнале традиција според која невестата танцува со престилка на свадбата, а секој што сака да танцува со неа треба да ѝ стави пари во џебот.

Ништо од бракот ако не ги измие добро садовите

На Филипини, младоженецот пред венчавката оди во куќата на семејството на невестата за да добие согласност за брак, а овој обичај се нарекува „памаманхикан“. Понекогаш тој мора да изврши некои домашни работи, како што се миење садови или пеглање, сè со цел да му докаже на семејството дека е спремен да се грижи за својата идна сопруга.

Невестата сама оди по подароци

Во Финска, невестата е задолжена сама да ги собира подароците и поради нив мора да оди од куќа до куќа. За тоа време, постар оженет маж оди покрај неа, држејќи ѝ чадор над главата како симбол на заштита и засолниште. извор: точка.мк]]>

Лепа Брена му купи на синот автомобил од 150.000 евра: Во Србија нема друг, таков е само неговиот, а во светот ги има само стотина! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-mu-kupi-na-sinot-avtomobil-od-150-000-evra-vo-srbija-nema-drug-takov-e-samo-negoviot-a-vo-svetot-gi-ima-samo-stotina-foto/ Tue, 12 Jan 2021 08:47:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184696

Лепа Брена наводно му купила автомобил вреден 150.000 евра на нејзиниот помал син Виктор. Пејачката го почестила  со најновиот модел BMW M5 F90 без да жали за ниту едно евро. Наследникот на династијата Живојиновиќ со тоа стана првиот и засега единствен сопственик на овој скапоцен убавец на четири тркала во Србија. „Автомобилот што Брена го купи за нејзиниот син е произведен во 2020 година и ги има само стотина во целиот свет. Еден беше увезен во нашата земја - оној на Виктор. Кога го доби автомобилот полуде од среќа“ - изјавил за српските мнедиуми  извор близок до семејството Живојиновиќ. Тој додава дека Виктор веднаш сакал да го обележи својот автомобил, па на автомобилот ставил персонализирани регистарски таблички. „Плати 87.532 динари за да бидат испишани неговите иницијали на табличките, плус мораше да искешира пари за редовна регистрација, што чини околу 270.000. Штом го регистрирал автомобилот, веднаш седна да го вози. Воодушевен е од него! Тој да може би возел цело време'. Бидејќи БМВ-то на Живојиновиќ има дури 600 коњски сили, мајка  Брена го предупредила својот син да внимава додека вози. „Тој автомобил е вистински ѕвер! Неговата максимална брзина е 250 километри на час, но може електронски да се зголеми на 305 км. Според официјалните податоци, тој модел може да достигне до 100-ка за 3 до 4 секунди, а за да забрза од нула до 200 километри на час му требаат 11 секунди. Бидејќи Виктор е сè уште дете, кое има само 21 година, Брена мораше да има сериозен разговор со него пред да му ги даде клучевите. Таа го предупреди дека мора да ги следи прописите и внимателно да вози. Интересно е што во последните месеци Лепа Брена троши пари повеќе од кога и да било. И додека нејзините колеги се жалат дека немаат пари затоа што не настапуваат поради коронавирусот, пејачката патува низ целиот свет, купувајќи недвижнини и автомобили: „Брена со години не живее од пеење. Таа и нејзиниот сопруг Боба секогаш ги инвестирале парите мудро, па затоа имаат неколку бизниси, така што нема зима за нив дури и кога целиот свет е во криза“ - објаснува соговорникот. Инаку, семејството Живојиновиќ има вистински возен парк! Покрај БМВ-то на Виктор, тие имаат уште шест автомобили: „Бентли“, „Мерцедес“ С-класа, „Форд Експлорер“, „Мејбах“, „Рејнџ Ровер“ и „Порше - Панамера“. Брена му го купи на нејзиниот постар син Стефан Живојиновиќ за неговиот 28-ми роденден. Го платила дури 130.000 евра, па Стефан на почетокот не сакал да го прифати скапиот подарок. Сепак, тој сега не излегува од тој автомобил!]]>

NASA: „Во нашата галаксија постојат 300 милиони потенцијално населливи светови“ https://arhiva.vistina.com.mk/nasa-vo-nashata-galaksija-postojat-300-milioni-potencijalno-nasellivi-svetovi/ Thu, 12 Nov 2020 13:40:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175826

Некои од планетите се сметаат за „меѓуѕвездени соседи“. Нашата галаксија е исполнета со потенцијално населливи планети и ги има најмалку 300 милиони, наведуваат од NASA. Имено, вселенскиот телескоп „Кеплер“ од американската вселенска агенција, спровел деветгодишна мисија за лов на планети, успешно идентификувајќи илјада егзопланети во нашата галаксија. Мисијата траела до снемување на гориво на телескопот во 2018-та година. Колку од тие планети се населливи, и понатаму е главното прашање на мисијата. Научниците ширум светот со години преговарале за податоците и мислат дека го пронашле одговорот, пренесува „CNN“.   Според истражувањата објавени во списанието „The Astronomical Journal“, во нашата галаксија постојат околу 300 милиони потенцијално населливи светови, што значи карпести планети способни да ја задржат водата во течна агрегатна состојба на својата површина. „Таа бројка е груба проценка, а можеби ги има и повеќе“, навела NASA. Некои од овие планети би можеле да бидат доволно блиску што би можеле да ги сметаме за „меѓуѕвездени соседи“. Најблиската е оддалечена околу 20 светлосни години. изворточка.ком.мк]]>