свекор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 11:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свекор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сѐ уште не стапнал во гроб“: Шакира објави нова песна – пее за поранешниот свекор (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/s-ushte-ne-stapnal-vo-grob-shakira-objavi-nova-pesna-pee-za-poraneshniot-svekor-video/ Thu, 21 Sep 2023 11:38:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319104

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира објави нова песна под наслов „El Jefe“ („Шефот“), но иако зборува за работничката класа и експлоатацијата кон нив – најголемо внимание привлече стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор. „Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал в гроб“, се вели во песната. Во овој дел од видеото, танчерите ѝ ја покриваат устата на Шакира, како да сакаат таа да не го спомнува тоа. Инаку, таткото на поранешниот опруг на пејачката, Жерар Пике, Жуан е бизнисмен и управува со компаниите на својот син… Па така, многумина претпоставуваат дека Шакира можеби укажува дека и тој ги искористува своите работници. Шакира ја сними песната заедно со мексиканската група „Фуерза регида“. За шест часа од пуштањето, видеото собра речиси три милиони прегледи.]]>

Свекорот на Гиговска се пофали со внукот: „Добив внук, станав дедо“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/svekorot-na-gigovska-se-pofali-so-vnukot-dobiv-vnuk-stanav-dedo-foto/ Sat, 15 Jul 2023 06:49:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310362

Пејачката Антониа Гиговска повторно е во фокусот на медиумите откако се породи и на свет донесе машко бебе. Таа беше на насловниците на порталите и во коментарите на социјалните мрежи, откако обелодени дека е бремена и очекува дете со клавијатуристот од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцоски. Прв на социјалните мрежи за убавата вест се пофали нејзиниот сопруг, таткото на новороденчето, музичарот Роберт Спасенцовски кој на неговиот Фејзбук профил напиша дека е благодарен што ќе стане  татко: - Станав татко, фала ти господе за оваа среќа - стоеше во неговата објава. По тој повод Антониа беше опсипана со бројни честитки, како од обожавателите, така и од најблиските членови на нејзиното семејство. А, еден од оние кои испратија емотивни зборови беше и свекорот на Антониа,  фолкерот Боби Спасенцовски кој на социјалната мрежа Фејзбук напиша текст посветен на внукот: „Велат стеблото од лозата многу го сакаш, бидејќи ти си го посадил и е само твое ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен... така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук станав дедо“ - напиша тој во објавата. Инаку, Боби Спасенцовски за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада, а исто така и директор на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје. Вистина.мк пишуваше за соработката на Антониа и сега веќе нејзиниот свекор Боби Спасенцоски. Боби тогаш со веста дека ќе стане свекор јавно се пофали, а исто така напиша дека Антониа веќе ја смета за ќерка, а радоста која сега му ја донесе  го направи и среќен дедо. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска/Фејзбук/Боби Спасенцовски]]>

Свекорот со емотивна роденденска честитка за бремената Анастасија Ражнатовиќ: „Сигурен сум дека ќе биде најпрекрасна мајка“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/svekorot-so-emotivna-rodendenska-chestitka-za-brementa-anastasija-razhnatovik-siguren-sum-deka-ke-bide-najprekrasna-majka-foto/ Thu, 25 May 2023 09:28:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303553

Наследничката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ денеска го слави својот 25-ти роденден. По повод големиот ден, Ражнатовиќ беше опсипана со бројни роденденски честитки, како од обожавателите, така и од најблиските членови на нејзиното семејство. Во врска со ова, еден од оние кои и испратија емотивни зборови на пејачката е таткото на нејзиниот партнер Нено Гудељ, кој на социјалната мрежа Инстаграм објави колаж од фотографиите на Анастасија со емотивни зборови. - Ти си убава и љубезна личност. Се повеќе сум сигурна дека ќе бидеш најпрекрасна мајка. Се надевам дека секогаш ќе бидете среќни. Ти си божица – напиша во објавата Небојша Гудељ. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Сите мислат е некоја старка, а таа како да и е другарка: Каква невеста ќе биде Гиговска ќе видиме допрва, а вака изгледа нејзината свекрва (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-mislat-e-nekoja-starka-a-taa-kako-da-i-e-drugarka-kakva-nevesta-ke-bide-gigovska-ke-vidime-doprva-a-vaka-izgleda-nejzinata-svekrva-foto/ Fri, 03 Feb 2023 10:15:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287189

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на медиумите и јавноста. И заради музиката, но многу повеќе заради приватноста. Антониа не ја симнаа од насловниците на порталите и коментарите на социјалните мрежи, откако обзнани дека е бремена и очекува дете со клавијатуристот од својот бенд, Роберт Спасенцоски со кого наедно ја криеја врската. Во тоа време се вртеа приказните околу неверството како причина за раскинувањето со сега екс-момчето и пријател на Роберт, пејачот Иван Јованов. Сега веќе речиси се’ е на мегдан, но јавноста секогаш е гладна за нешто повеќе, а тоа повеќе секогаш и го има.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Уште пред да објават јавно дека се заедно, Вистина.мк пишуваше за соработката на Антониа и сега веќе идниот свекор Боби Спасенцоски, кој за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада, а исто така и директор на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје. Тато Боби со веста дека ќе стане свекор јавно се пофали, а исто така напиша дека Антониа веќе ја смета за ќерка. Од семејството Спасенцоски безгласна по ова прашање остана идната „баба“ и свекрва на Антониа која најмалку би личела на баба со својот младешки изглед. Имено, сопругата на Боби, госпоѓата Весна Спасенцовска за разлика од својот сопруг не се огласила по повод главната новина во нивното семејство кое наскоро ќе стане поголемо. Весна е активна на социјалните мрежи од каде може да се види дека е  млада мајка, за која многумина би рекле дека е другарка на своите два сина, Роберт и помладиот Александар, па и на снаата. Синовите многу често знаат да и посветат внимание на мама, да ја даруваат со цвеќе, ласкави епитети и тон внимание... А таа гордо да го истакне тоа пред своите пријатели на Фејсбук.Антониа допрва ќе ја видиме како ќе изгледа во невестинско, но нема сомнеж дека свекрвата ќе ја помешаат меѓу другарките на невестата, а пак во иднина кога здравје ќе се роди внучето, тешко кој би ја гледал како баба, иако навистина ќе ја има таа важна улога, која без оглед на возраста и изгледот, веруваме дека ќе и ласка. фото:Инстаграм/Фејсбук/Роберт Спасенцоски,Весна Спасенцоска,Боби Спасенцоски/Антониа Гиговска]]>

Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста: Идниот свекор прв и честиташе, познатите личности исто така, а најголема поддршка доби од македонската ријалити учесничка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-dobi-grst-chestitki-za-bremenosta-idniot-svekor-prv-i-chestitashe-poznatite-lichnosti-isto-taka-a-najgolema-poddrshka-dobi-od-makedonskata-rijaliti-uchesnichka-foto/ Tue, 24 Jan 2023 11:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285475

По викенд шокот што на македонската јавност и го приреди младата поп пејачка Антониа Гиговска со својата објава дека е бремена, прашината полека како да слегнува иако допрва се очекуваат изненадувања. Од тоа кој е полот на приновата која Антониа и нејзината посилна половина ја очекуваат иако пејачката твди дека тие го знаат, до тоа во кој месец од бременоста пејачката јавно ја обзнани бременоста, па се до тоа како ќе се вика бебето, во зависност дали штркот ќе им донесе  наследник или наследничка? А можеби и нешто повеќе од тоа. Зошто и како - во некое од следните продолженија за љубовната сага на Антониа и  сега веќе нејзината мајчинско - семејна хармонија. Она што прво како рекација на нејзината објава за бременоста одекна, покрај медиумските написи и коментарите на социјалните мрежи, секако беа реакциите во вид на честитки упатени до идната млада мајка. Имено, Антониа Гиговска доби грст честитки за бременоста, а идниот свекор, пејачот Боби Спасенцовски прв и честиташе на потенцијалната снашка и тоа со специфична објава на својот Фејсбук: „Сите викаат снаа, јас добив ќерка. Да сте ми среќни и вечни“ - напиша таткото на идниот сопруг на Гиговска, кој е исто така познат естраден уметник и тоа многу пред неа. Кога сме веќе кај честитките и познатите личности, голем дел од нив  исто така ја изразија својата поддршка и и' ја честитаа приновата на младата мајка. Меѓу нив голем дел колеги од домашната, но некои и од српската естрада каде Антониа не е непозната, потоа наши ТВ водителки и водители, инфлуенсерки, модели, презентери, ријалити учеснички... На цунамито коментари на социјалните мрежи, меѓу кои истите беа поделени, од оние што се воодушевени и ЗА, до оние што се против, запрепастено  прашувајќи: „Па, како можеше?“, самата Антониа не се осврна. Затоа пак некогашната македонската ријалити учесничка во најгледаното реионално ријалити шоу „Задруга“, инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ, која и самата неодамна вплови во брачните води, со свој статус на Инстаграм приказните и даде поддршка и јавно застана зад Антониа... И тоа со цитат од стиховите на познатата песна „Цреша“ на легендарниот Тоше. Реакција и честитки на профилот кај идниот сопруг на Гиговска, нема... Освен онаа фотографија со „тестот за бременост в уста“, која исто така наиде на коментари, зашто „тестот“ претходно оди на друго место, ама... ајде! Во еуфоричниот наплив на среќа, емоциите доминираат над рациото. На социјалните профили кај доскорешното момче на пејачката, нејзиниот колега, пејачот Иван Јованов исто така штама... Освен една тазе фотографија која говори повеќе од илјада зборови... Кој знае и умее да чита со поглед!   Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/__elle.m__/jokerdam93/jovanov_ivan]]>

Глумицата од турските серии во приватниот живот како во турска серија: Сопругот ја „фатил жива“ како го изневерува со свекорот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/glumicata-od-turskite-serii-vo-privatniot-zivot-kako-vo-turska-serija-soprugot-ja-fatil-ziva-kako-go-izneveruva-so-svekorot-foto/ Thu, 17 Nov 2022 13:19:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276343

Турската актерка Гокче Бахадир (41) во која се заљубивме во серијата „Кога лисјата паѓаат“ има многу интересен љубовен живот кој го одбележа голем скандал за кој се зборуваше и пишуваше ширум светот. Имено, на почетокот на оваа година Гокче се омажи по втор пат, со музичарот Емир Ерсој, а по романтичната венчавка на виделина излегоа деталите од претходниот брак со актерот Али Сунал (45). Али и Гокче си го кажаа судбоносното да во 2011 година, но љубовната идила траеше само една година, набрзо следеше развод. Иако долго се шпекулираше за причината за нивното раскинување, извори блиски до Гокча излегоа со шокантни тврдења во јавноста. Тие истакнаа дека бракот со Али се распаднал, бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовна прегратка со свекорот, односно со неговиот татко Кемал Сунал, кој во меѓувреме починал.   Според турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со својот свекор. Се вратил дома два дена порано отколку што планирал, без претходно да и најави и каже, бидејќи сакал да ја изненади. Но, него го чекале шокантно изненадување. Веќе на влезот во дворот го видел автомобилот на татко му, а кога влегол дома ги затекнал голи снаата и свекорот додека гледаат телевизија. Но, Суналу сепак ја најде вистинската среќа покрај сопругата Назли Курбанзаде, со која е во хармоничен брак од 2018 година, а двојката ја доби и ќерката Нарин. Фото: Инстаграм принтскрин/ alisunal/gokce.bhdr]]>

Немања Гудељ е копија на татка си кој исто така е познат фудбалер: Ова е потенцијалниот свекор на Анастасија Ражнатовиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nemanja-gudelj-e-kopija-na-tatka-si-koj-isto-taka-e-poznat-fudbaler-ova-e-potencijalniot-svekor-na-anastasija-raznatovikj-foto/ Fri, 07 Oct 2022 08:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270498

Кога на почетокот на годината се појави веста дека наследничката на Цеца е во емотивна врска со Немања Гудељ, во која се уште уживаат, интересот на јавноста за неговиот живот порасна, па не е чудно што родителите на фудбалерот сега се во фокусот на јавноста. Не е тајна дека Оливера и Небојша брилијантно ја прифатиле снаата, а се дознало и дека Немања потекнува од вистинско спортско семејство и дека и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ бил фудбалер. Имено, Небојша кариерата ја започна во Босна, од каде дојде во Партизан, чии бои ги бранеше три години. Во текот на својата фудбалска кариера настапуваше за шпанските клубови Логронес и Леганес.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Девет години помина во Холандија и одигра дури 300 натпревари за Бреда, а кариерата ја заврши во 2006 година во Спарта. Таткото на Немања и по кариерата остана во фудбалот и моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nebojsa Gudelj (@nebogudelj5)

Братот Драгиша и сестрата Вања се исто така спортисти, а како што еднаш откри Анастасиија Ражнатовиќ, столб на семејството и понатаму е неговата сопруга Оливера, која издржа се на рамениците, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на три деца кои сама ги донела на вистинскиот пат. фото:Instagram]]>

„Затоа што сум тука и го сакам животот“- Николина Пишек со насмевка продолжи во животот, а Миша Гроф планира да и помогне ?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zatoa-shto-sum-tuka-i-go-sakam-zivotot-nikolina-pishek-so-nasmevka-prodolzi-vo-zivotot-a-misha-grof-planira-da-i-pomogne-foto/ Thu, 28 Jul 2022 11:13:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260753

Откако поминаа четириесет дена од смртта на Видој, Николина на својот Инстаграм профил често објавува фотографии со емотивни пораки, а сега со новата кажа како се чувствува. - Едена без никаква причина. Затоа што сум тука и сè уште го сакам животот - напиша Николина и го остави хаштагот #самољубавможесве. Веднаш следеа коментари за поддршка, но и комплименти за изгледот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Да потсетиме, по погребот на Видој, Николина и нејзиниот свекор Миша Гроф почнаа „војна“ по медиумите и социјалните мрежи. Миша изјави дека водителката била со синот само за пари, а тој не и должи ништо. - Се што мисли дека купила и му дала на Видоја е нејзино. Зошто би ја задржал нејзината слика или нешто од неа? Сè што мисли дека е нејзино, слободно нека си го земе, само не знам со кои пари купувала скапи работи на Видоја - изјави тогаш Миша за Курир.рс. Меѓутоа, како да се смирија страстите меѓу нив, Миша Гроф за медиумите откри дека не е во никаков спор со снаата, и дека ќе и помогне да најде работа доколку таа побара. А, таа открила дека не се слушнала со свекорот кога тој неодамна дошол во Хрватска. Фото:Принтскрин/Инстаграм/nikolina_pisek
]]>

Се огласи несудениот свекор на Цеца: Таткото на Богдан го прокоментира раскинувањето на пејачката и бизнисменот https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-nesudeniot-svekor-na-ceca-tatkoto-na-bogdan-go-prokomentira-raskinuvanjeto-na-pejachkata-i-biznismenot/ Thu, 03 Feb 2022 11:39:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237474

Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ раскинаа по една година врска, а парот со кратка изјави потврди дека повќее не се заедно. Имено, како што истакнаа тие повеќе не се во врска, но ќе останат пријатели. По овој повод се огласи и таткото на Богдан, Милош Срејовиќ. -Како што ви кажав и претходниот пат, неблагодарно е да коментирам. Јас не им се мешав во врската, па нема ни сега во раскинувањето. Возрасни се, тоа е нивна заедничка одлука, јас ја почитувам, изјави несудениот свекор на Цеца. За потсетување, Цеца и Богдан ја обелоденија врската претходната година кога папараците ги уловија во Белград. фото: E-Stock/Časlav Vukojičić, Pixabay.com /принтскрин]]>

Екс претседателот Ѓорѓе Иванов ќе стане свекор: Синот Иван ја побара раката на неговата сакана, Јана (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eks-pretsedatelot-gjorgje-ivanov-kje-stane-svekor-sinot-ivan-ja-pobara-rakata-na-negovata-sakana-jana-foto-video/ Wed, 27 Oct 2021 06:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224677

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов ја побара за жена својата дологодишна девојка Јана, така што екс претседателот наскоро ќе стане свекор. „Од сега па за навек... Јана“ - напишал кусо идниот младоженец покрај објавената фотографија од него и неговата идна сопруга, украсувајќи го постот со емотикони на срце и веренички прстен. Инаку, пред неколку дена Иван ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност. Ова беа и дел од причините за негово гостување во ТВ магазинот Бекстејџ. Во интервјуто тој зборува за љубовта, но и плановите за свадба. Инаку Иван студираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“, отсек политички науки, а оние кои го познаваат,  знаат дека Иван е голем љубител на музиката и бил член на неколку бендови. Така, тој ја освои главната награда на првиот „Акустик сквер фестивал“ во 2013 година, во организација на Универзална сала, кога објектот беше се' уште во функција, кој беше фестивал, односно натпревар на музички уметници - акустичари, кантавтори и групи. Подоцна Иван со својот бенд „Чубакас“ имаше и настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. Тогаш Иван изгледаше малку поинаку, со подолга кадрава (виткана) коса и брадичка без мустаќи. Тој и денес свири и како што и самиот вели, гитарата не фаќа прашина, туку секојдневно му е в раце. Како и да е,  нека се среќни и вечни идните младоженци, а еве што се кажа за себе Иван Иванов во интервјуто за ТВ магазинот „од зад сцената“: ]]>