свадбеници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Mar 2021 12:21:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свадбеници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дегустација на зачини, танц во престилки, супа за душа: 10 уникатни свадбени традиции од целиот свет https://arhiva.vistina.com.mk/degustacija-na-zachini-tanc-vo-prestilki-supa-za-dusha-10-unikatni-svadbeni-tradicii-od-celiot-svet/ Tue, 23 Mar 2021 13:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195611

Иако во повеќето западни земји е света традиција невестата да носи бел фустан како симбол на невиност и чистота пред брак, во многу азиски култури се верува дека ведрите бои на венчаници носат среќа. Најпопуларниот избор е црвен фустан кој наводно привлекува љубов, среќа и успех во бракот. Освен оваа, прочитајте уште 9 најуникатни традиции од целиот свет:

Перуански прстен од торта

За сите слободни дами на венчавките во јужноамериканскиот Перу се припрема специјална торта со бели панделки. На само една лента се наоѓа лажен венчален прстен, а според старото верување, онаа која ќе го пронајде ќе биде следната девојка која ќе застане пред олтарот.

Дегустација на четири вкусови

Според западноафриканската традиција, вкусот на зачините е подеднакво важен како и брачните завети. Зачините треба да бидат слатки, горчливи, лути и кисели, како симбол на сè што ќе доживее парот заедно во брак. Така, киселиот вкус ги претставува компромисите кои ќе настанат, горчливиот недоразбирањата, а слаткиот трајната љубов и страста помеѓу нив.

Во Кина, јасновидец го одредува датумот на венчавката

Според традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и јасновидец за да избере најсоодветен ден за својата венчавка, бидејќи тоа ќе го одреди успехот на нејзиниот брак. Колку е побогато семејството, толку подолго трае свадбата, а неизбежен дел е и чајанката на членовите на семејството.

Торта која се чува навистина долго време

Во Велика Британија, според традицијата, невестата како среќна добитничка треба да носи потковица украсена со чипка, а како свадбена торта е задолжителна онаа направена од марципан, чиј горен дел треба да се чува додека парот не го добие своето прво дете.

Носење прстен на нога

Како што во западната традиција се носат прстени кои младоженците ги ставаат на рацете, така и хиндуистите имаат своја традиција. На нивната венчавка, прстенот се става на стапалото, поточно на прстот од десната страна на палецот, и тоа е знак дека дамата е зафатена. Ако не сте во брак, не треба да носите прстен на ногата, дури и како моден додаток.

Супа за душата

На традиционална чешка свадба, задача е парот да научи нешто за подобро заедничко функционирање. Поради тоа, цврсто ги замотуваат со чаршаф и ги оставаат со само една слободна рака. Парот треба да се храни еден со друг со чинија супа, а оваа традиција е симбол на соработка со цел да се надминат потешкотиите.

Танцување во престилки

Докажувајќи дека престилките не се единственото место во кујната, Полјаците започнале традиција според која невестата танцува со престилка на свадбата, а секој што сака да танцува со неа треба да ѝ стави пари во џебот.

Ништо од бракот ако не ги измие добро садовите

На Филипини, младоженецот пред венчавката оди во куќата на семејството на невестата за да добие согласност за брак, а овој обичај се нарекува „памаманхикан“. Понекогаш тој мора да изврши некои домашни работи, како што се миење садови или пеглање, сè со цел да му докаже на семејството дека е спремен да се грижи за својата идна сопруга.

Невестата сама оди по подароци

Во Финска, невестата е задолжена сама да ги собира подароците и поради нив мора да оди од куќа до куќа. За тоа време, постар оженет маж оди покрај неа, држејќи ѝ чадор над главата како симбол на заштита и засолниште. извор: точка.мк]]>