свадбени знаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Apr 2019 10:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свадбени знаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Свадбените фотографи откриваат кои се знаците дали бракот ќе трае или не https://arhiva.vistina.com.mk/svadbenite-fotografi-otkrivaat-koi-se-znacite-dali-brakot-kje-trae-ili-ne/ Thu, 11 Apr 2019 13:05:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82488

Свадбените фотографи ги споделија нивните мислења за тоа кои се знаците што откриваат дали брачните двојки ќе опстојат според тоа како се однесувале кога се фотографирале на свадба. Еден корисник на Reddit ги праша фотографите кои ја користат платформата дали во нивното искуство како свадбени фотографи забележале индикатори во однесувањето на двојките на свадбените фотосесии што откриваат колку ќе трае бракот.
Прашањето доби над 6.000 коментари од фотографи кои открија кои се знаците што укажуваат дека двојките не биле подготвени за брак. Тоа се покажува на нивниот израз на лицето, велат тие и додаваат дека од нивно искуство може да препознаат лажна од искрена насмевка. „Еден знак е кога едниот од партнерите постојано го критикува другиот за време на фотосесијата, а потоа објавуваат фотографија со коментар: ‘Се омажив/оженив со мојата сродна душа’“, откри еден фотограф.
Друг се присети на ситуација кога невестата побарала да ѝ ги врати парите бидејќи младоженецот „не изгледал среќен на фотографиите“. „Се разведоа по една година. Тоа го знам бидејќи го фотографирав истиот маж на свршувачката со новата сопруга четири години по првата свадба“, открива тој. „На вторите фотографии беше многу посреќен.“
За некои фотографи, начинот на кој штотуку венчаната двојка се договара да ја пресече свадбената торта кажува многу и често ги открива вистинските чувства и колку се почитуваат партнерите. „Одговор од фотограф: за мене најдобар знак е сечењето на тортата. Некои двојки сакаат да се шлапаат со торта, други не. Обично се усогласени по тоа прашање. Ако едниот сака, а другиот не и вториот добие торта во лице, тоа обично се доживува како понижување. Овие двојки потоа најчесто завршиле со развод“, објаснува еден од „поборниците“ на оваа теорија.
Начинот на кој идните брачни двојки се справуваат со стресни ситуации на денот на свадбата кажува многу за нив како двојка, сметаат некои фотографи.
„Ако на тој ден, кога обично има многу напнатост и стрес, партнерите се однесуваат еден кон друг со почит и разбирање, наместо да се опседнуваат со тоа дали е сѐ совршено, тоа е добар индикатор дека ќе можат да се справат со поголемите проблеми што ги носи брачниот живот.“
Начинот на кој двојките се договараат какви свадбени фотографии сакаат и ако се спонтани и слободни дури и во некои „откачени“ пози што ги прават со широка насмевка на лицето, покажува дека таа двојка ќе трае долго, сметаат фотографите. извор: кајгана.мк]]>