свадбена забава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 10:29:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свадбена забава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миро Кацаров направи свадба за која се зборува и пишува, а младите возбудата и страста толку ги надвладеа, што по се’ изгледа имале и прва брачна ноќ „од соништата“… или барем нејзина реприза! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-katsarov-napravi-svadba-za-koja-se-zboruva-i-pishuva-a-mladite-vozbudata-i-strasta-tolku-gi-nadvaladea-shto-po-se-izgleda-imale-i-prva-brachna-nok-od-sonishtata-ili-barem-nejzina-repriza-fo/ Thu, 21 Sep 2023 09:47:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318993

Водителот Миро Кацаров и неговата животна избраничка Ивана направија свадба за која се зборува и пишува. И тоа не само во неговиот роден Штип туку и низ цела Македонија. Современа, модерна, необична, налик на голема диско забава на која беа мноштво познати и јавни лица од различни сфери... Од естрадни и ТВ фаци до познати спортисти, пејачи, музичари... па се' до политичари.
Брат ми ми кажа дека утредента на кафе луѓето низ Штип коментирале: „Оди, па сега направи свадба, по оваа свадба“ - ќе раскаже и самиот младоженец за македонските портали ден по свадбената веселба на која највесели најрасположени беа тој и невестата. По „лудата и незборавна“ свадбена журка Миро и Ивана се повлекле во својот хотелски апартман каде ги дочекала „цветна постела“ со мирисна моќ, за нивно добредојде на официјално, првата брачна ноќ… А кога е таа во прашање, сите обично прашуваат дали до рано наутро се туткале чаршафите или се броеле парите? Бидејќи парите од гостите завршија како донација во хуманитарната кутијата на влезот во дискотеката каде што се одвиваше забавата,  во преостанатото време до зори останала можноста само за нежни шепотења  љубовни зборови на увце... Во пакет со сето она, за што како и обично, подоцна ни крив ни должен, „го обвинуваат штркот“! Дека се мирисало на „прва брачна љубов“ или  барем нејзина реприза, говорат некои од фото позите на младите! Како свадбена увертира на „волшебната игра на страстите“. Свадбениот апартман уште претходно подготвен со цветна постела, а на неа и невестата, со последна селфи проверка! Останатото останува во доменот на дискрецијата. Впрочем интимата не би се викала така, доколку е на дофат на сечија рака, особено не на онаа - раката на јавноста. Освен она што е видливо откако и самите млади го објавиле на своите профили на социјалните мрежи, како „црно на бело“ во црно-бело! Според споделеното, зората мора да била бурна и бајковита... Сега дефинитивно останува само уште „штркот да долета“! Фото: Инстаграм/ivana_mia_kacarov/miroslavkacarov]]>

Маја Оџаклиевска ја омажи и помалата ќерка Андреа: Невестата го кажа судбоносното – ДА, а македонската пејачка наскоро повторно ќе стане баба (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-odzaklievska-ja-omazi-i-pomalata-kjerka-andrea-nevestata-go-kaza-sudbonosnoto-da-a-makedonskata-pejachka-naskoro-povtorno-kje-stane-baba-foto/ Thu, 27 May 2021 07:22:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204271

Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска која со децении живее и работи во Белград, ја омажи и помалата ќерка Андреа, а наскоро ќе стане и по втор пат баба. Андреа Оџаклијевска, помалата наследничка на Маја, која израсна во вистинска волшебна девојка што може да им парира на најпознати убавици се омажи за своето долгогодишно момче Милош Живковиќ во Белград. Убавата Андреа која наследела многу работи од мама Маја, меѓу другото, широката насмевка и нејзиниот животен избраник најпрвин се заколнаа на вечна верност пред Бога, откако се венчаа во црквата Александар Невски во Белград, а потоа направија вистинска мала семејна веселба на отворено, во еден локал на брегот на реката Сава. Откако го завршија венчалниот обред според познатите црковни православни обичаи, од пред божјиот храм младите беа дочекани и испратени со плех музика и трубачи, а зетот Милош,  инаку роден брат на познатата српска манекенка Дејана Живковиќ, беше дарежлив и се потруди богато да ги „закити“ со крупни банкноти од српски динари и евра свирачите. Иако заради корона пандемијата и пропишаните протоколи бројот на гости беше ограничен, присутните на свадбената веселба ги забавуваше бенд во живо, а не недостасуваа и сите останати салтанати - од масата за младоженците до невестинската торта на четири ката. Свадбата кулминираше на стемнување со огномет за брачна среќа и бериќет на младоженците. Гостите иако во редуциран број весели и расположени, зетот и невестата исто така разиграни и насмеани, а атмосверата на забавата својот врв го достигна кога мајката на невестата, односно бабата на зетот, нашата Маја Оџаклиевска се фати за микрофонот. Таа онака во еден здив отпраши дел од познатиот репертоар на светски евергрини, покажувајќи дека се' уште е во форма, а годините не се никаква пречка за старите мајстори.
Но, дека не е само баба на зетот, се гледа од авион, зашто нејзината ќерка, односно невестата е во подзамината фаза на бременоста, па наскоро Маја по втор пат ќе стане баба и на уште едно внуче. Имено, таа веќе го има внукот Лука од нејзината постара ќерка Теа, кој дојде на свет пред шест години, но за жал е дете со аутизам за кое најмногу се грижи самата Маја. „Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив. Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини. Не велам дека роднините не помагаа, но најголемиот дел од товарот падна врз моите плеќи и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца. Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да биде сè како што треба“ – ќе рече Маја пред неколку години за српски „Блиц“. Фото: Инстаграм принтскрин/andrea_odzaklijevska/mrs_dina_official]]>

(ФОТО) Во невестински фустан и мајката и ќерката: Ева Нединковска направи крштевка и свадба во едно! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-vo-nevestinski-fustan-i-majkata-i-kjerata-eva-nedinkovska-napravi-krshtevka-i-svadba-vo-edno/ Mon, 06 Nov 2017 09:56:42 +0000 http://vistina.mk/?p=2673

Поранешката пејачка Ева Недонковка и сегашна бизнисменка, во месец февруари 2016 година му кажа „да“ на својот сакан Јурак Патров кој по професија е веб дизајнер. Тогаш  склучија црковен и граѓански брак, а кон крајот на летото годинава откако им се роди ќеркичката Ена, решија да направат крштевка и свадбена забава во едно.
Иако тоа се случи пред неколку месеци, сега по повод првиот роденден на нивната наследничка, Ева ги објави овие специјални фотографии каде мајката и ќеркичката носат невестински фустани, а тато пак е елегантен во костум.
По повод роденденот Ева ги објави обие фотографии и напиша емотивна порака:
Прва наша. Една. Единствена. Ена. Број 1. Се роди на 1.11.16 во 1:16 попладне. Храбро и сигурно, по три дена упорност. И после дождлив ден, баш тој час огреа светло сонце. А ти ни ја покажа љубовта и среќата во својата полност. Таква и да си, мама, секогаш, здрава, светла, среќна и сакана! Да се сакаш себе, луѓето и животот, да веруваш и да се бориш за она во кое веруваш, да си храбра и истрајна, ако паднеш, да станеш и да се исправиш бодро напред, исто 'ко сега, кога учиш сама да чекориш. Не се плаши да згрешиш и да научиш, не се плаши да сонуваш и да љубиш. Биди доблесна, помагај на оние на кои им треба, биди слободна и широка и на дух и на ум, биди вредна и прави го тоа што го сакаш. А можеш многу. Ние ќе сме пресреќни да имаме што повеќе време да го гледаме твојот пат што подолго! Среќен 1. роденден, најљубена наша! (фотки од крштевката на Ена и свадбената забава на мама и тато 26.8.2017 :))
Инаку, Ева одамна ја остави музичката кариера и се посвети на својот мултимедијален екукативен центар ЕВА.]]>