свадба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 09:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png свадба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Задоцнета, ама уште послатка: Свадбата на Антониа и Роберт ја собра естрадата која за младите славеше во име на љубовта – еве ги најинтересните моменти (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zadotsneta-ama-ushte-poslatka-svadbata-na-antonia-i-robert-ja-sobra-estradata-koja-za-mladite-slaveshe-vo-ime-na-lubovta-eve-gi-najinteresnite-momenti-foto/ Mon, 11 Mar 2024 09:34:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341804

Од содржините на Вистина неодамна имавте прилика први да дознаете дека естрадната брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцоски ќе прават свадба, а информацијата од прва рака ја добивме од младоженецот. Па така, како најавија, така и направија. Првите објави на Инстаграм осамнаа кај зетот, кој уште во еден напладне заедно со својата машка дружина и семејството почна да слави. Тргнаа по старите обичаи, викнаа музика за по невеста и откако удри тапанот и чукна првата здравица, еуфоријата и возбудата започна уште повеќе. Иако свадбата не им се случува по ред, зашто склучија граѓански брак минатата година, а веќе имаат и плод на љубовта, малиот Киан, свадбата можеби е временски задоцнета, ама уште послатка. Редот тргна со одењето по невеста, која за портебата се врати кај мама и тато,  па откако завршија со сите планирани свадбени адети, младите тргнаа да си ветат љубов и пред Бога, а со тоа со тоа да завршат комплетно како со граѓански, така и со црковен брак. Откако бидна и тоа со светиот чин, следеше она највозбудливото – свадбата во еден познат скопски ресторан. Антониа и Роберт ништо не заобиколија, па сакаа се’ да изгледа како во бајка. Декорацијата од црвени природни ружи го красеше комплетниот амбиент уште од влезот на салата, па се' до главната маса на младите обиколена со стоптици црвени цветови. Првото поздравување со гостите на влезот беше уникатно и посебно емотивно затоа што во рацете на младоженецот беше нивното синче Киан. Дотерано во свечена бебешка облека што го правеше уште посладок за да им го украде шоуто на мама и тато. Секој во свој филм, невестата во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак младоженецот лежерен во тренди кежуал парчиња  несвојствени за свеченост од ваков тип. Очигледно и очекувано дека невестата била таа што посветила повеќе внимание на себе, па во текот на вечерта облече уште една венчаница, овој пат куса и повторно од тантела, но со долги ракави, а на нозете носеше патики за да биде што поопуштена за полесно играње и стоење на нозе до крајот на ноќта. Како што претходно најави младоженецот, на сбадбата присутни беа околу 300 гости, а покрај роднините и пријателите на семејствата Гиговски и Спасенцоски, најголем дел од беа соработниците од естрадните кругови, како на невестата, така и на младоженецот. Па така, меѓу оние кои славеа за љубовта и бракот на Антониа и Робет беа: Композиторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и саканата Лејла Рамковска, колешките Лина Пејовска, дизајнерката Ива Спасовска, стилистот Даниел Николовски, Александар Дадар и многу други... Камерите од мобилните беа вклучени кај сите кога младите го заиграа првиот танц, а невстата на крајот заврши во рацете на саканиот. За се’ да биде на ниво, а атмосферата плафон, особено за музичкиот дел, беа задолжени група „Арија“ на кои младите им ја препуштија довербата. Социјалните мрежи вриеја од фотографии и видеа од големиот ден на Анониа и Роберт, а во продолжение погледнете ја галеријата од најинтересните моменти. Честитки до младите на кои им посакуваме цел живот да си бидат совршено надополнување еден на друг! фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ jokerdam93]]>

ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ekskluzivno-otkriva-brakot-na-antonia-i-robert-nema-da-ostane-samo-na-potpis-vo-matichno-vikendov-se-sprema-svadba-golema-imame-pozitivna-trema-i-vozbuda-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341573

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови. Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба. -Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се' како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема: - Хмм голема, мала... Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт. Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење. -Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера. А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи... фото:instagram printscreen/jokerdam93]]>

Била платена пет милиони за настап, но главната работа не ја испочитувала: Пукнал срам на свадбата на синот на најбогатиот човек во Индија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bila-platena-pet-milioni-za-nastap-no-glavnata-rabota-ne-ja-ispochituvala-puknal-sram-na-svadbata-na-sinot-na-najbogatiot-chovek-vo-indija-video/ Tue, 05 Mar 2024 11:50:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341171

На прославата пред свадбата на синот на најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани (66), пееја Анант Амбани (28), Ријана (36), а клип од нејзиниот настап стана хит на социјалните мрежи. На забавата на Анант и Радика се собраа познати личности од целиот свет, а свадбата ги чинеше вкупно 120 милиони долари, од кои пет милиони евра и припаднаа на Рајана, која пееше час и половина. Таа ги изведе своите најпознати хитови облечена во зелен лакиран фустан од кој ѕиркаарозови гаќички, а потоа реши да им се обрати на младенците, што не помина најдобро. Пејачката воопшто не можела да ги погоди нивните имиња. Двапати тотално погрешно ги изговарала имињата на младенците, а третиот пат нешто слично кажала на Ананта. Да потсетиме, Ријана во неделата го прослави својот 36-ти роденден и во тоа име исплива на површина нејзината тешка животна приказна. Пејачката е ќерка на сметководителката Моника и надзорникот на магацин Роналд Фенти, а пораснала во бунгалов со три спални соби во Бриџтаун, каде што таа и нејзиниот татко продавале облека од уличен штанд.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Имала тешко детство, врз кое било длабоко погодено од алкохолизмот и зависноста од кокаин на татко и, а тој физички ја малтретирал нејзината мајка. Нејзините родители се развеле кога таа имала 14 години, а таа ја презела улогата на мајка на својот помлад брат додека нејзината мајка работела со полно работно време. фото:Printscreen/ Twitter]]>

Верица Шерифовиќ на свадба ја погодиле со пепелник во главата https://arhiva.vistina.com.mk/veritsa-sherifovik-na-svadba-ja-pogodile-so-pepelnik-vo-glavata/ Tue, 27 Feb 2024 12:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340278

Познато е дека фолкерите најмногу заработуваат на ромските свадби. Овие прослави се своевиден феномен и за нив се трошат баснословни пари. Имено, станува збор за милиони евра, па не е чудно што на пејачите најмногу им се допаѓа кога имаат ваков ангажман. Сепак, не е се секогаш така лесно. За ова неодамна проговори Љуба Аличиќ, кој е и баран пејач на овие свечености. Како што откри, се сеќава дека во една прилика настрадала Верица Шерифовиќ.
-Тие луѓе знаат да се забавуваат, даваат голем бакшиш. Во Србија нема такви свадби бидејќи народот има повеќе пари во Италија, Франција, Австрија. Ретко пеам на свадби во Србија. Ретко е да се биде богат во Србија, раскажа Љуба, а потоа откри дека во една прилика за малку ќе го погодат во глава - почна Аличиќ, па додаде: - Тие не фрлаа во мене, туку во некој таму, а тоа само прелета покрај мене. Се сеќавам дека еднаш со пепелник ја удриле Верица Шерифовиќ по лицето. Навистина отече - изјави Аличиќ за Блиц. фото: Instagram printscreen/ vericaserifovicofficial]]>

Сања Савеска од „Брза кујна“ застана пред камери на утринска програма, а поводот нешто големо – свадба! (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sana-saveska-od-brza-kujna-zastana-pred-kameri-na-utrinska-programa-a-povodot-neshto-golemo-svadba-video/ Tue, 20 Feb 2024 09:11:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339269

Токму кога можеби помисливте дека на водителката од „Брза кујна“ најпосле и дошол редот да се мажи и да прави свадба, работата е стои нешто поинаку. Поводот поради кој Сања ја видовте на друга телевизиска феквенција, односно утринската на МРТВ, беше тоа што таа е домаќинка на претстојниот „Саем на венчавки“ кој ќе се случува од 23-ти до 25-ти февруари. За да нема забуни и нејасни нешта, Сања ова го најави уште во месец ноември минатата година кога јавно откри дека оваа 2024 година ќе биде нејзина како водителка и домаќинка на настанот.
Тогаш сподели и дека нема да носи венчаница, но ќе има поинаква репрезентативна улога. „Традиционално и оваа година се одржува далеку препознатливиот “Саем за Венчавки”. Јас оваа година не облекувам венчаница, но ќе бидам домаќин и водител и ќе уживам во убавината на свадбените декорации и венчаници но и на целосниот гламур на “Wedding Expo-Skopje” од 23-25 февруари“ – напишала тогаш Сања.
Сега во одбројувањето на деновите пред настанот, Сања е „пушка“ подготвена за се она што следи за сите кои се заинтригирани и пред подготовка на така големиот свадбен чин. Па кој знае, можеби токму 2024-тата ќе биде годината на одлука Сања Савеска конечно да го каже судбоносното – ДА, а наедно веќе е информирана и искусна за се’ она што треба да знае, најде, организира како идна невеста. За потсетување, актуелната водителка е во долгогодишна љубовна врска, живее заеднички живот со неврохирургот Томи, и не ретко знае да изјави дека тој е вистинскиот. Фото: Инстаграм и Фејсбук/sanja_saveska]]>

Се ожени македонскиот пејач кој беше меѓу најдобрите во „Ѕвездите на Гранд“, а триумфираше во „Пинк ѕвезди“: Првиот танц и го пееше на увце на саканата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozheni-makedonskiot-pejach-koj-beshe-megu-najdobrite-vo-zvezdite-na-grand-a-triumfirashe-vo-pink-zvezdi-prviot-tants-i-go-peeshe-na-uvtse-na-sakanata-foto/ Sat, 02 Dec 2023 08:20:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328626

Топлиот период по велигденските пости е најчесто резервиран за свадбените прослави кои траат во текот на целото лето, а потоа во студениот период ретко кој се решава за свадба. Еден од тие ретките е младиот пејач Мите Стоилков кој изминатиот викенд правеше свадба. Финалистот од „Ѕвездите на Гранд“ и победникот од „Пинк ѕвезди“ реши да се жени овој месец ноември кога во Бигорски ја запроси саканата Марија Минова. На вљубените гулапчиња не им се чекаше до пролет или лето, па за свадба се решија да се случи многу брзо, односно изминатиот викенд, истиот месец по запросувањето. Се собраа семејствата, ги поканија најдрагите, роднините, пријателите, соработниците... Се славеше љубовта на Мите и Марија кои од приложеното на социјалните мрежи се решиле за мала прослава, но со сите кои треба да бидат таму за се’ да биде најубаво за големиот ден. Младоженецот во елегантен сив костум, додека невестата во едноставна коктел венчаница со впечатлив светкав топ и долги ракави. Првиот танц го играа на песната „Заувек“, а ја пееше кој друг ако не Мите. Во љубовен танц, Мите и пееше на увце на Марија дека љубовта засекогаш ќе трае, како што се вели во стиховите на песната од Жељко Васиќ. Од колегите на Мите, барем од оние кои се пофалија на социјалните мрежи беа, Трајче Георгиев, хармоникашот Мишел Трајковски кој пак беше и меѓу музичарите задолжени за забавата. Инаку, Мите и Марија не ја експонираа својата љубовна врска, а заедно беа неколу години. Марија стидира општа медицина во Штип и цели да биде идна докторка. Честитки за младите! фото: printscreen Instagram/ mitestoilkov/ Printscreen You tube Zvezde granda/ Facebook Marija Minova]]>

На богата свадба во Германија да пее и жнее се собра кремот на српската естрада, од Цеца до Ацо Пејовиќ, а меѓу нив и нашата пејачка со „златно грло“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-bogata-svadba-vo-germanija-da-pee-i-zhnee-se-sobra-kremot-na-srpskata-estrada-od-tsetsa-do-atso-pejovik-a-megu-niv-i-nashata-pejachka-so-zlatno-grlo-foto/ Sat, 11 Nov 2023 08:30:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325461

Големите музички имиња се се’ почести гости и на големи, мега свадбени веселби на домаќини со подлабок џеб што може да ги исплатат бараните хонорари од суми со многу нули. Една таква свадба се случи викендов во Берлин- Германија каде на сцена за да ги весели гостите и младите, се собра кремот на српската естрада. Цеца Ражнатовиќ, Саша Матиќ, Ацо Пејовиќ, хармоникашот Аца Софронијевиќ и сигурно уште многу други кои камерата од објевените видеа не успеа да ги сними. Покрај музичкиот дел, на свадбата имаше дури и водители, а таа улога им припадна на Милан Калиниќ и Душица Јаковљевиќ, кои како и музичарите си фатија ултра квалитетна тезга. Сето ова успеавме да го видиме преку стори објавите на пејачката која ја нарекуваат македонскиот славеј или пејачката со златно грло, Анета Љуманковска за повеќето попозната како Анета „Молика“. Најзиниот дел за „стори“ објави беше густо нареден со куси видеа, а за загревање почна со објавата пред настап и тоа како е облечена во принт кошула и црно кожно макси здолниште, како и селфи со водителката Јаковљевиќ. Новитетот на неа не остана незабележан – новата фризура која се решила да ја смени со пократка коса. Откако ни презентираше како се дотера битолската дама, следеше и да се покаже вокално на спомената веселба. Откако си го отпеа својот дел, односно го одработи бараното, си седна на масата за музичарите, ги слушаше, уживаше и снимаше своите српски колеги, Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ... Се пееше, јадеше, пиеше и секако богато се жнееше. Атета е докажано еден од најдобрите вокали на македонската музичка сцена, а младите, односно домаќините на свадбата очигледно дека го сакале најдоброто за големиот ден. За Анета полн џеб и секако реклама плус заедно со музичкиот фолк крем на Балканот. фото:инстаграм принтскрин/Анета Љуманковска]]>

По свадбата во Германија, Анета се врати дома и запеа во „Мерак меана“ каде изненади со новиот младешки имиџ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-svadbata-vo-germanija-aneta-se-vrati-doma-i-zapea-vo-merak-meana-kade-iznenadi-so-noviot-mladeshki-imidh-foto/ Thu, 09 Nov 2023 08:10:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326079

Со или без група „Молика“, Анета Љуманковска екс Мицевска постојано има ангажмани. Неодамна пееше на свадба во Германија заедно во кремот на српската естрада, меѓу кии беа Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ... Таму Анета се појави со поинаков имиџ, односно нова фризура, пократка и поразлична од порано. Велат дека жените ја менуваат фризурата кога им се случува нешто големо во животот, а на Анета и тоа како и се случи со разводот по две ипол децении брак со колегата и сега екс- сопруг Џими Мицевски. Сега таа новииот освежен имиџ го промовираше и пред камерите на фолк емисијата „Мерак меана“ и пред своите колеги таму. Облечена во црвен елегантен комплет, Анета позираше за на социјалните мрежи каде редовно добива ласкави комплименти. Колешките Даниела и Марија исто така позираа заедно со неа и напишаа по некој комплимент и емотикон. За потсетување, Анета и Џими како што изјавија претходно, ќе настапуваат заедно како Анета и „Молика“ на сите договорени настапи се до месец август следната 2024 година. фото:Инстаграм принтскрин/Анена Љуманковска]]>

По кратка врска мајката на Дарко Лазиќ реши да се мажи, а тој веднаш го кажа својот став (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-kratka-vrska-majkata-na-darko-lazik-reshi-da-se-mazhi-a-toj-vednash-go-kazha-svojot-stav-foto/ Thu, 26 Oct 2023 07:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323935

Дарко Лазиќ и неговото семејство постојано ги полнат насловните страници на порталите, а сега, наводно, пејачот и се налутил на својата мајка Бранка бидејќи сака да се омажи за своето ново момче. Како што објавија медиумите, Дарко и неговиот брат ја поддржале Бранка кога таа им кажала дека има партнер, бидејќи виделе дека е среќна и дека тој се грижи за неа. Но, на Лазиќ наводно му пречело кога ја прочитал изјавата на дечкото на мајка му дека планираат свадба, па седнал да разговара со Бранко и ја замолил да не брза со бракот бидејќи во декември ќе навршат три години откако татко му починал и тој верува дека по сите рано е да се направи свадба. Во оваа прилика пејачот се огласи и ја откри вистината. - Боже спаси ме! На медиумите очигледно им недостасуваат вести, а бидејќи немаат ништо грдо да напишат, пишуваат што било. Само седам со мајка ми и нејзиното момче - ни изјави Дарко, а на прашањето како би реагирал доколку мајка му каже дека одлучила да се омажи, популарниот пејач како од ведро небо одговорил: - Само уште една причина за славење! – рече Дарко кој и самиот неодамна се венча по третпат. фото: Принтскрин/Пинк/Милош Рафаиловиќ/инстаграм]]>

Елеонора Миљковиќ покажа дека нејзината умешност на владеењето со јазикот има еротска моќ: Свадбена предигра со лижење за увце за возбудлива и бурна ноќ! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eleonora-milkovik-pokazha-deka-nejzinata-umeshnost-na-vladeeneto-so-jazikot-ima-erotska-mok-svadbena-predigra-so-lizhene-za-uvtse-za-vozbudliva-i-burna-nok-video/ Sat, 14 Oct 2023 07:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301887

Атрактивната скопска ријалити убавица  Елеонора Миљковиќ кон крајот на минатата 2022 година го кажа судбоносното да и стапи во брак со својот избраник Чедо. Овој пат тазе брачната двојка беа гости на една друга свадба кај свои блиски... Долгите свечени фустани, црвената боја и синџирчињата очигледно се во мода, па таквата комбинација која Елеонора ја поседува уште од нејзината моминска вечер, расната убавица ја облекла и во оваа прилика. Малку „cat walk“ и неколку селфија пред излегување секогаш се добра проверка за тоа дали е се' „цакум-пакум“ и на свое место, а како што се гледа кај раскошната инфлуенсерка се' е „тип-топ“ и по мерка. Синџирчето и овој е на вистинското место, на задниот дел од фустанот со разголен грб до половината, украсено со „лажни рубини“ во вид на циркони, што на моделот му дава дополнителна елеганција и еротска нота. Особено што останува нејасно дали и тангата под фустанот е украсена во ист стил или неа воопшто и ја нема, зашто на вака тесно припиен модел, долната облека би била вишок дел? Како и да е Елеонора и нејзиниот сопруг блескаа на свадбената веселба на која секако главни биле младоженецот и невестата. И додека свадбената веселба течела, како изминувало времето, дали под импресии и сеќавања на нејзината свадба или „подзагреана“ од алкохолната понуда, Елеонора во еден момент не можела да се воздржи да не ја манифестира својата возбуда. Напливот на страсти очигледно ја преплавил расната убавица, па желбата била посилна од воздржаноста, за силиконската секс бомба да ја покаже сета своја вештина на заведувањето. Со изваден јазик, налик на змиски бакнеж, расната убавица сочно го излижа увото на својот „пастув“, вовлекувајќи го и него и себе си  во слатка еротска агонија, среде свадбената церемонија. Елеонора Миљковиќ со еден потег покажа дека нејзината умешност на владеењето со јазикот има еротска моќ... Можеби како свадбена предигра со лижење за увце за возбудлива и бурна ноќ? Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__]]>