св – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Feb 2022 13:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png св – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нивес Целзиус разголена, со напрчена задница, призна во кого е заљубена (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nives-celzius-razgolena-so-naprchena-zadnica-prizna-vo-kogo-e-zaljubena-foto/ Tue, 15 Feb 2022 13:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239160

Хрватската пејачка, актерка, старлета Нивес Целзиус, Денот на вљубените го мина сама. Не дека нема со кого да биде и дека никој не би и правел друштво, напротив. Оние кои за Св. Валентин или било кој друг ден би и правеле друштво и многу повеќе од тоа на цицлестата убавица,  нема да ги збере ни во километарска редица! Но, Нивес веќе подолго време, барем не јавно нема сериозна врска, а да зборува или да ги открива оние што се „за една употреба“, не чувствува потреба! Како што веројатно во моментов не чувствува ниту желба за врска, па затоа на Денот на вљубените му сврте грб или поточно она што се наоѓа под него и го испрати со уште една провокативна фотографија, но и сличен пост: „Уште еден Валентин, во кој сум среќно презаљубена во самата себе“ - напишала Нивес покрај фотографијата на која разголена, со напрчена задница, цицлестата хрватска убавица призна во кого е заљубена! Фото: Инстаграм принтскрин/nivescelsius]]>

Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-zoshto-se-proslavuva-denot-na-vljubenite/ Mon, 14 Feb 2022 14:02:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238994

Секоја година на 14.февруари се празнува Св.Валентин. Тоа е ден кога и изразуваме љубов на саканата личност, но знаете ли кој е Купид, што се случува кога ќе ве погоди неговата стреличка и зошто воопшто го славиме Св.Валентин? Симбол на Св.Валентин е римскиот бог Купид прикажан со лак и стрела. Се вели дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби. Овој празник го добил името по светецот Валентин кој живеел во 3.век после Исус Христос. Традицијата на славење Св.Валентин Традицијата на славење на Св.Валентин е најверојатно една од најдолгите во историјата на христијанството. Првите честитки за Св.Валентин датираат од Англија и Шкотска, во раниот среден век, кога постоел обичај на прагот на својата сакана да се остави љубовна порака или честитка украсена со чипка или со некој друг материјал. Во некои земји постоел обичај на девојката да и се подари облека, а ако таа ја задржи облеката, тоа би било знак дека се согласува да го поминете остатокот од животот заедно. Постојат повеќе верзии за настанокот на оваа легенда. Официјалната католичка црква се држи до тоа дека Св.Валентин бил свештеник исцелител (името Валенс на латински значи здрав), заштитник на здравјето. Венчавките тогаш се одржувале некаде околу месецот февруари, кога Св.Валентин бил погубен, за да се навести дека доаѓа пролетта и да се избегне големата гужва за време на Божиќ и Велигден. Оттука е и неговата поврзаност со бракот. Многу од т.н Пагански религии како што се римската и грчката го земале токму месец февруари за да се слави магијата поврзана со бракот или љубовта, па се претпоставува дека тој обичај можеби е преземен од древните религии. Колку е ова вистина, никој не можел да докаже. Свети Валентин – заштитник на празникот на љубовта Најпознатата приказна е онаа во која Св.Валентин се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните одбранички. Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не би смеел да се венча, бидејќи тоа би му го одземало вниманието кое требало да го има кон војувањето. Сите морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи ги и свештениците. Свештеникот Валентин не ги почитувал тие наредби и почнал тајно да ги венчава младите парови ризикувајќи на овој начин да заврши во затвор и да биде погубен, што на крајот и се случило на 14.февруари, еден ден пред римскиот празник Луперкалија, на Валентин му била отсечена главата. Недолго потоа, од страна на народот тој бил прогласен за светец, а подоцна кога христијанството се зацврстило и кога завршило прогонството, свештенството се одлучило тој датум да се слави како ден на Светиот Валентин. Денот на заљубените денес Како и да е, денот на Светиот Валентин денес е познат низ целиот свет како Ден на заљубените. Веројатно не можете да си замислите ситуација да сте во врска, а на тој ден на саканата личност да не и купите барем некој скромен подарок или пак да организирате заедничка вечера, кино, прошетка или нешто по ваш избор.]]>

„Прв пат споделувам било што за него“: Хелена Роза откри како го славела Св. Валентин со Тоше Проески! https://arhiva.vistina.com.mk/prv-pat-spodeluvam-bilo-shto-za-nego-helena-roza-otkri-kako-go-slavela-sv-valentin-so-toshe-proeski/ Thu, 15 Feb 2018 09:03:14 +0000 http://vistina.mk/?p=12851

На вчерашниот ден 14-ти февруари, сè беше во знакот на виното и љубовта. Од понуди за брак, романтични вечери, статуси и фотографии ги преплавија социјалните мрежи. И поранешната ТВ водителка Хелена Роза посвети симболичен статус на својот Фејсбук по повод денот на вљубените, но наместо за сегашноста, таа го посвети на минатото, односно на моменти на кои ќе се сеќава целиот живот. Имено, таа својата приказна му ја посвети на Тоше Проески и за прв пат пред јавноста откри како пред една ипол деценија тој и се јавил со понуда да слават заедно, но  да ја консумираат љубовта само како пријатели:
Беше точно прес 15 години на 14-ти февруари... заѕвони мојот домашен телефон. Ало... Здраво Лени што правиш? – овде Тоше. Вечер одиме во Александар Палас, сестра ти Ребека со Мики, Љиља со некој бизнис партнер од Космофон...а јас сум сам.. Андријана Будумир ми е во карантин, па сакав да те прашам дали ќе ми бидеш ти мојот партнер за Валентиново? Секако дека прифатив. Бевме на убава вечера сите заедно во палас, кога испаднавме околу 11 часот пред хотелот имаше стотина обожавателки на Тоше кои го опсипаа со мечиња, ружи и бакнежи. Да, јас имав привилегија да ја славам љубовта и виното со нашиот Тоше Проески. Инаку, ова е прв пат да споделам било што во врска со Тоше... не знам така ми дојде... и така направив. П.с испаднавме само како пријатели, само ја славевме љубовта не ја консумиравме да не бидам погрешно разбрана од некого, откри Хелена.
]]>

Св. Козма и Дамјан, господови лекари- ако сте верник треба да се молите за ова https://arhiva.vistina.com.mk/sv-kozma-i-damjan-gospodovi-lekari-ako-ste-vernik-treba-da-se-molite-za-ova/ Tue, 14 Nov 2017 10:33:10 +0000 http://vistina.mk/?p=3516

Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите. На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.  ]]>