Св. Трифун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Feb 2024 12:23:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Св. Трифун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските пејачки сингл – славеа различни празници во ист ден на сличен начин, осамени и разголени: И Св. Трифун и Св. Валентин со ист чин – во џакузи, само едната со вински тајмаут, другата со еротски „дискаунт“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-pejachki-singl-slavea-razlichni-praznitsi-vo-ist-den-na-slichen-nachin-osameni-i-razgoleni-i-sv-trifun-i-sv-valentin-so-ist-chin-vo-dhakuzi-samo-ednata-so-vinski-tajmaut-drugata-so-erot/ Fri, 16 Feb 2024 12:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338929

Ист празник, две македонски пејачки, кои до душа не си се една на друга музичка конкуренција зашто се од различна естрадна провиненција, славеа  различни празници во ист ден на ист начин - осамени и разголени! Кога е во прашање прославата на празникот на лозарите, наречен „Ден на виното“ и оној на љубовта, познат како „Ден на сите вљубени“, сите начини на прослава се дозволени. Добро, можеби не баш со пукотници и огномет, ама затоа со она што на повеќето од нас ни е најслатко на свет!  Винско задоволство и она другото - љубовното! Со тоа што некој го слави во кафеана со шише, чашка и друштво, некој дома со тајфа, други пак со девојка или во понаква двојка,  во некој локал или на само во четири очи... Кој што преферира или кому како му се посреќи! Арно ама имаше и такви што празникот со две значења го славеа и соло. Сингл, осамени ама и разголени и тоа на различен, ама сличен начин. Како македонската траперката Дијана Оу Џи и нејзината колешка - фолкерка Марија Луиса Тодоровска на пример, на кои прославата на Св. Трифун и Валентин им заврши со ист чин - во џакузи! Само едната со вински тајмаут, другата со еротски „дискаунт“! Фолкерката Марија Луиса Тодоровска уште претходно се изјасни како „слободна соло играчица“ која не е во емотивна врска и со богот на љубовта Амор - нема договор! Затоа и повеќе го преферираше Св. Трифун наместо Св. Валентин, па како сингл дама празникот го прослави сама.
@marijaluisa8♬ suono originale - Šargi
Ама затоа за да се развесели добро го зали со шише и чаша - две бело вино, по што расположението очигледно станувало од фино - пофино... И подиво! За  соло уживањето да биде комплетно, последната чаша на полните сочни бузи, се пие гола во џакузи! „Е после, кога ќе те фукне депресијата во 6 наутро, јадеш се' живо“ - како што искрено признава и самата Марија! Во џакузи заврши и македонкат раперка Дијана Оу Џи... Со тоа што за разлика од Марија Луиса, обете славеа во ист ден, ама се приврзаници на различни празници. Дијана заради втората професија од која има најдобра заработувачка - нејзината „Онли фанс“ страница, повеќе го преферира „Денот на вљубените“ , најмногу заради клиентите. Токму затоа и денот и почна со намаление! Па ако Марија Луиса го славеше сингл Св. Трифун со вински тајмаут, Дијана Оу - Џи го славеше Св. Валентин со еротски дискаунт! Попуст за сите што на денот ќе ја посетат нејзината страница за возрасни, со можност за двојна радост: И од нејзина голотоја и од полугратис понудата! А џакузито...? Можеби уживањето и кај Марија и кај Дијана не е најново, ама е неодложно секогаш кога е тоа можно... И за Св. Трифун и за Св. Валентин и за било кој друг обичен ден, без сомневање, ни едната ни другата не пропуштаат ваков чин на уживање! Па дури кога се сингл,  не значи дека се и соло...  Зашто ако ја вклучите логиката ќе сфатите дека некој морал и да ги фографира во кадата, па затоа не паѓајте лесно на  обманата на итра жена. Можеби нечија глава нурка токму под белата пена? Фото: Инстаграм/luisa.todorovska/iamdijana.og
 ]]>

Акустичарски концерт во „Јавна соба“: „Љубов и вино за прегратка“ https://arhiva.vistina.com.mk/akusticharski-kontsert-vo-javna-soba-lubov-i-vino-za-pregratka/ Wed, 01 Feb 2023 12:23:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286939

На 14. февруари, вторник од 20 ч. ве покануваме заедно да ги прославиме Денот на вљубените и Св.Трифун на концертот насловен: "Љубов и вино за прегратка"!
Настапуваат доајените на некогаш многу силната македонска акустичарска сцена, која денес веќе и ја нема: Јаков Дренковски, Аљоша Симјановски, Џина Папас- Џокси, Жаклина Стевковска и Александар Стефановски – Јаблан.
Билетите се по цена од 400 ден. и истите може да ги набавите во барот на „Јавна соба“ или на самиот влез пред почетокот на концертот.
Повелете заедно да уживаме во безвременските стихови и настапот на овие петмина фантастични музичари!

Милица Павловиќ спои две во едно: Со разголена задница во секси долна облека со порака и до лозарите и до вљубените (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-pavlovikj-spoi-dve-vo-edno-so-razgolena-zadnica-vo-seksi-dolna-obleka-so-poraka-i-do-lozarite-i-do-vljubenite-video/ Mon, 14 Feb 2022 12:05:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238917

Српската пејачка Милица Павловиќ не можејќи да се определи што и кому попрво да му честита за Свети Трифун и Свети Валентин, реши да направи своевиден микс, па да спои се' во едно. Арно ама, како на пејачката љубовта и е многу важна, а со неа рака под рака оди и страста, таа се соблече во еротска долна облека во црвена боја, па онака секси и разголена  реши да упати љубовна порака и до вљубените, но и порака до лозарите. На вљубените им посака да се сакаат, љубат и уживаат во животот, на лозарите да имаат успешна и плодна година, па на сите заедно им испрати сочен бакнеж. При тоа, жешките кадри во кусото клипче од разголената Милица им останаа пред очи и на едните и на другите... И на вљубените и на ергените, та славеле Св. Валентин или Св. Трифун, никој не остана имун на голата задница на српската фолк убавица!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Фото: Инстаграм принтскрин/senoritamilica]]>

За многу години: Денеска е големиот празник Св. Трифун https://arhiva.vistina.com.mk/za-mnogu-godini-deneska-e-golemiot-praznik-sv-trifun/ Sun, 14 Feb 2021 08:16:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189511

Денеска се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите. (Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…) . Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите. Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на христијаните. Од обласниот римски царски намесник по име Аквилин бил повикан да дојде во Никеја каде што било седиштето на обласната управа и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви. Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле го осудиле да му биде пресечена главата со меч. Но пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото за егзекуција тој ја предал душата пред мечот на џелатот да падне на неговиот врат. Тоа се случило на 14/1 февруари 248 година (според други во 250 година), кога имал само 21 година. Локалните верници го погребале на своите гробишта, но тој им се јавил на сон и посакал да биде погребан во своето село. Оваа желба му била исполнета и подоцна моштите му биле пренесени во неговото родно село. Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи. Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување. Во скопско, како што забележал М. Кратовалиев, во запис од деветнаесеттиот век, на тој ден по црквите крштевале вода, и од таа вода секој селанин си носел по лозјата заедно со пепел. Во лозјето ќе турел малку од пепелта и ќе полеел од крстената вода. Водата ја поливал за да има бериќет, а пепелта за да „испрхнува“, т.е. да бидат поголеми зрната на гроздовите. Потоа закројувале по неколку лозинки, по што седнувале, се гоштевале и правеле големи веселби. На иконите св. Трифун е претставен или со сорче за режење на лози или со наметка како чувар на гуски. Обичаите и верувањата поврзани со овој празник упатуваат на заклучок дека во неговата основа лежи некој голем претхристијански празник поврзан со првите пролетни активности, пред сè со обработката на градините и лозјата.]]>