св.лука – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Oct 2017 14:25:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png св.лука – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во светот се слави Ноќта на вештерките, а кај нас Св. Лука https://arhiva.vistina.com.mk/vo-svetot-se-slavi-nokjta-na-veshterkite-a-kaj-nas-sv-luka-golem-praznik/ Tue, 31 Oct 2017 09:00:49 +0000 http://vistina.mk/?p=2124

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври. Денеска е Св. апостол и евангелист Лука.Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.
Свети апостол и евангелист Лука 
Лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони. Именден празнуваат: Лука… Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-ученици на Исус. Бил верен следбеник на Христовото учење и го проповедал во повеќе земји низ светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанското учење го проповедал во Галија (денешна Франција), Италија, Далмација, Македонија, Грција и др. места. Околу 60-тата година го напишал евангелието но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Доживеал длабока старост но не се откажал од проповедите на Христовото учење. Според едни извори на 84 годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони. Некои истражувачи Евангелието по Лука го датираат меѓу 57 и 60 година, додека други го сместуваат по 70-тата година. Своето евангелие светиот апостол и евангелист Лука го започнува како писмо до еден висок достоинственик по име Теофил: Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште во почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав сè од почетокот да ти опишам точно по ред честити Теофиле, за да ја разбереш основата на учењето на кое си се учел“. Лука1/1-4 Оттука може да се заклучи дека ова евангелие е одбрана на христијанската вера пред римскиот свет“. Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. По овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук. извор:курир
]]>