Св. Константин и Елена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Jun 2023 06:32:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Св. Константин и Елена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес е Св. Константин и Елена https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-sv-konstantin-i-elena/ Sat, 03 Jun 2023 06:31:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205551

Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера. Култот кон Константин и Елена почнал да се шири во IV век, а во црковните песни царот Константин, кој уште се вика и Константин Велики се споредува со светиот апостол Павле. Останал забележан како втемелувач на христијанството и основач на Цариград (Константинопол). Нивниот заеднички празник се празнува на 3 јуни според новиот, (односно на 21 мај според стариот) календар и во некои краишта се смета за тежок празник. Во Гевгелиско се сметал за тежок празник (аталија) и никој не работел. Се одело на панаѓур во с. Мрзенци. Во Радовиш одвечер оделе во с. Конче, таму во црквата ноќевале и оставале ветени дарови: крпи, кошули, чорапи, или стока: јагниња, телиња и др. Сето тоа се правело за здравје. Денес именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка, Лена…]]>