св кирил и методиј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 May 2023 07:33:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png св кирил и методиј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денеска е Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-den-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ Wed, 24 May 2023 06:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151193

24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои 862–863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици. Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел словенскиот јазик пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. Го обвинувале за ерес зашто го вовел словенскиот јазик меѓу привилегираните кои тој статус го заслужиле зашто биле испишани на крстот на Исус. Константин бил роден во 826/827 година во угледно византиско семејство од Солун. Бил седмо и најмало дете на Лав и Марија кои му овозможиле врвно образование – на највисоката школа во Цариград, во царската палата Магнаур која имала ранг на универзитет. Станал библиотекар во Цариградската патријаршија во најпознатата црква во светот во тоа време – „Св. Софија“, а подоцна предавал филозофија на Магнаурската школа, каде што ја добил титулата Филозоф. Ерудит со талент за јазици и дипломатска вештина, Константин од византискиот двор и Цариградската партијаршија  бил испратен во три историски мисии. Во првата, Арапската кај Сарацените (во денешен Ирак), имал само 24 години. Во втората – кај Хазарите (денешна Русија) и во третата – кај Словените во Панонија и Моравија (денешна Чешка) учествувал заедно со својот најстар брат Методиј. Првите две мисии имале државно-верски карактер, а третата мисија била просветителска. Таму биле испратени од византискиот император Михаил Трети на барање на моравскиот кнез Ростислав. Со таа мисија солунските браќа ги поставиле темелите на словенската култура и просвета. Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на неговиот роден Солун, кој го знаел од детството, Константин ја составил првата словенска азбука – глаголица со 38 букви. За секој глас создал знак, употребувајќи букви од грчкиот алфабет, знаци од други јазици, а и самиот измислил нови. Говорот на македонските Словени го издигнал на ниво на прв книжевен јазик. Со Методиј и нивните ученици на новото писмо превеле црковни книги од грчки на старословенски јазик и во 863 година подготвени тргнале во нова мисија – во Моравија, каде што останале 40 месеци. Нивната макотрпна работа резултирала со преполни цркви и луѓе кои првпат слушнале богослужба на  јазик разбирлив за нив. Силниот отпор на латинско-германското свештенство, разгневено поради масовниот одлив на верниците, ги одвело солунските браќа до папскиот двор. Но, таму тие биле примени со највисоки црковни почести – затоа што биле мисионери на моќната Византија, но и затоа што со себе носеле нешто вредно. За време на претходната, Хазарска мисија, Константин во Херсон ги открил моштите на Климент Први, седум и пол века по неговата маченичка смрт на Крим. Климент Први бил четвртиот папа и соработник на апостол Петар, кој поради ширењето на христијанството бил прогонет од царот Трајан и удавен во 101 година. Пронајдените мошти Константин му ги предал на папата Адријан Втори во Рим. Тој ги пречекал творците на словенската писменост со церемонија која траела три дена, како што посочил биографот на Кирил во неговото житие во „Панонските легенди“. По Цариград, и Рим официјално го признал словенскиот јазик за рамноправен со другите. Папата Адријан Втори бил убеден во оправданоста на Моравската мисија и во разумното тврдење дека секој народ треба на својот јазик да разговара со Бога, па лично ги зел во заштита словенските книги и ги осветил. Во Светата столица била отслужена богослужба на словенски јазик. Напредните ученици добиле свештенички чинови, а и Константин во Рим стапил во калуѓерски ред и го добил монашкото име Кирил. Таму и починал на 14 февруари 869 година, завршувајќи го животот изнемоштен и болен на 42 години. Закопан е во базиликата „Св. Климент“ (Сан Клементе), посветена на светецот со чии мошти дошол во Рим. Битката за писменоста на Словените не престанала. Неа уште 16 години ја водел братот Методиј, до смртта во 885 година. Моравската мисија завршила со прогонство на нивните ученици. Некои од нив исчезнале, некои биле продадени како робови, но тројца истакнати – Климент, Наум и Ангелариј, го продолжиле просветителското дело на југ. За животот и делото на Кирил и Методиј се напишани над 10 000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име. Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата „Св. Богородица“ во Скопје. Чествувањето со различни манифестации продолжува до денес, а меѓу нив централно место има поклонението на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“ во Рим. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани. Извор: курир.мк/МИА]]>