Св. Атанасиј и Пресвета Богородица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Aug 2020 08:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Св. Атанасиј и Пресвета Богородица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Годинава едно поинакво издание на „Лешочкиот фолк фест 2020” https://arhiva.vistina.com.mk/godinava-edno-poinakvo-izdanie-na-leshochkiot-folk-fest-2020/ Wed, 26 Aug 2020 08:38:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164771

Во природа која прегрнува и смирува, во духовно опкружување од манастирскиот комплекс на “Св. Атанасиј” и “Пресвета Богородица”, со целосна верба и посветеност на фестивалските директори Борче Брзанов и Сузана Спасовска, „Лешочкиот Фолк Фест” оваа година ќе го проследиме во малку поинакво издание. Поради ситуацијата со пандемијата и забраната за масовни собирања, овојпат учесниците на истиот своите лирски, печалбарски и патриотски ноти ќе ги пренесат на гледачите преку фреквенцијата на BalkanMusicTv (ФБ и Инстаграм), ФБ страната на “Лешочкиот Фолк Фест” и како видео проекција на отворената сцена во лешочкиот манастирски комплекс… На тој начин фестивалските рефрени ќе можат да ги следат и присутните верници и љубители на македонскиот фолклор. Во реализација на “Арт студио” – продукција се снимаа нумерите кои беа избрани за годинешното издание. Истите ќе ги исполнат многу познати и признати музички имиња од македонската фолк сцена – буквално од сите генерации, на големо задоволство на организаторот и публиката. Ова издание ни носи 11 сосем нови авторски композиции и 9 успешни хитови од изминатите изданија кои останаа во срцата на публиката. Преносот на ова ретроспективно јубилејно издание ќе можете да го следите на 27 август 2020 г. во пресрет на големиот христијански празник “Успение на Пресвета Богородица”. За текот на програмата ќе биде повторно задолжена шармантната водителка Ирена Спировска, а изведувачите ќе ги прати фестивалски оркестар. Вреди да се спомене дека низ сите овие години организатор на оваа единствена и автентична културна манифестација е здружението за негување на македонскиот фолклор и традиција “Источник”, здружение кое и во иднина ќе се труди да остане доследно на целите во кои верува и си ги поставува секогаш пред себе. Се со надеж дека на следното издание повторно ќе се разлее звукот на новосоздадената македонска песна низ гордиот манастирски комплекс на магичната лешочка природа, со публика собрана од сите страни на светот, горда на празникот, фолклорот и сплотеноста.]]>