сузана спасовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сузана спасовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љупчо Соколовски – уметнички директор на фолк вечерта на „Охрид фест 2023“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди, а ревијалниот дел резервиран за Сузана Спасовска https://arhiva.vistina.com.mk/lupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecherta-na-ohrid-fest-2023-jubilej-vo-znak-na-golemi-zvezdi-a-revijalniot-del-rezerviran-za-suzana-spasovska/ Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315020

Големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“ го дочекувате како и минатата година, на позиција - уметнички директор на Фолк вечер. Претпоставувам, продолжува вашата заложба на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет... -Да, како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 1 септември се во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап. По што ова издание ќе биде посебно? Како е замислена Фолк вечер, ќе има ли ревијален дел, ги откривате ли сите адути?  Како што спомнав, ќе видиме доста познати пеачи што ќе изведат нови 20 песни . Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување. Kолку е тешко да се обезбеди квалитетно пејачко име на фестивал? И, дали со добри песни може да се „одбрани“ фолкот кај нас? - Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, година ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест  2023“ на МТВ.]]>

„Македонијо во срце те носиме“ овој пат со „Народе македонски“ оптеана од златното грло на Сузана Спасовска (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-vo-srtse-te-nosime-ovoj-pat-so-narode-makedonski-opteana-od-zlatnoto-grlo-na-suzana-spasovska-video/ Wed, 09 Aug 2023 11:18:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313161

„Народе македонски" е една од оние песни кои во себе носат моќна порака, но и голема вистина за трагичното минато на нашиот народ. Создадена е во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани што биле извршени врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени биле повеќе од 200 загоричани, а селото било целосно уништено. Верзијата што во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува Николче Мицевски, а ја отпеа златно грло Сузана Спасовска е всушност правена според снимката во изведба на Симеон Гугуловски. „Песната „Народе македонски“ во досегашните изведби може да се најде во две верзии. Оваа верзија е обновена според снимката на Симеон Гугуловски, која познатиот македонски тенор, првенец на Македонската опера ја пееше во 1989 година. Ја одбравме бидејќи песната има голема порака за овој народ кој е сардисан од сите страни. Дава поттик за будење и осознавање во едно време – невреме и желба со сите сили да се зачува родното огниште, изворот. Песната вели дека слободата на човекот и правдината што ја бара сѐ она што е поважно од сите пари и богатства на овој свет. Со аранжманското видување се доближува до младата генерација, која во последно време со полно срце ги прифаќа старите македонски песни и ги пее во сите прилики, за што посебно се радувам. Задоволството е големо да се биде дел од овој проект со преубави песни со патриотска тематика, кои национално ќе го разбудат овој спокоен и мирен народ, чијашто добрина ја користат сите, но не знаејќи го најважното, дека со пиреј тешко се излегува на крај“, вели Спасовска. Видеото за „Народе македонски“ во изведба на Сузана Спасовска е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова. Уживајте во изведбата на Сузана Спасовска и очекувајте го стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во гласот на Сузана Спасовска и нејзината верзија на „Народе македонски“: ]]>

Сузана Спасовска стана баба – еве какво име доби нејзината внука https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-spasovska-stana-baba-eve-kakvo-ime-dobi-nejzinata-vnuka/ Fri, 02 Oct 2020 06:57:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169501

Македонската пејачка Сузана Спасовска стана баба за првпат. Имено, се породи нејзината ќерка Теона и на свет донесе девојче за кое го одбра името Клара. Ново печената мајка на својот „Фејсбук“ објави дека 30 септември е најсреќниот ден во нејзиниот живот. „Денес, на овој убав празник се роди нашата принцеза Клара. Биди ни жива и здрава, те сакаат мама и тато Viktor Vic Velkovski бескрајно“, напиша Теона.
Среќната и радосната баба се огласи на својот „Фејсбук“ пишувајќи: Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, среќна, насмеана, распеана и од Бога благословена. Ти благодарам Боже! Сузе за ммс.мк вели дека вечерта (30.09.2020) кога се пораѓала  Тона не можела да спие од стрес, но и од среќа. „Прво, нормално бев под стрес додека да се роди, да помине се како што треба, а потоа не можев од возбуда, од едно чувство на среќа кое не се опишува. Седев дома и чекав да ми се јават кога ќе се роди бебето. Прво плачев од неизвеснот, а кгоа ми се јавија дека Клара се родила и дека се во ред, уште повеќе продолжив да плачам од среќа. Какви емоции се тоа, не се опишува“ вели пејачката за ммс.мк Потсетуваме, претходната година во октомври Теона заплива во брачните води со Виктор Велковски, а на  свадбата највесела беше нејзината мајка. Честитки, да е жива и здрава ќерката, внуката! ]]>

Годинава едно поинакво издание на „Лешочкиот фолк фест 2020” https://arhiva.vistina.com.mk/godinava-edno-poinakvo-izdanie-na-leshochkiot-folk-fest-2020/ Wed, 26 Aug 2020 08:38:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164771

Во природа која прегрнува и смирува, во духовно опкружување од манастирскиот комплекс на “Св. Атанасиј” и “Пресвета Богородица”, со целосна верба и посветеност на фестивалските директори Борче Брзанов и Сузана Спасовска, „Лешочкиот Фолк Фест” оваа година ќе го проследиме во малку поинакво издание. Поради ситуацијата со пандемијата и забраната за масовни собирања, овојпат учесниците на истиот своите лирски, печалбарски и патриотски ноти ќе ги пренесат на гледачите преку фреквенцијата на BalkanMusicTv (ФБ и Инстаграм), ФБ страната на “Лешочкиот Фолк Фест” и како видео проекција на отворената сцена во лешочкиот манастирски комплекс… На тој начин фестивалските рефрени ќе можат да ги следат и присутните верници и љубители на македонскиот фолклор. Во реализација на “Арт студио” – продукција се снимаа нумерите кои беа избрани за годинешното издание. Истите ќе ги исполнат многу познати и признати музички имиња од македонската фолк сцена – буквално од сите генерации, на големо задоволство на организаторот и публиката. Ова издание ни носи 11 сосем нови авторски композиции и 9 успешни хитови од изминатите изданија кои останаа во срцата на публиката. Преносот на ова ретроспективно јубилејно издание ќе можете да го следите на 27 август 2020 г. во пресрет на големиот христијански празник “Успение на Пресвета Богородица”. За текот на програмата ќе биде повторно задолжена шармантната водителка Ирена Спировска, а изведувачите ќе ги прати фестивалски оркестар. Вреди да се спомене дека низ сите овие години организатор на оваа единствена и автентична културна манифестација е здружението за негување на македонскиот фолклор и традиција “Источник”, здружение кое и во иднина ќе се труди да остане доследно на целите во кои верува и си ги поставува секогаш пред себе. Се со надеж дека на следното издание повторно ќе се разлее звукот на новосоздадената македонска песна низ гордиот манастирски комплекс на магичната лешочка природа, со публика собрана од сите страни на светот, горда на празникот, фолклорот и сплотеноста.]]>

Слушнете ја новата песна на Сузана Спасовска, ќе биде хит на македонските свадби https://arhiva.vistina.com.mk/slushnete-ja-novata-pesna-na-suzana-spasovska-kje-bide-hit-na-makedonskite-svadbi/ Fri, 12 Jun 2020 11:10:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153502

Сузана Спасовска ја објави својата нова песна која сигурно ќе биде хит на македонските свадби. Истата е насловена како „Девере, девере“. Текстот за песната Сузе си го напишала сама, а за музиката е задолжен Слаѓан Станишковски. Уживајте: ]]>

Сузана Спасовска изворната – „Да сум бистра вода“ ја промени во модерна музичка руба (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-spasovska-izvornata-da-sum-bistra-voda-ja-promeni-vo-moderna-muzichka-ruba-audio/ Fri, 13 Mar 2020 14:20:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139401

Нејзиниот глас  долги години ги маѓепсува сите четири страни на светот штом ги запее “Јано севдалино”, “Параходот”, “Ајде сонце зајде”. Неа со право легендарната Васка Илиева и го остави аманетот да ја разлева македонската народна песна секаде каде ќе зачекори, прогласувајќи ја за своја наследничка, а таа до ден денешен, успешно тоа го исполнува. Со музичко искуство на кое може секој да и позавиди, Сузана Спасовска е веќе седум години солист првенец на националниот ансамбл „Танец“, со кој ја презентира македнската песна и фолклор насекаде низ светот. Но Сузе - „национале“ не застанува само тука, туку паралелно продолжува да ја турка и својата соло пејачка кариера која трае повеќе од 30 години. Токму со својот пријател и долгогодишен соработник Сашо Ливрински ја облекоа „Да сум бистра вода” во една нова модерна „музичка руба”. Со помош на Љупчо Павловски во студиото „Анастасија“, Бобан Василески (соло гитара) и видео концептот за аудиото (DVisualArt), песната се збогати со моќност, разновидност и јачина, а низ сето тоа сепак ни одѕвонува препознатливиот автентичен вокал на Сузе. На тој начин е задржана основната линија на нумерата која со додавањето на модерен звук ќе биде прифатлива за помладата публика кај нас, но и надвор од границите. Истовремено се размислува и за видеозапис кој Спасовска сака добро да го осмисли и реализира за да се разликува од другите, како што е впрочем и самата таа. Слушнете во продолжение како звучи новата модерна верзија на легендарната македонска изворна песна  „Да сум бистра вода” во изведба на Сузана Спасовска: ]]>

Сузана Спасовска: „Никогаш не сум била мажена, Теона е дете на човек со кој што бев во врска“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-spasovska-nikogash-ne-sum-bila-mazena-teona-e-dete-na-chovek-so-koj-shto-bev-vo-vrska-video/ Wed, 25 Dec 2019 07:57:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125772

Македонската пејачка Сузана Спасовска беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ каде што проговори за својата музичка кариера, за Нова година, за нејзините почетоци, приватниот живот. Таа во емисијата истакна дека доколку за крајот на 2019 година не е работно, би сакала да го помине некаде мирно или пак дома во пижами. Сузе во „Живот со стил“  раскажа и една случка која е се случила пред неколку години и таа Нова година ја памети како една од најтешките. „Сите за Нова година сме расположени, среќни. А ние пејачите треба да бидеме расположени  и среќни. Се случи пред неколку години кога тргнавме на пат за Сиднеј каде што требаше да пееме за Нова година и тргнавме 3 дена пред нова година. Имаше многу магла, не се знаеше дали ќе полетаме.  Со куферите натака – навака...И на крај полетавме, но веќе во Истанбул, не можеме понатаму, моравме да преспиеме. Преспавме, од Истанбул заминавме во Хонг Гонг, а од таму директно во Сиднеј. Ние стигнавме вечерта во 18ч пред Нова година. Луѓето започнаа да се собираат во салата, а  ние имавме време само да се истушираме.  Тоа беше најтешката Нова година, кога требаше да бидам насмеана, а бев уморна, нерасположена. Дадовме се од себе“ вели Сузе. Еден од најважните денови на Спасовска во 2019 беше денот кога ја омажи својата ќерка Теона. „Теона е многу добар организатор. Повеќето работи сама си ги направи, заедно со момчето. Меѓутоа, јас сум секогаш тука кога треба да се помогне, а најмногу треба да се помогне кога треба да се плати. Сите работи ги правевме заеднички,се договаравме. Свадбата помина прекрасно, не очекував дека толку лесно ќе помине. Не го почувствував напорот на тој ден“ вели пејачката. Сузе откри дека најголема поддршка и се нејзините родители кои ја чувале Теона додека пејачката имала настапи. Суза во емисијата откри дека никогаш не била разведена поточно дека никогаш не била во брак. „Никогаш не бев омажена. Јас не сум имала брак, ниту во мојот ум не постои тој збор. Ако некој се сака, може да се сака и без брак. Јас не бев мажена, Теона е дете на човек со кој што сум била во врска, човек кој што замина кога Теона имаше една година и до денес ја нема видено,ниту прашано дали треба нешто. Јас и Теона си живеевме еден наш убав и мирен живот. Во тој период кога бев со тој човек не се омажив, но Теона е признаено дете. Во нејзиниот извод пишува кој е таткото“ вели Спасовска. Суза истакна дека би сакала да оствари во улогата на баба, но вели дека се уште е рано. Исто така, пејачката откри дека во периодов не е заљубена. ]]>

Ја дочека најголемата среќа: Сузана Спасовска ја мажи ќерката! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-docheka-najgolemata-srekja-suzana-spasovska-ja-mazi-kjerkata-foto/ Thu, 05 Sep 2019 07:10:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105181

Секој родител посакува да го дочека денот кога своето чедо ќе го омажи или ожени, а тоа време дојде и за фолк-пејачката Сузана Спасовска. Таа на својот профил на Фејсбук на своите пријатели и следбеници им откри дека нејзината Теона решила да заплови во брачните води, па им посака на сите родители да си ја дочекаат истата среќа. Е, да! Полека,полека си се спремаме за свадба.Има уште време.Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест 2019г.„Среќно мајкина“, пишува Сузе.
Токму мажачката на Теона ја инспирираше Спасоваска на неодамна одржаниот „Лешочки фолк фест 2019“ да ја отпее песната со наслов „Среќно мајкина“, а наедно да се зафати и со организацијата како директор на фестивалот.
Како што појасни, до свадбата на Теона и Виктор има време, а дотогаш им преостануваат уште многу возбудливи моменти и обврски околку големиот ден кои ќе им ги полнат срцата со среќа, задоволство и секако гордост за мама Сузе.]]>

Ќе има свадбени ѕвона: Ќерката на Сузана Спасовска кажа „да“ https://arhiva.vistina.com.mk/kje-ima-svadbeni-dzvona-kjerkata-na-suzana-spasovska-kaza-da/ Thu, 03 Jan 2019 07:55:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65798

Крајот на 2018та година, ќерката на фолкерката Сузана Спасовска ќе ја памети по нејзината свршувачка. Имено, Теона Спасовска на својот роденден поточно на 29 декември кажа „да“ и Новата година ја започна како свршеница на нејзиното момче Виктор Велковски.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ?. ????????? (@teonaspasovska) on

Теона го крие својот приватен живот од јавноста, но овојпат својата среќа ја сподели со нејзините пријатели на „Фејсбук“. „Кажав „да“ на мојот роденден“ напиша Спасовска на социјалните мрежи, а честитки пристигнаа од сите страни. На Теона и нејзиниот иден сопруг сега и преостануваат да го одредат датумот  на свадбата и да започнат со подготовките на истата.
За потсетување, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго. Честитки и се најубаво во заедничкиот живот... foto: printscreen/facebook]]>

Вака изгледа Теона – ќерката на Сузана Спасовска, која е главен лик во нејзиното ново видео – „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgleda-teona-kjerkata-na-suzana-spasovska-koja-e-glaven-lik-vo-nejzinoto-novo-video-dali-znaesh-ti-ramo-za-plachenje-video/ Mon, 10 Sep 2018 09:20:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47099

Македонската фолк дива, Сузана Спасовска има нова песна насловена „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“, која ја промовираше заедно со видеоспот. И тука нема ништо чудно ниту необично, ако се знае дека нашата „Сузе - национале“ е хиперактивна кога е музиката во прашање. Покрај работата во анационалниот ансамбл „Танец“, таа постојано нешто ново снима, објавува и промовира, а тука се и многубројните настапи на фолк пејачката.
Песната е симната од нматеријалот за новиот албум „Тагувам со насмевка“ од 2018 година, а како нејзин комплетен автор е потпишан Љупчо Чедомирски (музика, текст, аранжман), додека видеоспотот го изработила скаопската видеопродукција „Фабрика“ на Марјан Огненовски.
И кога сме веќе кај видеото, во него главната женска ролја, покрај самата Сузана се разбира, ја толкува токму нејзината ќерка Теона Спасовска, додека симпатичното момче во спотот се вика Виктор Пецев, а слатката бела пудлица Бофи.
Теона инаку речиси воопшто не се експонира во јавноста и не го продолжи патот на својата слабвна мајка, зашто воопшто не се занимава со пеење. Таа студира на Универзитетот „гоце Делчев“ во Штип, а во исто време работи и во една осигурителна компанија во Скопје.
Инаку, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе - Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.
Теона пак и самата по се' изгледа е вљубена, зашто неодамна на својот Фејсбук профил постираше фотографија на која е сликана со момче по име Виктор Велковски, за кого напишала: „Некои луѓе цел живот го бараат она што јас го најдов во тебе“ - споделувајќи срценце покрај постот!
Погледнете како глуми Теона во најновото видео на нејзината мајка Сузана Спасовска, насловено „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“: https://www.youtube.com/watch?v=BR5CXmYjz6c&feature=youtu.be  ]]>